LinkedIn објава на Unipromet d.o.o. за автопатот Кичево - Охрид, српска фирма, специјализирана за еластични одбојни огради:
„Директно од терен | Автопат Кичево - Охрид
На еден од најзначајните инфраструктурни проекти во регионот, работите напредуваат со интензивно темпо на Делница 1 од Кичево до Подвис и Делница 5 од Требеништа до Охрид, каде што Unipromet е задолжен за испорака на приближно 38 километри челични заштитни огради.
Од производството во нашите производствени капацитети, преку логистиката и транспортот, па сè до монтажата на терен реализирана во соработка со локални партнери, секоја фаза од проектот е насочена кон иста цел: подобрување на безбедноста и сигурноста на патната инфраструктура.
Ваквите проекти претставуваат многу повеќе од поставување опрема.
Тие се резултат на знаење, искуство и посветеност на луѓето кои секојдневно работат на терен, придонесувајќи со својот ангажман за реализација на големи инфраструктурни системи низ регионот.
Горди сме што сме дел од проект кој ќе ја унапреди поврзаноста, безбедноста и севкупниот квалитет на транспортната инфраструктура во Македонија.“




Обиколница на Ботун:
https://maps.app.goo.gl/ToBEWBwRwfQUpU8z5
https://maps.app.goo.gl/MEpXvhKCVKZPtEdq5
На Skyscrapper City беа закачени три видеа од дрон кои покриваат три секции од Кичево - Охрид автопатот (линкови подоле) од тунелите под Пресека до крајот на овој проект над Кичево каде треба да се приклучи Кичево-Букојчани.
Ако не се лажам беше пријавено по медиумите 14 галерии по целата делница треба да се изградат за нестабилните косини, од овие три видеа можам да видам дека од Кичево до тунелите треба да бидат изградени 8-9 галерии од кои три се изградени. Значи треба да изградат уште 5-6 галерии на тој дел. Дополнително се гледа дека клучката за јужниот влез/излез од Кичево уште не е изграден (само земјените работи изгледаат завршени), така да од Кичево до тунелите не верувам дека ќе биде пуштено годинава.
Од другата страна на тунелите тоа остава 5-6 галерии кои требаат да се изградат кај Ботун.
https://www.youtube.com/watch?v=wsqJTvwi3qE
https://www.youtube.com/watch?v=zXrVSP8oasw
https://www.youtube.com/watch?v=lP8tlHxNVr0
@mirakuliks Годинава околу октомври во употреба ќе се пушта делницата од село Извор до село Врбјани.
Делниците Кичево-Врбјани и обиколницата околу Ботун имаат рок за завршување до 31 мај 2027.
Затоа малку не би беше јасно зошто трите галерии што се изградени една по друга се одма пред тунелот.
Оваа делница е покриена во првото видео и се гледа дека имаат уште една галерија да изградат, која ќе биде првата после клучката за извор од каде претпоставувам ќе се влегува од сегашниот регионален пат. Исто се гледа дека има уште да се довршува работа на самата клучка.
На оваа галерија (а и таа пред клучката) се гледа дека се започнати со градба.
Еве три кадри од првото видео (сите три со поглед од Кичево према Охрид) каде ги имам обележано овие:
Тоа остава 4 до 5 галерии од јужниот излез за Кичево до клучката Извор да се изградат и тие 5-6 галерии кај Ботун.
Тоа што немам информација до каде е контролниот центар за тунелите.
контролниот центар за тунелите.
Контролниот центар за тунелите треба да биде готов до месец октомври поради тоа што тунелите се дел од делницата Извор-Врбјани.
Тоа значи контролниот центар ќе биде готов за максимум два месеци. Воедно и истиот контролен центар ќе ги контролира тунелите на идната автопатска делница Кичево-Букојчани.
Што се однесува до клучката Извор, веќе активно се вршат ископи кај село Извор за да се направи пристапен пат до клучката и динамиката одговара со рокот до месец октомври.
На оваа слика го споделувам планот за клучката кај село Извор:
Пред пар недели беше прикачено на sky scrapper city ново видео од дрон на делот од влезот на тунелите под пресека до клучката кај Извор:
https://www.youtube.com/watch?v=st36C1w0cUo&t=4s
Се гледа некој напредок на три клучни точки. Прво прите две релевантни за најавите дека овој дел ќе се отори во Октомври.
Тргајќи од клучката кај Извор се гледа дека има напредок во асфалтирањето на дел од простапните патишта во Извор кон клучката, специфично дадениот крушен ток под мостот коле е веднаш по вклучувањето од Извор према Охрид:
Потоа првиот проблематичен засек од вклучувањето од Извор кон Охрид делува дека е решен не со галерија туку со шипови во засекот и допонителен потпорен ѕид над шиповите:
Наредните три проблематични засеци потоа до тунелите се решени со галерии кои ид првото видео од почеток на јули се гледање дека се готови и на новово видео се гледа дека се пополнуваат со земја одозгора.
Е сега очигедно е од сликата погоре дека уште многу земја треба да се одстрани од засекот решени со шипови (под услов да ова решение навистина да ја држи земјата и да не треба да се гради галерија) и клучката кај извор иако делува тампонирана треба да се асфалтира и уреди со банкини и сл. Јас би бил пријатно изненаден ако навистина ова се среди и направи до крај на Октомври како што најауваат властите.
Како и да е фино е да се види дека галеријата кај првиот проблематичен засек пред клучката кај Извор е 20-25% изградена. во рок од некои 5-6 недели.
Подоле према Кичево од претходните виеа се гледа дека има уште дополнителни 3 проблематични засеци од кои тој непосредно после јужната клучка кај Кичео делува посебно проблематичен каде голем дел од првично ископаниот засек е падната на патот. Како и да е тоа се веројатно уште 4 галерии вкупно помеѓу клучката Извор и јужната клучка на Кичево. Но ова не е итно бидејќи и самата клучка кај Кичево нема абер.
Нажалост немам фотографски или видео материјал од ситуацијата кај Ботун за да се види колку проблематични засеци се таму и колку потенцијални галерии ќе се градат таму.
Нажалост немам фотографски или видео материјал од ситуацијата кај Ботун за да се види колку проблематични засеци се таму и колку потенцијални галерии ќе се градат таму.
Делот кај Ботун ќе се решава исто така со шипови. Колку што знам на обиколницата на Ботун нема да има галерии. Можда една ама таму се повеќе косини проблематични.
Прогресот кај с. Извор, клучката и целата делница е реално доста импресивна во последниве два месеца. Секогаш кога поминував сериозно се работеше за да се спои новата клучка со сегашниот државен пат А2.
Еве баш зачував слики пред некој ден од Copernicus од делницата Извор-Врбјани и веќе и на сателит се гледа дека асфалтираат и дека прогресот е со доста сериозно темпо. До 15 октомври јас стварно очекувам да ја пуштат делницава.
Делницата Извор–Врбјани од автопатот Кичево–Охрид ќе биде пуштена во употреба најдоцна за два месеци, како што најави министерот Николоски вчера во гостување на ТВ Алфа.
Според тоа, веројатно можеме да очекуваме делницата да биде отворена кон крајот на октомври.
Делницата долга околу 10 километри вклучува вијадукти, мостови, четири галерии и двата најдолги патни тунели во Македонија, со должина од околу 1.990 и 2.100 метри. Тунелите ќе бидат опремени со современи системи за рано откривање и предупредување од пожар, системи за контрола на сообраќајот, противпожарни врати и системи за вентилација.
Што се однесува до делот кај Ботун, за кој досега немавме многу информации, министерот исто така го спомена вчера.
Ботун е една од најсложените преостанати точки поради нестабилното земјиште и големите количества подземни води. Инженерите вршат дупчења до длабочина од 24 метри и поставуваат повеќе од 5.000 армирано-бетонски колови за стабилизирање на теренот. За изведување на работите од странство се донесени пет специјализирани машини.

















