Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
УКИМ-Довршување на ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

УКИМ-Довршување на зградите на ФИНКИ

4 Написи
1 Корисници
2 Реакции
393 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#847]

Во најава е довршување на двете згради за кои е одлучено да му припаднат на ФИНКИ а за Факултетот за физичка култура ќе се врши градба или доградба на постојната локација.

Вест од 06.02.2026

(ВИДЕО+ФОТО) По една деценија ќе се доградуваат зградите на ФИНКИ



Изградбата на двете згради кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), кои се наменети за потребите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), би можела конечно да биде завршена по речиси една деценија застој.
Проектот за доградба на објектите со години е симбол на недовршени инфраструктурни вложувања во високото образование. Зградите започнаа да се градат со цел да обезбедат современи услови за настава, истражување и практична работа за студентите и академскиот кадар на ФИНКИ, но работите беа прекинати и оставени во мирување.
На последниот брифинг со новинари, министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека Министерството планира да го реактивира и конечно да го реализира овој долгогодишен проект. Според неа, завршувањето на објектите е значајно за подобрување на условите за студирање и развој на информатичките науки во државата.
Од Министерството за образование и наука информираа дека во петокот, на 30 јануари, истекол рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, по што се очекува избор на изведувач и почеток на реализацијата.

Како што посочи професорот Горан Марковски, при проверката на состојбата на недовршените објекти, било забележано значително ниво на карбонизација на бетонот, што укажува на сериозно загадување во тој дел од градот.
Во толку кус период од десетина години имаме толку голема карбонизација навлезена во длабочината на бетонските елементи. Има и на мостовските конструкции, кои се изложени на надворешни влијанија, но тоа е процес кој треба да трае стотина години. А овде имаме за само десет години. И од научна гледна точка за нас тоа е интересен податок и потврда за тоа колку во Скопје е загаден воздухот“, додаде проф. д-р Марковски.

Според Марковски, на одредени делови од објектите е констатирана невообичаено изразена карбонизација, предизвикана од комбинација на влага и зголемена концентрација на јаглерод диоксид. Тој истакна дека овој процес може негативно да влијае врз конструкцијата, односно да предизвика корозија на арматурата и додаде дека двата објекти ќе бидат подземно поврзани со паркиралиште, бидејќи се работи за еден факултет.

„Сега треба да се најде проектант, а потоа изведувач и да ги доврши работите: проектната задача е доста обемна од сите аспекти. Дадени им се одредени насоки на идните проектанти каде треба да се движат во однос на архитектонскиот облик, но се разбира не премногу детално, зашто на проектантот треба да му се даде слобода“, додаде проф. д-р Марковски.

[ https://fokus.mk/video-foto-po-edna-detsenija-ke-se-dograduvaat-zgradite-na-finki/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

03.02.2026

Недоградените факултетски згради во дворот на УКИМ, првично замислени со барокни фасади, кои требаше да ги вдомат факултетите за физичка култура и за информатички науки - ФИНКИ, ќе се доградат. Стручно тело составено од градежници и архитекти одлучија дека тие ќе се довршат, но без барок, со изменет распоред и инсталации и ќе се спојат, а во двата објекти ќе се смести само ФИНКИ. Телото смета дека двата објекти не се осмислени соодветно за да можат да ги сместат двата факултета и да ги задоволи нивните потреби.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1573706234759639&set=pcb.1573706261426303 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

250 илјади евра грант од Шпанија за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование
објави Скопје1.мк

Министерството за образование и наука доби грант од 250 илјади евра од Шпанија, средства што ќе бидат вклучени во финансиската конструкција за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека добиената финансиска поддршка ќе придонесе за побрзо започнување и завршување на проектот.

Договорот за грантот денеска е потпишан со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз и со вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) за целни земји, Томаш Бочек. објави Скопје1.мк

Јаневска упати благодарност до шпанската страна и до ЦЕБ за поддршката и соработката во унапредувањето на образовната инфраструктура.

Според министерката, подобрувањето на инфраструктурата е значаен услов за обезбедување поквалитетно образование. објави Скопје1.мк

https://skopje1.mk/250-iljadi-evra-grant-od-shpanija-za-izgradba-na-novite-objekti-na-finki-i-ffosz



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Проектот за доградување на двата објекта наменети за ФИНКИ, во близина на Ректоратот на УКИМ, е при крај и се очекува да биде завршен во ноември по што ќе биде распишан тендер за изведувач и да почне изградбата.

Покрај двете згради што ќе ги добие Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ќе се доградува и објект наменет за Факултетот за физичка култура (ФФК) за кој првично беше наменет еден од двата објекти кај Ректоратот. Овој објект ќе се гради на локацијата каде што и сега се наоѓа ФФК.

- Го видовме идејното решение. Проектот е пред крај. Дополнително, имаме донација од шпанската влада и експерт кој исто така учествува во работата за финиширање на овој проект. Јас очекувам проектот во ноември да биде комплетно готов. Штом ќе биде готов, веднаш ќе распишеме тендер за изведувач, односно да се почне со градба на овие две и на уште една, трета зграда - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Машинскиот факултет по повод Европската ноќ на истражувачите.

Како што беше претходно соопштено, двете згради за ФИНКИ ќе бидат поврзани со мост. Јаневска потсети дека во изминатата година се работеше на репроектирање за да се направи современ проект за двата објекти, кои повеќе од 10 години стојат недоградени.

- Беа оставени на забот на времето. Мораше да се направи анализа со помош на факултетите од УКИМ - за што сум им благодарна, професорите работеа про боно. По таа анализа, ние распишавме повик за фирма за да направи нов проект - додаде Јаневска.

https://www.facebook.com/sitelmk



   
ОдговорЦитат
Сподели: