Во оваа нишка ќе го следиме процесот на изградба на градинки во градовите низ Македонија.
Расадник добива модерна и современо опремена градинка!
Заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршивме увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“.
Она што го ветивме, веќе станува реалност. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува капацитет за нови 120 дечиња од нашата општина.
Инвестицијата од 60.000.000 денари, обезбедена во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка од Владата, ја придвижуваме со засилено темпо. Во моментов се уредува фасадата, по што следи поставување на подните подлоги, со цел дечињата час поскоро да влезат во нови современи простории за игра и учење.




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1541312221335947&set=pcb.1541312571335912 ]
Срушена до темел градинката „Пролет“ во Козле – ќе се гради нов објект


Стариот објект на градинката „Пролет“ во Козле, позната и како „Пролет – Канела“, е срушен до темел, а на негово место треба да се гради нова детска градинка. Со тоа почнува нова фаза во еден од најважните локални проекти за згрижување деца во Општина Карпош, каде со години се укажува на недостиг од места во градинките и на потребата од современи, безбедни и енергетски ефикасни објекти. Проектот беше почнат од минатите власти во општината а сега се реализира.
Општината претходно најави дека, по реконструкцијата и изградбата на нови објекти во други населби, следува и целосно нов објект на градинката „Пролет“ во Козле, односно објектот познат како „Пролет – Канела“. Во официјална објава на Општина Карпош беше наведено дека, по „Мајски цвет“, се очекува да се урне „Пролет“ кај Канела и да се изгради нова градинка во Козле.
Градинката „Пролет“ е една од поголемите предучилишни установи во Карпош. Според податоците објавени од Општина Карпош, установата згрижува вкупно 750 деца во повеќе објекти. Меѓу нив се матичниот објект во Козле, „Пролет 2“ на улицата „Милан Марковиќ“, „Сончогледи“ во Влае и клонот „Бумбарче“. На истата општинска страница е наведено дека објектот во Козле има 236 деца, што покажува дека секоја интервенција таму директно засега голем број семејства.
[ https://racin.mk/vesti/srushena-do-temel-gradinkata-prolet-vo-kozle-ke-se-gradi-nov-objekt/ ]
После долги 30 години во Кавадарци се изгради нова градинка.
Почеток на градба - 2019
Пуштена во употреба - 2021








Започна изградбата на новата градинка „Пролет 2“ во Козле!
Општина Карпош започна со изградба на нов, современ објект на градинката „Пролет“ – објект „Пролет 2“, на ул. „Милан Марковиќ“.
Новата градинка ќе биде изградена според современи стандарди, со:
капацитет за 130 деца
1.156 м² изградена површина
простор за игра и зелени површини од 1.949 м²
седум занимални, сензорна соба, зелена кровна тераса и современи придружни простории
Инвестицијата изнесува 137,2 милиони денари, обезбедени преку јавен повик, со поддршка од Владата. Рокот за реализација е 120 дена.


[ https://www.facebook.com/OpstinaKarpos ]
Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршивме увид во градежните активности за изградба на новата детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница
Новиот современ објект ќе се простира на 1.360 м², ќе биде изграден на приземје и еден кат и ќе обезбеди простор за згрижување на 150 деца. Ќе располага со 10 современо опремени занимални – две за јасли и осум за децата од предучилишна возраст. Вредноста на инвестицијата изнесува 147 милиони денари, средства обезбедени преку вториот повик на Владата, а рокот за изградба е 18 месеци.




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1052305283848053&set=pcb.1052307713847810 ]










