Во оваа нишка ќе го следиме процесот на изградба,доградба на училишта и други образовни институции низ државата за кои не се издвоени посебни теми.
Реконструкција на ОУ Блаже Конески - Аеродром
Фаза 1 завршена


Фаза 2( почеток јануари 2026)




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1436788117803110&set=pcb.1436788964469692 ]
СО 5 МИЛИОНИ ЕВРА ПАРИ ОД ВЛАДАТА И ЕУ РЕНОВИРАН Е РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ „МОША ПИЈАДЕ“ ВО ТЕТОВО
Заврши реконструкцијата на Регионалниот центар за стручно образование и обука (РЦСОО) „Моша Пијаде“ во Тетово. На училиштето, познато кај тетовци како Земјоделско училиште, обновена му е фасадата, реконструирани и опремени се училниците како и работилниците каде се одвива стручната настава со што од, до пред некоја година, запуштено училиште денес тоа спаѓа во редот на најопремените стручни средношколски образовни установи во државата.
На предавањето во употреба на објектот присуствуваа примерот Христијан Мицковски, министрите за образование и економија, евроамбасадорот Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово Билал Касами и лица од образованието.
„Ве замолувам ова училиште повеќе да не се идентификува како Земјоделско училиште, бидејќи тоа денес станува едно од најразвиените и најмодерните Регионални центри за професионално образование во државата. Во него нашите деца ќе можат да се подготвуваат од професионален аспект за да, кога ќе го завршат образованието, да бидат подготвени за пазарот на трудот“, изјави тетовскиот градоначалник Билал Касами.
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово е еден од осумте Регионални образовни центри кои Македонија треба да ги има, од кои седум се изградени а три се комплетно во функција. За неговата реконструкција на РЦОО „Моша Пијаде“ од Тетово потрошени се речиси 5 милиони евра, средства обезбедени од Владата и од Европската Унија.




https://www.facebook.com/media/set/?vanity=MickoskiHristijan&set=a.1536831674465420&locale=mk_MK
Втората фаза од реконструкцијата на ОУ Блаже Конески во која се доградуваат нови училници и нова мини спортска сала


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=946772511236598&set=pcb.946772704569912 ]
Премиерот Христијан Мицкоски и Градоначалникот Александар Георгиевски извршија увид во изградбата на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“
Во посета на општина Илинден беше премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и пратеничката Драгана Бојковска, извршија увид во тековните градежни активности за изградба на нова училишна зграда во рамки на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во н. Илинден.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека со реализација на проектот ќе се создадат услови за унапредување на воспитно-образовниот процес, овозможувајќи современо, инклузивно и интегрирано образование, каде учениците ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и практични вештини.
Министерката Јаневска нагласи дека проектот е од исклучително значење, бидејќи едносменската настава дава голем број придобивки, како за самите ученици, така и за наставниот кадар и за родителите.
Премиерот Мицкоски посочи дека Општина Илинден, како една од најбрзорастечките општини, континуирано реализира проекти од суштинско значење за локалното население, што се потврдува и преку нивната силната и континуирана поддршка.
Со изградбата на новиот објект ќе се овозможи над 1000 ученици да ја следат наставата во една смена, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за учење и создавање инклузивна и современа образовна средина. Објектот ќе зафаќа површина од над 900 м² на два ката, со 10 училници, 6 тоалети, од кои 2 се наменети за лицата со посебни потреби, лифт за нивна непречена мобилност, 2 простории за складирање и наставничка канцаларија.




[ https://www.facebook.com/OpshtinaIlinden ]
Дневен центар за лица со посебни потреби во Кавадарци.
„Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари со вклучен ДДВ. Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди 90% од средствата, а Општината Кавадарци 10%. Вредноста на опремата во Дневниот центар се проценува на 1.720.440 ден. со вкучен ДДВ, износ кој во целост ќе биде обезбеден од страна на Министерството“ рече Тренчевска.



Со инвестиција од 36,7 милиони денари на Владата, Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров се проширува капацитетот на основното училиште „Страшо Пинџур“. Се доградува нов објект со површина од 700 квадратни метри кој ќе има 6 училници и тоалети и со тоа ќе се создадат услови за едносменска настава во следната календарска година.





[ https://www.facebook.com/obrazovanieinauka ]
При крај изградбата на дневниот центар за лица со посебни потреби во Кавадарци ( овој центар ќе биде во функција на цела тиквешија )

Денес заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Аеродром Дејан Митески поставивме камен темелник за доградба на шест нови училници во склоп на ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Ова е важна инвестиција во вредност од 73 милиони денари, финансирана преку вториот јавен повик од Владата за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, која ќе обезбеди подобри услови за настава и подобар квалитет на образованието за децата од оваа населба.




[ https://www.facebook.com/profvesnajanevska ]
камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место Волково- Орман, Општина Ѓорче Петров.



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1583281059820481&set=pcb.1583282486487005 ]
АЛБАНСКА БИБЛИОТЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ НАД ПЛОШТАДОТ „СКЕНДЕРБЕГ“ Еве како ќе изгледа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Албанска библиотека.
Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој.
– Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир – изјави Меџити.
Најавата беше дадена за време на прес-конференцијата по повод затворањето на Саемот на албанската книга во Скопје, каде градоначалникот Меџити ја претстави иницијативата за формирање Албанска библиотека како проект од особено значење за културниот и образовниот развој на заедницата.
[ https://plusinfo.mk/albanska-biblioteka-e-se-gradi-nad-ploshtadot-skenderbeg-eve-kako-e-izgleda/ ]
Денеска присуствував на поставување на камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров.
Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во општината.



[ https://www.facebook.com/profvesnajanevska ]
УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ,,ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСНА ИЛИ МЕНТАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ'' КОЈ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА.


https://www.facebook.com/share/v/1EdKhsxx6o/
Напредува доградбата на „Ацо Шопов“

Со одлична динамика напредува надградбата на основното училиште „Ацо Шопов“. Од Општина Бутел информираат дека во заедничка соработка со Министерството за образование и наука биле надминати проблемите со кои се соочиле при изведба на новата надградба на училиштето.
-Новиот објект ќе содржи нови четири училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории. Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на нашата општина за обезбедување на најдобри услови за нашите деца. Ваквите капитални инвестиции се приоритетни и со тоа се исполнуваат ветувањата пред граѓаните на нашата општина – потенцираат од локалната самоуправа.
[ https://www.vecer.press/napreduva-dogradbata-na-aczo-shopov/ ]


