МИЦКОСКИ ИЗВРШИ УВИД ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА КОЕ УШТЕ Е ВО КАРАБИНА, НО НЕ ВЛЕЗЕ ВНАТРЕ

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска денеска во населбата Буковски Ливади во Битола извршија увид во реконструкцијата на училиште кое сѐ уште е во фаза на карабина. При посетата Мицкоски не влезе во стариот објект што се реконструира, а претходно беше запуштен и руиниран.
Од реконструктивниот зафат досега се ставени плоча, покрив и некои други реконструкции и зацврстување на градбата. Но, градбата уште има оштетувања, односно дел од тулите однадвор и внатре се изронети, нема прозорци, врати, инсталации, плочки, санитарии и друго.
Претставниците на локалната власт најавија дека изградбата на школото ќе биде завршена до крајот на оваа година.
Реконструкцијата започна во мај годинава, по пет години откако градоначалникот Тони Коњановски пред првиот мандат, на локалните избори во 2021 година, вети изградба на ново училиште во населбата Буковски Ливади. Ова е негов втор мандат кој почна во октомври 2025, а училиштето сега се гради со средства од унгарскиот кредит на Владата.
„Во тек се градежни активности со кои се реконструира еден стар објект кој ќе биде подрачно на Основното училиште ‘Коле Канински’. Досега децата од 5-то до 9-то одделение одеа во централното училиште, а заложбата е дечињата да останат да учат во населбата каде што живеат. Објектот е на 2 ката со вкупно 5 училници, заеднички простории, санитарни јазли библиотека и друго, вкупна површина од над 400 квадратни метри, вредност на договорот е 31.470.000 денари (околу 510.000 евра – н. з.) средства обезбедени преку Владата од таканречниот унгарски кредит“, изјави градоначалникот Тони Коњановски.
Министерката за образование Јаневска ѝ честита на локалната самоуправа за инфраструктурниот објект и рече дека 80 деца ќе заштедат време да не патуваат во централното училиште со што ќе се заштедат и пари кои се трошеа за превоз.
„Добро е учениците да го стекнуваат образованието во местото на живеење и добро е што воопшто имаме ученици“, рече Јаневска.
Локалното население од населбата Буковски Ливади премиерот го пречека со развиорени знамиња, погачи, икони, цвеќе. Мицкоски рече дека продолжуваат понатаму со испорачување проекти и дека Битола е еден од нивните главни приоритети.
Денес со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска направивме увид во градежните активности со кои се реконструира објектот во населбата „Буковски ливади“, а кој ќе биде подрачно училиште на ООУ „Коле Канински“.
Според проектот на приземје и кат предвидени се 5 училници, заеднички простории, санитарни јазли, помошни простории и наставничка канцеларија, библиотека, медиотека. Вкупно изградена површина 400 м2. Вредноста на договорот е 31.470.403 денари.
Вовед во работа е направен на 22 мај 2026 година, а рокот на изведба е 270 денови.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1074692895075667&set=pcb.1074693291742294 ]
Денес заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршивме увид во реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“. Проектот го реализира општината и е вреден над 50 милиони денари. Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење.

[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1348031350766582&set=pcb.1348033270766390 ]