Започнува реконструкцијата на „Стакларата“-Кратово
Денес официјално се одржа презентација на активностите по повод започнувањето на работите за реконструкција на старата училишна зграда – „Стакларата“, со што овој објект ќе добие нова намена како модерен мултифункциски центар во функција на развој и унапредување на туризмот.
Проектот е дел од програмата за прекугранична соработка со Бугарија – „Одржлив туризам во економијата на искуства“, и опфаќа целосна обнова на кровот, фасадата, инсталациите и ентериерот.
Приземјето ќе биде наменето за културно-уметнички и туристички содржини, првиот кат за канцелариски, изложбени и конференциски простори, а третиот дел за сместувачки капацитети – апартмани за четирисезонски туризам.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1338241114894146&set=pcb.1338254961559428 ]
Гевгелиската чаршија, надворешниот дел. Може да се види дека е квалитетно поплочено. Браво за Гевгелија!

Струга
ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ / СЕГАШНО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
Објектот е класичен претставник на градската архитектура, кој датира од почетокот на XX век, поточно во 1934 година. Се наоѓа непосредно до Охридското езеро и устието на река Дрим во истото. Во периодот од 1945 до 1952 година служи како воена команда на ЈНА. Во 1953 година го презема туристичката агенција „Турист” со што објектот станува првиот хотел во Струга, наречен хотел „Галеб”. По 1965 година, објектот го презема општината и оттогаш функционира како општинска зграда каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други сектори.
Моментално објектот го користи Министерствотo за одбрана - п.е. Струга. Сегашната катна висина на објектот е П+2 ката и висок тавански простор со кружни отвори видливи на фасадата, поточно соодветствува со висината на објектот добиена со последните преправки. Објектот го задржал оригиналниот фасаден изглед и оригиналниот ентериер од 1953 година кога е изграден вториот кат.
Одолевајќи му на товарот на времето, овој објект е вистински показател на архитектонско – градежните вредности на периодот во кој е изграден.
ПРЕД:



СЕГА:



фотографии: јас + https://mmmn.icomos.org.mk/buildings/MNSU01?show=photos
Објектот на Министерството за одбрана во Струга – сведок на историјата, денес добива нов сјај.
Заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, извршивме увид во текот на реконструкцијата.
Со поддршка од Министерството за култура и туризам, преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, се вложени 9.114.000 денари за реконструкција на фасадата и кровот, со цел зачувување на неговата автентичност.
Реконструкцијата е во завршна фаза и ќе придонесе за уште поубава слика на Струга – таму каде што Црн Дрим го напушта Охридското Езеро.




https://www.facebook.com/zljutkov
СО ДОНАЦИЈА ОД 200.00 ЕВРА ОД ТУРЦИЈА, ПО 20 ГОДИНИ ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СААТ КУЛАТА ВО ТЕТОВО

По 20 години чекање, со донација од 200.000 евра добиена од турскиот град Коња, конечно започнува изградбата на разрушениот објект познат како Саат кула во Тетово. Откриени се темелите на објектот, одреден е неговиот габарит, па сега се чека да се отстрани подземната инфраструктурна мрежа, која тука проаѓа и да почнат работите.
За изработката на проектот била користена вештачка интелигенција бидејќи нема точни податоци како изгледала Саат кулата, туку само две-три фотографии од минатиот век, кои го прикажуваат објектот во полуразрушена форма.
„Темелните партии на објектот првпат се откриени во декември 2005, а во март 2006 продолжија археолошките истражувања. Изработен беше проект за обнова на Саат кулата, но тогаш е оценет како плагијат на гостиварската саат кула и тука некаде завршуваат сите активности. Како директор, побарав дополнителни историски истражувања за изгледот на Саат кулата и го ангажирав вашиот сограѓанин Бранислав Светозаревиќ, кој е историчар од Државниот архив на Македонија и така дојдовме до нови податоци за изгледот на Саат кулата. Направивме една слика со вештачка интелигенција врз основа на најдените податоци“, вели Александар Јордановски, директор на Националниот конзерваторски центар.
За градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, Саат кулата е важен објект од нашето културно наследство.
„Веќе е обезбедена сериозна донација од турската општина Коња, која даде 200.000 евра. Со подготовка на основниот проект од Конзерваторскиот центар ќе се знае и целосната финансиска конструкција на овој проект и колку ќе треба да се кофинансира, секако, во соработка со Министерството за култура и туризам. Со оваа реконструкција враќаме еден важен објект од нашето културно наследство, со што Тетово ќе докаже дека знае да ги сочува историјата, традицијата и културата“, изјави Касами на презентацијата, на која беше и новиот министер за култура и туризам Седат Сулејмани.
Уметничката галерија „Безистен“ доби ново декоративно осветлување, со што е овозможено еден од најзначајните симболи на Штип да биде соодветно осветлен и во вечерните часови.
Осветлувањето, кое беше пуштено во употреба синоќа, има за цел да ја истакне автентичната архитектура на објектот, да ја подобри неговата видливост и да придонесе кон поголема безбедност и заштита на просторот.
Безистенот, изграден во XVI век, претставува еден од најзначајните споменици на културата во Штип и е препознатлив простор за реализација на изложби, концерти и други културни настани. Како дел од богатото културно-историско наследство на градот, тој има особено значење за зачувувањето и промоцијата на културните вредности.
Со оваа активност се унапредува презентацијата на еден од највредните историски објекти во градот, со цел неговото културно и архитектонско значење да биде уште повидливо и подостапно за граѓаните и посетителите.









