12.09.2025
РЕСТАВРАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРАТА ЧАРШИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Старата чаршија е дел од нашата историја, култура и идентитет, прогласена за споменик на културата уште во 2004 година. Со завршувањето на проектот, Старата чаршија повторно ќе го заземе своето вистинско место како симбол на историјата и културата.
Со овој проект се предвидува:
➡️Изградба на целосно нова подземна инфраструктура (нов водоснабдителен цевковод до секој од објектите, фекална и атмосферска канализација, како и подземни линии за електрично напојување)
➡️Партерно поплочување со гранит
➡️Замена на столаријата на објектите
➡️Реставрација на фасадите со зачувување на нивниот автентичен изглед
➡️Поставување нова урбана опрема и современо осветлување.






[ https://www.facebook.com/watch/?v=1100443025568788 ]
Малце постара вест е ова, но знам дека се работи на школово...
ИЗДАДЕНА Е ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА И ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЉУБОЈНО, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Издадена е градежна дозвола за реконструкција и адаптација на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска заедно со директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик, направија увид во започнатите реконструктивни зафати врз објектот.
Училиштето во кое на 15 ноември 1944 започна за првпат настава на македонски јазик во Преспа, а второ во државата по она во Подвис, Кичевско, со години е разрушено, а зачуван е само дел од надворешните ѕидови. Тоа е во режим на заштита од 2020 година, како дел од споменичната целина Љубојно. По автентичното обновување, треба да стане Центар за промоција на македонскиот јазик.
„Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, ќе имаме нов Центар за македонски јазик во Љубојно. Во изминатиот период, надлежната установа Завод и музеј Битола, со стручните тимови и со сите вклучени во процесот, со висока професионалност ги исполни многубројните неопходни чекори за остварување на визијата за еден модерен Центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура, на нашиот идентитет. Изработувани се сите потребни стручни елаборати и проекти, за да ја добиеме градежната дозвола и градбата да може да започне“, рече Костадиновска-Стојановска.
Директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска додаде: „Очекувам возобновениот Центар за промоција на македонскиот јазик да e место кое ќе го посетуваат младите луѓе од дијаспората, кои ќе го изучуваат македонскиот јазик. Но, очекувам овој центар да изврши голема улога и во зајакнување на билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, да биде мост кој ќе ги обединува овие три држави“.
За реконструкција на старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно и за негова комплетна адаптација од буџетот на Министерството за култура во 2024 и во 2025 година ќе бидат издвоени 32,8 милиони денари (околу 520.000 евра).
Денеска во Разловци, заедно со Александар Јорданоски, директор на НУ Национален конзерваторски центар, и Златко Начоски, директор на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ -Делчево, извршивме увид во тековните конзерваторско-реставраторски работи на Спомен-домот на Разловечкото востание.
• Годинава одбележуваме 150 години од Разловечкото востание
• Се реализира целосна обнова на Спомен-домот
• Извршена е ревизија на Основниот проект за конзервација и реставрација
• Објектот е прогласен за културно наследство
• Во тек е непосредна заштита
• Предвидена е нова музејска поставка со едукативен и автентичен пристап
• Вкупна вредност на проектот: околу 21 милион денари



[ https://www.facebook.com/zljutkov ]
Старото училиште во Серменин конечно ќе се реконструира
За ова училиште во гевгелиското село Серменин имаме пишувано пред некоја година, кое е во очајна и руинирана состојба, а конечно сега ќе се реновира. Моменталната состојба на училиштето е многу лоша. Распаднати кровови, врати, ѕидови и прозорци, дури и ризикувавме кога влегувавме внатре.
Во октомври 1944 година македонскиот јазик е прогласен за службен јазик и во октомври почнале да се одржуваат народни курсеви во училиштата низ Македонија. Таков курс се одржувал и во ова училиште. Од ова село излегле првите учители што одржувале настава по македонски јазик.
Таблата на која што пишувале наставниците сеуште е тука, барем дел од неа, а има и распадната клупа.
Ова училиште ќе се реконструира и ќе се пренамени во Мултифункционален туристички едукативен центар.
https://www.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija/







ПО ШЕСТ ГОДИНИ ЗАСТОЈ, ПРОДОЛЖИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КОНАКОТ ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

Конакот на Лешочкиот манастир, кој датира од почетокот на 19. век, повторно почна да се реставрира и реновира по 6 години застој. Внатрешноста на објектот ќе биде целосно променета, а ќе се реновира и фасадата на конакот и ќе го задржи автентичниот изглед.
„Веќе сме во завршна фаза од конзервација, реставрација и санација на стариот конак кој е интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој значаен проект се издвоени 6 милиони денари, а целосното завршување се очекува да биде до крајот на јуни“, изјави Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска беше во работна посета на Лешочкиот манастир.
Бидејќи манастирскиот комплекс, а со тоа и конакот, се ставени под заштита на државата како културнО добро, санацијата, реконструкцијата и конзервацијата се одвиваат под стручен надзор од Националниот конзерваторски центар.
„Во овој момент се работи на внатрешно зајакнување на оригинален ѕид од конакот од 1818 година. Со цел да се зачува овој ѕид го стабилизираме ѕидот од внатрешна страна и ставаме изолација помеѓу оригиналниот ѕид и зајакнувањето. По ова следува набавка на преку 100 прозорци, а потоа следува средување на фасадата при што се зачува оригиналниот лик на фасадата. Во конакот дел ќе биде наменет и за сместувачки капацитет“, изјави Александар Јордановски, директор на Националниот конзерваторски центар.
Неколку година на ред стручни лица од Националниот конзерваторски центар работеа и на реставрација и конзервација на црквата „Свети Богородица“, која е во состав на манастирскиот комплекс, а во која пронајдоа трислоен живопис кој е вистинска реткост во црквите. Но, годинава работите се прекинати поради тоа што на некои места протекува покривот од црквата и ги влагата ги оштетува фреските.
„Тоа е поради непредвидени и новонастанати ситуации во архитектурата на објектот и потребата од дополнителни стручни анализи и заштитни мерки за натамошна конзервација. Сите овие работи ќе продолжат откако ќе бидат извршени дополнителни проценки од страна на Националниот конзерваторски центар бидејќи зачувувањето на ова културно наследство е од посебна важност за нашето култ и дух наследство“, вели Јордановски.
посета на Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во Тетовско, заедно со Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија владиката Јосиф, директорот на НКЦ Александар Јорданоски и стручниот тим.
Реконструкцијата на Стариот конак е во тек, во завршна фаза
Инвестиција: 6 милиони денари
Активностите се одвиваат согласно планираната динамика
Завршување: крај на јуни



[ https://www.facebook.com/zljutkov ]
Се изведува лифт на „Алхамбра“ во Битола, конзерваторот вели сѐ е по пропис


БИТОЛА – Се реконструира и рехабилитира еден од највпечатливите архитектонски бисери на Широк Сокак во Битола, објактот познат како „Алхамбра“, а со обновата се изведува и внатрешен лифт.
Познатата „Алхамбра“ е објект со режим на заштита од втора категорија.
Објектот е во фаза на градежни активности, сега во моментов се прави адаптација и реконструкција на внатрешноста, а она на што реагираат битолчани е бетонскиот дел што се гледа на самиот покрив на објектот, што всушност претставува лифтовска куќичка.
„Алхамбра“ е еден од најубавите објекти на Широк сокак во Битола со историска вредност што дава посебен печат на Плоштадот „Магнолија“.
„Подолго време објектот се реновира, но она што загрижува се тие бетонски ѕидови што се издигаат над самиот покрив. Некои велат дека се прави внатрешен лифт, други потпокрив, но прашањето е дали ваков објект заштитен со закон може да го менува ликот, дали внатре треба да ја зачува автентичноста или да се модернизира? Добро е објектот да се обнови, да се зачува, но што правиме ако се унакази? Дали тоа што се доградува ќе ја нагрди амбиенталноста на улицата?“, стои во реакцијата на граѓани од Битола до „Независен“.
Денеска беше забележително дека градежни работници работат на покривот и во внатрешноста на објектот, а дел од градежниот шут е оставен на плочките на Широк сокак покрај објектот.
На самиот објект има поставено табла на која пишува дека инвеститор е Снежа Стојаноска, проектант е фирмата „ФОРМИ“ Дооел Битола, надзорен објект „СТОЛБ“ Дооел Битола, а конзерваторски надзор НУ Завод и Музеј Битола.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Стентон градба“ од Долно Оризари.
Зоран Алтипармаков, советник – конзерватор во НУ Завод и Музеј Битола кој е конзерваторски надзор на изведбата денеска за „Независен“ изјави дека до овој момент реконструкцијата и ревитализацијата на објектот е според планот и одобрената проектна документација.
„’Алхамбра’ е значајно културно наследство од втора категорија. До овој момент работите се изведуваат согласно одобрението на проектот издадено во 2021 година. Внатрешното лифтовско јадро е дозволено. Претходно немало лифт, но сега со проектот е дозволено внатрешниот лифт да се изведе во рамките на реконструкција и ревитализација на објектот. Изведбата е по режим што важи за заштитено јадро“, изјави за „Независен“ Алтипармаков.
Решението за реконструкција на објектот е издадено уште во 2021 година, а конзерваторското одобрение е издадено во јануари 2021 година.
„Алхамбра“ е архитектонски бисер од 19-ти век, со фасада која го рефлектира духот на неокласицизмот – стил во кој често се среќаваат симетрија, високи прозорци и орнаменти што ја нагласуваат естетската вредност на градските куќи од таа епоха. Токму овој објект се издвојува од останатите објекти на Широк сокак по својот карактеристичен ориентален стил, кој е редок во овој дел од градот и привлечен за филмската и музичката уметност.
Инаку битолски Широк сокак, старее и се руинира во делот на градбите иако е ставен под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, објекти покрај реката Драгор, а да не зборуваме за голем број разурнати и оштетени дуќани во Старата битолската чаршија.
Во бројки кажано, 136 објекти во Битола се ставени под заштита на државата, а нивната состојба од ден на ден е сѐ полоша. За нив сѐ помалку се грижат и приватните сопственици. Ретки се случаите кога приватници ги реновираат објектите, но таа обнова треба да се прави исклучиво според законите.
[ https://nezavisen.mk/se-izveduva-lift-na-alhambra-vo-bitola-konzervatorot-veli-sѐ-e-po-propis/ ]
Во Стоби, старата железничка станица е реновирана и пренаменета во Центар за посетители на археолошкото наоѓалиште:



https://www.facebook.com/zljutkov/?locale=uk_UA
Нови фотографии од реконструкцијата на училиштето во село Љубојно






извор: фб профилот на Зоран Љутков, министер за култура


















