Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Реставрација/реконс...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Реставрација/реконструкција

33 Написи
3 Корисници
46 Реакции
1,250 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Уште неколку фотки

 

https://www.facebook.com/profile.php?id=100037941832559



   
❤️
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 

Најавена е и реконструкција на Радио Гевгелија, зграда која е заштитена како споменик на културата.

Зградата се наоѓа во централното градско подрачје на улица „Маршал Тито“ бр. 97, во Гевгелија и со неа отпочнува еден низ на амбиентални објекти што сочинуваат една микро урбана целина во центарот на градот. Градена е во периодот меѓу 1890 и 1900 година, а во минатото служела како турски хотел. Зградата има формален статус на споменик на културата и културно наследство на Македонија. Нејзината архитектура претставува репрезентативен пример на традиционалната гевгелиска градска архитектура од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Објектот од почетокот бил во приватна сопственост, а во годините после ВСВ има статус на општествен објект каде од 1950 па се до 1990 година функционирала како работни простории, студија и монтажни сали за потребите на Претпријатието во општествена сопственост „Радио Гевгелија“. Во декември 1990 година со земјотресот во Гевгелија кој имал јачина од 7 степени (според ЕMС-1998), зградата претрпи оштетувања и значителна нарушеност на статиката на објектот поради што студијата на „Радио Гевгелија“ мораа да се исселат на друга локација.

Од 1990 до денеска објектот е надвор од функција. Во периодот на денационализацијата објектот во законска постапка беше вратен во сопственост на наследниците од првите иматели. Во меѓувреме, со решение од 28 јануари 2019 година од страна на Управата за заштита на културното наследство на Македонија старата зграда на „Радио Гевгелија“ е прогласена за значајно културно наследство на Македонија, а ова решение било изменето на 17 ноември 2020 година.

Деновиве во центарот на градот на ул.„М.Тито“ бр.97 стои ознака дека објектот е во фаза на реконструкција со доградба. Конечно т.н. „Стара зграда на Радио Гевгелија“ после 36 години чекање ќе може да се надева на ново руво, нова фасада, нов лик, но со задржување на амбиенталната староградска архитектура.

Проектот опфаќа: „Реконструкција со доградба и надградба на поткровје на објектот на КП 5597 и 5599 на ул.„Маршал Тито“ Гевгелија“.
Инвеститор на проектот е: ДУУТП – „Спајдер Мултикомплекс“ Гевгелија.
Проектант: ДПТУ „Универзал градба“ Струмица.
Одобрението за градење го издал Министерството за транспорт и врски од 14.02.2022 година.
Изведувач на работите е „Еуромонта“ ДООЕЛ Струмица.
Конзерваторски надзор ќе врши Националната установа „ЗЗСК и Музеј“ Струмица.
Градежен надзор ќе врши „Хидро-Енерго инженеринг“ Скопје.

https://gevgelijanet.com/2026/09/18/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%B0/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 

Објавено од: @stef4o
↑

реставрација на фамилијарна куќа во Битола во тек

https://www.facebook.com/skopjemeleem

Инаку, овде ќе биде сместена нова експозитура на НЛБ Банка, а во меѓувреме најдов и фотографии од внатрешноста:

https://www.facebook.com/decordesign.mk/

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 3 / 3
Сподели: