Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, и претставници од локалната самоуправа, извршија увид во тековните градежни активности за изградба на новиот Био пазар во Кавадарци.
Со реализацијата на овој значаен проект, Кавадарци ќе добие современ, уреден и сертифициран простор, наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, кои ќе имаат можност своите производи директно да ги пласираат до потрошувачите, без посредници и по фер цени.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека проектот ќе придонесе за поголема доверба кај потрошувачите, подобри услови за работа и дополнителна поддршка за развојот на локалното земјоделско производство.
Вредноста на инвестицијата изнесува 26.500.000 денари, без пресметан ДДВ, а проектот претставува уште една значајна инвестиција во насока на економскиот развој и унапредување на условите за работа на производителите од кавадаречкиот регион.





[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1571082557709073&set=pcb.1571084131042249 ]
Da ne se falam, ama stvarno sme nogu napred otideni daa hah
https://www.facebook.com/share/v/19ChnpoKiX/
🏗️ НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР – НОВО ЛИЦЕ НА РАДОВИШ! 🌿
📐 Околу 4.500 м² простор за:
🛒 Современ градски зелен пазар
🏬 Деловни простории и продажни места
🚗 Катна гаража со двојна намена
🌾 Подобри услови за локалните земјоделци и трговци
Планиран како место за трговија, средби и градски манифестации, новиот објект треба да овозможи почисти, похигиенски и посовремени услови за продажба на земјоделските производи, според европските стандарди.
Со вакви проекти, Радовиш ја насочува својата иднина кон подобра инфраструктура, поддршка на локалното земјоделство и пофункционален град за сите граѓани.
https://www.facebook.com/share/v/1JurYmzrKg/
Телевизија Кобра










