Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Лидл маркети

60 Написи
6 Корисници
75 Реакции
24 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@akul1122

Да.Ова е логистичкиот центар во Куманово за каде што им се потребни и најголем број работници.



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Советот го изгласа ДУП-от за изградба на маркетот „Лидл“ кај поранешен „ЧИК“

Советниците од мнозинството го изгласаа предлогот за измена на Деталниот урбанистички план (ДУП) на локацијата каде што треба да се гради маркетот на германската компанија „Лидл“.

Станува збор за парцела на влезот во Куманово, со површина од 42.000 квадратни метри, на местото на поранешен „ЧИК“ Куманово.

Станува збор за Предлог-одлука за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, со плански опфат меѓу улиците „1“, „ЈНА“, „2“, КП 16793, „3“ и КП 16369/2 – Општина Куманово.

„Според Генералниот урбанистички план, во овој ДУП е предвидена лесна загадувачка индустрија и магацини. За ДУП-от имаме добиено согласност од Министерството за транспорт и врски дека планот е изработен согласно сите законски и подзаконски регулативи. Овој детален план се состои од две градежни парцели, а основната измена е пренамена од Г2 – лесна индустрија, во индустрија за склопување финални производи, производство на електронски елементи за домаќинство, накит, прецизни производи и друго. На овие две парцели ќе има мали единици за комерцијални и деловни дејности, како и големи трговски единици“, изјави раководителката Ана Поповска.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ, ги повика советниците да не го поддржат ДУП-от и да покажат интегритет во интерес на граѓаните.

„Сакам да ве потсетам на некои работи кои добро ги знаете – дека во денешниот ДУП е вклучена парцела која до пред неколку години била во сопственост на семејството на градоначалникот. Тоа е најбезобразната и највулгарна работа што му се случила на Куманово во поновата историја. Тоа ја отсликува целата работа на сегашната владејачка гарнитура, но ние можеме да застанеме на патот“, рече Илиќ.

Тој додаде дека не е против „Лидл“ да дојде во Куманово и дека не се сомнева во искреноста на нивните бизнис намери, но дека му пречи начинот на кој, според него, се злоупотребува името на оваа угледна компанија.

Советникот на Левица, Виторио Зафировски, праша зошто во 1981 година, кога била изградена фабриката „ЧИК“, некој одлучил тој простор да биде оставен како тампон-зона кон автопатот како заштита од бучава, а по распадот на поранешната држава таа зона била вратена преку процесот на денационализација и потоа е продадена.

И покрај забележките на опозицијата со 17 гласа за и 7 против, одлуката за промена на ДУП-от беше донесена. 

Нацрт-одлуката за отворање на ДУП-от беше изгласана пред една година и тогаш предизвика голема расправа меѓу советниците од претходниот состав

https://kumanovonews.mk/vesti/sovetot-go-izglasa-dup-ot-kaj-poranesen-cik-kade-sto-kje-se-gradi-market-na-lidl



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Kavtown Одлична локација, дефинитивно ќе имаат и транзитен промет од сите што одат за Грција



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Дали ова е Лидл во Кавадарци? Се наоѓа веднаш спроти проектот Литл Америка.

фотката е преземена од фб профилот на Митко Јанчев

https://www.facebook.com/MitkoJanchev



   
2
akul1122 и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@Skopje

Да тоа е објектот на Лидл,тука се гради и нов кружен тек.



   
2
Skopje и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

  

Колку плаќа „Лидл“ за купување на земјиште во Македонија?

Акционерското друштво „Технокомерц“ преку информација доставена до Македонска берза потврди дека еден од објектите и земјиштето што му ги продал на интернационалниот малопродажен синџир „Лидл“ во Македонија чинел 1,5 милиони евра.

Во ревизорскиот извештај доставен до Македонска берза се нагласува дека на „Лидл“ во јули 2025 му е продаден објект како недвижнина од 1.026 метри квадратни со земјишна површина од 2.056 метри квадратни.

„Во 2025 година извршена е продажба на недвижност со површина 1.026м2 и земјиште со површина 2.056м2, согласно преддоговор за продажба на недвижност за износ од 1.500.000 евра“, објавено е во ревизорскиот извештај.

Технокомерц АД Скопје е една од постарите македонски компании во областа на тешката механизација, транспортната опрема и индустриските резервни делови. Компанијата продава камиони, градежни машини, индустриска опрема, резервни делови и сервиси за транспортниот и градежниот сектор. Локацијата на продажбата досега не е откриена од страна на „Технокомерц“, освен тоа дека е во Скопје. Лидл, од друга страна, се уште не започнал активно да работи со малопродажба во Македонија, но веќе регистрираше неколку подружници како идни маркети во земјата.

Претходно, во берзанската објава на АД Скопски пазар за продажбата на поранешниот објект „Бриколаж“ на Лидл Северна Македонија објави дека трансакцијата изнесувала 9.564.485 евра без ДДВ. Подоцна консултантската компанија што ја посредувала продажбата објави повеќе детали и наведе дека станува збор за: земјиште од околу 16.000 метри квадратни во Гази Баба; Бруто-површината не беше објавена, но денес Лидл на истата локација гради маркет со вкупна површина од околу 2.500 м² (од кои околу 1.500 м² продажен простор) и дел од старата структура очигледно е урната или целосно реконструирана.

Општина Куманово во 2023 година му продаде на Лидл земјиште за идниот логистички центар во новата индустриска зона кај Горно Коњаре по цена од 1.906 денари од метар квадратен. Површината од 170.996 метри квадратни беше продадена за околу 5,3 милиони евра) Локацијата е во индустриската развојна зона Горно Коњаре, на месностите Новине и Речица, каде што Лидл гради централен логистички дистрибутивен центар за Македонија. Општина Куманово објави дека на електронската аукција учествувале три компании и цената била наддавана.

https://faktor.mk/kolku-plakja-lidl-za-kupuvanje-na-zemjishte-vo-makedonija



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Интервју со Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Македонија

https://youtu.be/gJC50UElJpQ?si=c95jPInBeqCiUvBK



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Лидл во прва фаза ќе отвори маркет и во Струга, веќе бараат асистенти на продажба и менаџер на маркетот

https://jobs.lidl.mk/mk/jobs/asistent-na-prodazhba-struga-685498

https://jobs.lidl.mk/mk/jobs/mena-er-na-market-struga-ohrid-703863



   
3
Реагираа Могли, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

#TeamLidl доаѓа на вашиот терен во Струмица.
Се гледаме на разговор, кафе и добра игра.
Приклучи му се на Лидл карванот и дознај повеќе за
работните позиции во нашиот тим!
📍 Symbol Retail Park
📅17 јуни (среда)



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

#TeamLidl тргнува на терен низ Македонија
Големиот тим продолжува да се шири. Во текот на јуни,
#TeamLidl ќе биде во повеќе градови низ Македонија, каде
што преку отворени средби и разговори ќе имаме можност
директно да се запознаеме со идните членови на тимот.
Следи нè и дознај кога доаѓаме во твојот град!
Добра игра. Ферплеј.
Има место за секоj



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

#TeamLidl доаѓа во Штип.
Во пријатна и отворена атмосфера, ќе разговараме за
можностите, позициите и за тимот што се гради низ
Македонија.
Придружи се!
�� Штип City Mall
�� 16 јуни (вторник)



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 22
 

Мапата погоре изгледа значи во кои градови ќе има маркети со првиот бран на отворање.



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Da, toa se prvite gradovi kade sto ke se otvori Lidl. A imaat kupeno parceli i vo Ohrid, Veles i Gostivar. Kako i sto kazav uste na forumot build mk, Lidl na pocetokot ke go ima vo site opstini so nad 25 000 ziteli, a posle ke se siri i vo pomalite opstini



   
Реагираше Могли
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Наместо Охрид да го отвореа во првиов бран... Веќе многу е потребно маркет како Лидл да имаме во Охрид



   
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

@Kavtown
А во Прилеп?



   
ОдговорЦитат
Страница 3 / 4
Сподели: