Специјалист за етикетирање и превод (со искуство во прехранбена технологија)
ЛИДЛ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Пријава до: 27. 04. 2026.
Локација на работа: Скопје
📢ЛИДЛ вработува СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
✔приватно здравствено осигурување и FitKit месечен буџет
✔пакет за добредојде на новите вработени
✔подготвенот за патување во странство за обука во повеќе земји во период од 1 година
пријавете се на линкот `👇🏼```
Локација : Куманово
🚀 ЛИДЛ нуди нови можности за кариера! 🛒
Компанијата е во потрага по амбициозни и мотивирани ЗАМЕНИЦИ МЕНАЏЕРИ НА МАРКЕТ од повеќе градови, кои ќе бидат клучен дел од тимот и ќе помогнат во успешното функционирање на маркетите во земјата.
Ако имате лидерски способности, организираност и желба за работа во тим, ова е вашата шанса! Аплицирајте денес и станете дел од ЛИДЛ 👇🏼
ГОЛЕМИОТ ГЕРМАНСКИ БРЕНД „ЛИДЛ“ ДОАЃА ВО СТРУМИЦА НА НАЈДОБРАТА ЛОКАЦИЈА ВО ГРАДОТ!
Големиот германски бренд „Лидл“ наскоро ќе стане дел од трговската мапа на Струмица, носејќи нови можности за потрошувачите. Според информациите, маркетот ќе се гради на локацијата на поранешниот хотел „Глигоров“, што претставува атрактивна и лесно достапна позиција за граѓаните.
Во моментот, изградбата се одвива согласно предвидената динамика, при што сите активности се реализираат во рамки на планираните рокови. Очекувањата се дека големото отворање ќе се случи до крајот на оваа година или најдоцна на почетокот на наредната, кога струмичани ќе добијат модерен маркет со широк асортиман на производи и современ концепт на пазарење.
Присуството на ваков реномиран бренд се очекува да донесе нов квалитет, конкурентни цени и свеж пристап во малопродажбата во регионот.
За сите дополнителни информации, порталот Струмица Денес навремено ќе ги информира своите читатели.

@akul1122 Imaat kupeno parcela i vo Cair, sproti Point Retail park
https://maps.app.goo.gl/XqGUk5oNWBTEudNi6
Лидл го изгради својот логистички центар во Куманово, првиот предуслов за отворање на маркетите низ државава
ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО ШТИП, НА НЕЈЗИНО МЕСТО ЌЕ СЕ ГРАДИ „ЛИДЛ“ МАРКЕТ И МИНИ СТАНИЦА

Започна уривањето на постојната автобуска станица во Штип, на чија локација е планирана изградба на вториот „Лидл“ маркет во градот. Паралелно со уривањето, на околу дваесетина метри од сегашниот објект, во близина на градскиот стадион, веќе се гради нова мини автобуска станица со пет перони.
Според договорот меѓу сопственикот на автобуската станица „Анго“ ДООЕЛ Скопје и Општина Штип, со измените во урбанистичкиот план се овозможува изградба на трговскиот објект, додека новата автобуска инфраструктура ќе биде сместена на дел од истиот поширок простор кон брегот на реката Брегалница.
Раководителот на работите околу автобуската станица, Емил Шестаков, изјави дека со компанијата „Лидл“ е договорено во најскоро време старата станица целосно да биде срушена, а новата мини автобуска да биде завршена и ставена во функција во текот на летото. Додека траат градежните активности, ќе продолжи да функционира постојната автобуска станица.
„Се обидуваме и во вакви околности да ја извршуваме нашата основна дејност, иако во последните десетина години бележиме пад од над 30 проценти во автобускиот превоз и бројот на патници“, изјави Шестаков, додавајќи дека сè почеста е употребата на комби-превоз на штета на редовните автобуски линии.
Компанијата „Анго“ ДООЕЛ Скопје е сопственик на автобуската станица од 2004, кога ја презеде од тогашното претпријатие „Исток транс“, подоцна „Балкан Експрес“. По преземањето, беше извршена реконструкција и доградба на станицата, која важеше за една од посовремените во земјата, со повеќе од десет перони и засебна чекална.
Според најавите, новата мини автобуска станица ќе има пет перони, значително помалку од досегашниот капацитет, што се образложува со намалената фреквенција на патници и линии.
Во меѓувреме, се одвиваат и подготовките за изградба на вториот „Лидл“ маркет во градот. Првиот веќе е во завршна фаза во населбата „8 Ноември“ и се очекува наскоро да биде отворен.
Инвеститор на проектот е „Акта Инвест груп“ ДОО Штип, која располага со простор од околу 6.500 квадратни метри и најавува вработување на неколку стотици лица. „Лидл“ е дел од меѓународен синџир со присуство во 32 земји и над 11.000 продавници.
@stef4o
Штип, регионален центар за цела Источна Македонија, заради нечиј приватен интерес, ќе има мини-автобуска станица со 5 перони. На кого ли му текнуваат вакви брилијантни идеи?
Se poizvesno e deka Lidl ke gi otvori vratite do krajot na ovaa godina. Vcera pustile oglas za vrabotuvanje na kasierki za Kavadarci, Tetovo, Stip, Kumanovo, Strumica, Gevgelija, Kicevo, Bitola i Skopje. Sto znaci deka za pocetok Lidl ke otvori vo ovie 9 gradovi. Gradonacalnikot na Kavadarci, Mitko Jancev pred mesec dena najavi deka otvoranjeto ke bide vo oktomvri.
https://jobs.lidl.mk/mk/rabotni-pozicii2
„ЛИДЛ“ ПОЧНУВА СО КАМПАЊА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Компанијата „Лидл“ започнува кампања за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди „Лидл“ како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.
„Лидл Северна Македонија“ нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени, велат од компанијата.
Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи.
Од компанијата велат дека работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво и дека во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.
„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј‘ сакаме да испратиме јасна порака дека во ‘Лидл‘ секој има шанса да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и со почит кон секој поединец. Нашата цел е да изградиме силен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со компанијата. Веруваме дека вложувањето во луѓето е клучот за долгорочен успех и токму затоа создаваме средина во која развојот и напредокот се реални и достижни“, изјави Теодора Хаџи- Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл Северна Македонија“.
Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување. Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.
Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, „Лидл“ поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд.
[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/lidl-pochnuva-so-kampana-za-vrabotuvane/ ]
Почнато е со рушење на хотел Глигоров во Струмица за изградба на нов Лидл
Падна ,,Династијата", како што ја нарекуваа струмичани управната зграда на поранешниот гигант Југопромет, изградена кон крајот на 80тите години од минатиот век, а до неодамна позната како Хотел Глигоров.

[ https://www.facebook.com/photo?fbid=122177293976745544&set=a.122097311540745544 ]
ВО „ЛИДЛ“ СЕ ОТВОРЕНИ 400 РАБОТНИ МЕСТА, ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Лидл Северна Македонија“ продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што „Лидл“ ги нуди како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани кандидати да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност, почит и професионалност.
„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во ‘Лидл‘ секој има можност да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и почит кон секој поединец. Нашата цел е долгорочно да инвестираме, да создаваме нови можности за вработување и да бидеме сигурен, професионален и одговорен партнер на државата, институциите и граѓаните“, велат од „Лидл“ Северна Македонија.
Компанијата моментално обезбедува стабилни работни места за повеќе од 400 вработени, со јасен фокус на професионален развој, фер услови за работа и долгорочна сигурност. „Лидл“ нуди структуриран процес на вработување, како и сеопфатни обуки за сите нови вработени, кои траат од 6 до 8 недели и овозможуваат стекнување практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа претставува клучен фактор за успех и долгорочен развој.
Како дел од една од водечките европски малопродажни компании, која работи во повеќе од 30 земји, „Лидл Северна Македонија“ своето работење го темели врз високи професионални стандарди, интегритет и целосно почитување на локалното законодавство, институциите и сите важечки регулативи. Влезот на „Лидл“ во земјава е резултат на внимателно планиран и транспарентен инвестициски процес, реализиран во партнерство со релевантните институции и согласно сите пропишани процедури. Компанијата работи транспарентно и одговорно, со одлична соработка со институциите на централно и локално ниво секаде каде што „Лидл“ има свои инвестиции низ државата, почитувајќи ги сите законски и административни процедури во процесот на своето работење и инвестирање во земјата.
„Лидл“ гледа на македонскиот пазар долгорочно, а од почетокот на своето работење во земјава инвестираше повеќе од 200 милиони евра во развојот на современа малопродажна и логистичка инфраструктура. „Лидл“ ќе отвори маркети низ целата земја како дел од својата стратегија за економија на обем и како во другите земји каде што работи, ќе овозможи понуда со највисок квалитет по пристапна цена. Логистичкиот центар во Куманово е најголем логистички центар на „Лидл“ на Балканот, а со таква современа и развиена инфраструктура „Лидл“ ќе овозможи секој ден понуда на свежи продукти за нашите потрошувачи секаде низ државата.
Покрај отворањето нови работни места, „Лидл“ активно придонесува и за развојот на домашната економија преку соработка со македонски производители и поддршка на извозот на домашни производи на европските пазари. Во 2025 година извозот на македонски производи преку мрежата на „Лидл“ достигна 15,5 милиони евра, што претставува значителен раст во споредба со претходните години и конкретен придонес кон домашното производство и извозниот потенцијал на земјата.
Особено значајно е што преку соработката со „Лидл“, македонските компании добиваат пристап до европските пазари, можности за зголемување на производството, унапредување на стандардите и долгорочен развој на своите капацитети. Компанијата останува посветена на понатамошно зајакнување на соработката со домашните производители и добавувачи, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
Компанијата останува фокусирана на понатамошен развој на своето работење во земјата, отворање нови работни места, поддршка на домашната економија и обезбедување квалитетни производи и услуги за потрошувачите во Северна Македонија.
@stef4o Ја видов и ја сликава, само неможев да дознаам дали е ова нашиот логистички центар или? Ако е, секоја чест за изградбава.