Се во врска со Веро Маркетите,нивно реновирање,проширување низ други градови и слично може да биде постирано во нишката.
ВЕРО ЏАМБО ОТВОРА МАРКЕТ ВО КАВАДАРЦИ
За неколку дена треба да биде потпишан договор, во Кавадарци доаѓа Веро Џамбо, ќе отвора свој маркет, откри градоначалникот Митко Јанчев за време на седмата седница на општинскиот Совет.
Како што истакна, покрај Веро Џамбо, најдоцна до месец октомври ќе бидат отворени и вратите на ЛИДЛ маркетот, чија изградба е веќе целосно завршена.
-Кам маркет ќе го заврши објектот најдоцна до јануари 2027 година, доаѓа СПАР маркет, Рамстор… Ќе имаме и Веро Џамбо во Кавадарци, наспроти молот, кажа Јанчев од говорницата.
Инаку, Веро е карактеристичен што нуди широк, богат асортиман на локални и странски производи, односно производи што се застапени само во Веро Џамбо, а шопинг искуството е наменето за цело семејство.
Na ovaa lokacija vo Kavadarci ke se gradi Vero-Jumbo.
https://goo.gl/maps/now7HnB8YMGcPxnV6
Na 3:10 od videoto, Pretsedatelot na sovet na Opstina Kavadarci zboruva deka ke se gradi objekt na Vero.
https://www.facebook.com/share/v/1CT5BGHMLU/
Грчки VERO ќе отвори маркет во Струмица до крајот на годината!
Струмица ќе добие нов продажен објект на „Веро“, откако грчката компанија Vero Holding SA официјално го потврди продолжувањето на својот инвестициски циклус во регионот.
Во интервју за грчкиот медиум OT, претседателот на компанијата, Никос Веропулос, најавил дека до крајот на тековната година е планирано отворање на нова продавница на „Веро“ во Струмица. Истовремено, компанијата планира да започне со реализација и на уште една локација во Македонија, за која, како што посочил, веќе повеќе од две години се чекаат потребните дозволи.
Веропулос истакнал дека групацијата во 2025 година остварила продажба од 206 милиони евра, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на претходната година. Според неговите очекувања, годинава прометот повторно ќе надмине 200 милиони евра, додека продажбата би требало да порасне за дополнителни 6 до 7 проценти.
Покрај инвестициите во Македонија, компанијата го проширува своето присуство и во Србија. Веропулос открил дека е купен продажен објект од 4.500 квадратни метри со 120 паркинг места, чие отворање е планирано во 2027 година. Според порталот Retail Serbia, станува збор за објект во Борча, каде моментално работи мегамаркетот „Рода“.
Во моментов, Vero Holding SA располага со 16 продавници во Македонија и 8 во Србија, а најавените инвестиции се дел од стратегијата за натамошно проширување на мрежата на компанијата на двата пазари.
( strumicadenes )
Повторно проблем со ескалатор во „Веро Џамбо“: Испука стаклото на заштитната ограда
Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје денеска се случил инцидент при кој испукало стаклото на заштитната ограда покрај еден од ескалаторите.
Фотографиите, кои до Скопје Инфо ги испрати читател, покажуваат дека стаклениот панел е сериозно оштетен и распукан по поголем дел од неговата површина.
Во моментот кога дошло до оштетувањето, во објектот имало и други посетители, а набргу потоа ескалаторот бил затворен за користење.
Засега не е познато што точно го предизвикало пукањето, ниту дали станува збор за механички дефект, надворешно оштетување или друга причина.
Ова не е прв инцидент поврзан со ескалаторите во истиот трговски центар. Пред неколку месеци на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледаше оштетување на металните скали на еден од ескалаторите, откако дел од механизмот ненадејно попуштил во присуство на посетители.
Ова е страшно, за жал никаде веќе не сме сигурни. Ова ми се случи денес во Џамбо – одеднаш испукаа скалите на ескалаторот, а јас бев само чекор напред“, беше наведено во тогашната објава.
Во тој случај немаше информации за повредени лица.
Последните случувања повторно го отвораат прашањето за безбедноста и редовното одржување на ескалаторите, но и пошироко за безбедноста на опремата во трговските центри и другите јавни објекти.
Засега нема информации за повредени лица, ниту официјално објаснување за причината поради која денеска дошло до пукањето на стаклото.
Трговскиот Веро Џамбо откако е отворен во 2010 па до денес реално не е направена некоја посериозна реконструкција и искрено делува некако запоставено.
Бидејќи имам прилика често да го посетувам со години приметувам тенденција на запоставување,2-те тераси од северната страна што гледаат кон НБРМ каде на времето имаше шанкови,маси и беа дел од кафуле веќе со години не работат,едната е целосно затворена/заклучена а другата служи како некаква си smoking area но има само неколку столчиња и маси кои се прилично валкани и дотраени.
До скоро време имаа и многу бавен софтвер на касите во маркетот,немаше брза каса,а до денес нема опција за каса со самонаплата.
Тоалетите и на прв и на втор кат се во прилично руинирана состојба,расипани казанчиња,чешми,истекување на вода,немање на сапун,тоалет...
Што се однесува до паркингот,многу често има проблем со паркинг картичките и автоматите без притоа да има брза реакција од надлежните со цел да не се создаваат гужви,а новост е тоа што имаат поставено полнач за електрични автомобили.
до денес нема опција за каса со самонаплата.
За мене сето ова другово може да се игнорира ама ова баш ме нервира
Добро, Веро, маркет што прави ненормален промет, неможе да стави, да си дозволат самонаплатни каси??
Па ало бе Хрватска и Србија секој маркет кај влезеш има самонаплатни каси бе за нас тоа е уште science fiction
Во кој век живееме и до кога вака ќе бидеме заостанати во секој сектор од цела Европа па дури и во вакво мало нешто како самонаплатни каси
Па моево Веро во Тафталиџе (а верувам и сите други знаете, сте биле), за време на недела, празник или секој работен ден после 18 часот такви редици се прават тоа е лудо нешто
А не помагаат ни бабине што ги ставиле по касине што куца 2 артикли у минута
Vero-Jumbo Strumica ( najaveno deka do krajot na godinata ke bide otvoranjeto )
Na slikata od zemja ( maj 2025ta ) objektot e skoro na pocetok so se vika, a dodeka na slikata od nebo se gleda deka objektot e vekje zavrsen.
Vo nekoj gradovi ima novi snimki od nebo, a vo nekoj, na pr. kaj nas vo Kavadarci nema snimki uste od 2023ta



