Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Јавен превоз(општо)
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Јавен превоз(општо)

28 Написи
6 Корисници
28 Реакции
1,541 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

НЕМА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ДО КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО, СЕ ПУШТА САМО ЕДЕН АВТОБУС КОЈ ПОСТОЈАНО СЕ РАСИПУВА

 

Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Според официјалните податоци, Владата во изградбата на селото вложила 5,2 милиони евра. Дополнителни 1,3 милиони евра биле потрошени за внатрешно уредување. Трите електромобили набавени за пренесување на багажот на гостите во селото чинеа 24.000 евра, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, а 2.700 евра клупите и корпите за отпадоци.

Комплексот има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават занаетите карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/nema-javen-prevoz-do-kompleksot-makedonsko-selo-se-pushta-samo-eden-avtobus-koj-postojano-se-rasipuva/

 


   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Од утре нема плаќање во готовина во автобусите во Кавадарци – билет со КА-карта или платежна картичка

Од утре патниците во градскиот и приградскиот превоз во Кавадарци ќе можат да го платат билетот само безготовински. ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информира дека готовина повеќе нема да се прима во автобусите.

Плаќањето ќе се врши со КА-карта или со платежна картичка Visa или Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот. објави Скопје1.мк

Од претпријатието информираат дека официјални места за продажба и надополнување кредит на КА-картите се Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ.

Дополнително, до 31 декември 2026 година, при секое купување КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно.

За повеќе информации, граѓаните може да се обратат во Инфо-центарот или на телефонскиот број 043 400 417. објави Скопје1.мк

https://skopje1.mk/od-utre-nema-plakjanje-vo-gotovina-vo-avtobusite-vo-kavadarci-biletso-ka-karta-ili-platezna-karticka

 

 



   
ОдговорЦитат
(@citizena)
Активен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 6
 

Објавено од: @akul1122
↑

Објава од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски:

❤️ ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА СКОПЈАНИ!

Драги мои сограѓани,

🫡 Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

🤝 Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Hristijan Mickoski, како и до министерот Aleksandar Nikoloski за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.

🚍 Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.

🚎 Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.

📜 Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.

🫵 За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи!

Кога се сака, сѐ се може!

❤️ Скопје го правиме заедно. По скопски!

Поминаа 10 дена претпоставувам. Конечен ли е договорот?

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 183
 

@citizena Претпоставувам доколку повторно нема жалби периодов договорот да се потпише 🤷‍♂️



   
Реагираше CitizenA
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 72

   
Реагираше CitizenA
ОдговорЦитат
(@citizena)
Активен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 6
 

@phenomenon конечно



   
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 72

   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 183
 

ПРВИТЕ 30 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ТРЕБА ДА СТИГНАТ ВО ДЕКЕМВРИ ИЛИ ВО ЈАНУАРИ

„Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки“.

 

Вака соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

 

https://plusinfo.mk/prvite-30-elektrichni-avtobusi-treba-da-stignat-vo-dekemvri-ili-vo-anuari-avtopatot-ohrid-kichevo-treba-da-bide-zavrshen-do-prviot-kvartal-na-2027-godina/



   
2
CitizenA и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ЈСП „Скопје“ воведува дигитална студентска превозна картичка

 


   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром, поточно од Радишани до Ново Лисиче

Граѓаните од општините Бутел и Аеродром од вчера добија нова директна автобуска линија. Линијата 35 воспоставува директна врска меѓу Радишани и Ново Лисиче, овозможувајќи побрзо и полесно патување меѓу двата дела на Скопје.

Од Општина Бутел информираат дека воведувањето на новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност на населбите и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните.

 
Воедно, од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија, по линијата 37, која исто така беше воведена со цел подобрување на јавниот превоз и поврзаноста меѓу скопските населби.

„Поврзуваме населби, олеснуваме движење и создаваме подобра градска поврзаност“, порачуваат од Општина Бутел, притоа изразувајќи благодарност до градоначалникот на Град Скопје и до ЈСП за реализацијата на проектот.

https://nezavisen.mk/nova-avtobuska-linija-35-gi-povrza-butel-i-aerodrom/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Пропаѓањето на Авто Атом го отсече Кочани: Граѓаните без сигурни линии, студентите плаќаат до 5.000 денари месечно

Студенти тврдат дека месечниот билет Кочани–Штип со одредени превозници достигнал 5.000 денари, а повратниот со тн. „диви таксисти“ и до 500 денари

Во Министерството за транспорт се води постапка за преземање на линиите на „Авто Атом“

Најавени се нови превози кон Скопје, Штип и преку Кочани, но дел од нив сè уште не се реализирани

Жителите на Кочани и соседните населени места се соочуваат со сериозни проблеми во меѓуградскиот превоз по престанокот на работата на „Авто Атом“. Компанијата на 20 септември официјално престана со работа по реализацијата на последната линија Скопје–Кочани во 18:30 часот, по 24 години работа, а со тоа надвор од функција остана и автобуската станица.

Проблемот особено ги погодува граѓаните кои немаат сопствен автомобил, меѓу кои се ученици, студенти, пензионери, работници и лица кои секојдневно патуваат поради здравствени потреби.

За студентите од Кочани кои патуваат до Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, состојбата значи и дополнителен финансиски и временски товар. Тие во својата вчерашна реакција до локалните кочански медиуми реагираат дека месечниот билет за релацијата Кочани–Штип достигнал 5.000 денари, додека дневниот повратен билет со локални превозници може да чини и до 500 денари.

Дополнителен проблем е и возниот ред. Студентите посочуваат дека од Кочани мораат да тргнат уште во 6 часот наутро, додека првите можности за враќање од Штип се во 13 часот или дури во 20 часот, поради што за неколку часа предавања им се одзема речиси цел ден.

Тие велат и дека при контакт со превозници и локални агенции добиваат различни информации за тоа кој ги презел линиите на Авто Атом.

Од Општина Кочани потврдуваат дека во моментов во Министерството за транспорт се води постапка за преземање на меѓуградските автобуски линии кои досега ги одржувал „Авто Атом“. Постапката ги опфаќа релациите Кочани–Штип, Кочани–Скопје и Кочани–Блатец.

Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, за Канал 77 укажува дека Општината не е одговорна за затворањето на „Авто Атом“, бидејќи станува збор за приватна компанија, но посочува дека последиците се чувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните.

„Авто Атом“ е приватна компанија, чие работење и деловни одлуки не се во надлежност на Општина Кочани. Општината не е одговорна за нејзиното затворање, но свесни сме за последиците што оваа состојба ги предизвикува врз секојдневниот живот на граѓаните, особено на учениците, студентите и на сите кои редовно користат меѓуградски превоз“, вели Грозданов.

Тој додава дека засега нема конкретно и трајно решение, но дека Општината секојдневно работи на проблемот и ги разгледува можностите за негово надминување.

„Нашата цел е да се обезбеди редовен и достапен превоз, а во рамките на тој процес ќе бараме решение и за автобуската станица, во соработка со надлежните институции и со превозниците“, вели градоначалникот.

Во меѓувреме, од вчера се најавени и неколку нови можности за превоз. Лиценцирана компанија за меѓуградски автобуски превоз со седиште во Струмица најавила две автобуски линии од Кочани до Скопје и назад.

Превоз е најавен и од превозник од Делчево, кој планира да сообраќа со минибуси на релацијата Делчево–Македонска Каменица–Кочани–Штип–Скопје.

Сепак, станува збор за најави, а реализацијата на овие превози допрва треба да се следи.

Исто така, надвор од функција е автобуската станица во Кочани, па патниците се принудени да чекаат на отворено, без навремени најави во измени на линиите, ниту со можност предвреме да купат карта која има го гарантира патничкото место.

Градоначалникот Грозданов се осврнува и на информациите за зголемени цени кај нерегистрирани превозници, односно таканаречени „диви таксисти“. Тој вели дека Општината досега не била запознаена со ваквите наводи.

„Досега не бевме запознаени со наводите за превисоки цени што ги наплаќаат нерегистрирани превозници, односно таканаречени „диви таксисти“. Информациите што ги посочувате заслужуваат внимание, како поради дополнителниот финансиски товар за граѓаните, така и поради нелојалната конкуренција кон превозниците кои работат легално“, вели тој.

Градоначалникот најавува дека Општината ќе упати предупредување и апел до такси-превозниците да не ја користат новонастанатата ситуација за неоправдано зголемување на цените, а од надлежните служби ќе побара да ги проверат наводите за нелегален превоз.

„Ќе упатиме јасно предупредување и апел до такси-превозниците да не ја злоупотребуваат новонастанатата ситуација со неоправдано зголемување на цените. Воедно, ќе побараме од надлежните служби да ги проверат наводите за нелегален превоз и да постапат во рамките на своите надлежности“, посочува градоначалникот.

Од Општината велат дека се свесни оти граѓаните очекуваат конкретно решение и дека ќе продолжат да бараат поддршка и соработка од надлежните централни институции.

Во меѓувреме, овластениот инспектор за патен сообраќај во Општина Кочани, Жаклина Пауновска Анѓелковиќ апелира до сите граѓани и студенти доколку забележат какви било неправилности при превозот на патници, веднаш да ги пријават до надлежните локални и државни инспекциски органи.

За пријави до Општина Кочани, надлежен е таа и пријавите може да се извршат на телефон 078/354-079.

Неправилностите може да се пријават и до Државниот инспекторат за транспорт на телефон 02/2464-510.

Најавените нови линии оставаат надеж дека состојбата постепено ќе се нормализира, но клучното прашање останува кога Кочани повторно ќе добие автобуска станица и редовен, достапен и сигурен меѓуградски превоз.

https://kanal77.mk/propaganjeto-na-avto-atom-go-otseche-kochani-graganite-bez-sigurni-linii-studentite-plakaat-do-5-000-denari-mesechno/?fbclid=IwY2xjawUzAOtleHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMVpNYkFzbzkyQXhOdHY0NFlzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEeFYf3jIfth6WOcIFiP4VIGixVoJvIh6c4nffgM8gBEVxmOmfk_SAEle63jd4_aem_S_k9irXiDTG7NQZkBQOQvw

 


   
ОдговорЦитат
(@govrleec)
Активен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 14
 

https://www.vecer.press/lesno-metro-namesto-brt-gradskiot-voz-za-prigradskite-naselbi/

 

Предлог решение за решавање на јавниот превоз,пример на Партизанска може едната велосипедска патека да стане пруга а другата да биде проширена малку и да биде двонасочна,и плус ке може да се изградат и паркинг ленти до 30 мин на места како Буњаковец Силбо и слично



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ЈСП изгуби 30 милиони патници за 10 години – дали во Скопје умира јавниот превоз?

БРТ, лесно метро или градски воз – секоја нова идеја се претставува како решение за сообраќајниот хаос. Но, зад големите проекти стои загрижувачка реалност: за десет години ЈСП изгубило речиси 30 милиони патници годишно, бројот на исправни автобуси драстично се намалил, а граѓаните со години ја плаќаат цената на политичките несогласувања, одложените инвестиции и отсуството на долгорочна транспортна стратегија.

Скопје со години не успева да реши еден од најосновните проблеми на современото урбано живеење – како граѓаните брзо, безбедно и навреме да стигнат на работа, на училиште, на факултет или на лекар.

Во градот се менуваат градоначалници, политички мнозинства, директори на јавни претпријатија и транспортни концепти, но секојдневието на патниците останува речиси исто. Чекањето на автобуските постојки, непредвидливите интервали, преоптоварените возила и сообраќајните метежи станаа дел од скопската реалност.

Денес, во октомври 2026 година, повторно се отвора дебатата за иднината на масовниот јавен превоз. Покрај БРТ-системот, за кој е обезбедено меѓународно финансирање, експерти предлагаат и лесно метро, додека градскиот воз веќе почна да ги поврзува дел од приградските населби со Транспортниот центар.

Сите овие решенија имаат потенцијал. Но, суштинското прашање е зошто Скопје со години не успева да изгради функционална целина од јавниот превоз, иако транспортните проблеми одамна се познати.

Триесет милиони патници помалку – најсилниот доказ за кризата во ЈСП

За размерите на проблемот најдобро зборуваат податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, објавено во февруари 2026 година.

Во 2015 година со автобусите на ЈСП се превезувале 51,6 милиони патници годишно. Десет години подоцна, во 2025 година, бројката се намалила на околу 22 милиони.

Тоа е пад од приближно 57 проценти.

Истовремено, ЈСП располага со 341 автобус, но според податоците од истражувањето, дневно исправни се само 185, а во сообраќај се пуштаат 157.

Повеќе од 80 проценти од автобусите се од марките „Јутонг“ и „ЛАЗ“, а во возниот парк сè уште има и десет автобуси „Санос“ стари по 33 години. Само мал дел ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди.

Овие податоци ја разоткриваат суштината на проблемот: јавниот превоз не губи патници затоа што на скопјани повеќе не им е потребен, туку функционира со значително намалени капацитети.

Секако, за да се утврди колку од падот се должи на неквалитетната услуга, а колку на други фактори, потребно е детално истражување на патничките навики. Но, драстичното намалување на возниот парк е неспорен показател за слабеење на системот.

Колку е помал бројот на автобусите, толку се подолги интервалите меѓу поаѓањата. Колку е понепредвидлив превозот, толку повеќе граѓани се принудени да бараат алтернатива. А колку повеќе луѓе користат автомобили, толку поголем станува метежот.

Тоа е маѓепсаниот круг на скопскиот сообраќај.

Од штрајкови до блокади: Граѓаните ја плаќаат цената на политичките пресметки

Кризата во јавниот превоз не започна вчера. Во октомври 2022 година, Скопје остана без јавен превоз поради штрајк на вработените во ЈСП за неисплатени плати. Во годините што следуваа, повторно имаше прекини на превозот и незадоволство кај приватните превозници, кои бараа исплата на долговите за извршените услуги.

Проблемите дополнително се продлабочија во мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, кога политичките несогласувања со Советот на Град Скопје и со владините претставници станаа постојана тема во јавноста.

Наместо институционално координирање околу набавката на автобуси, одржувањето на постојните возила и реализацијата на големите транспортни проекти, јавноста со години следеше меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за состојбите.

Но, одговорноста за градскиот сообраќај не може да се сведе само на еден градоначалник или еден мандат.

Десетгодишниот пад на капацитетите укажува на проблем што се акумулирал низ повеќе управувачки периоди, без навремена модернизација и континуитет во инвестициите.

Граѓаните, пак, не го избираат автобусот според тоа која политичка партија управува со градот. Тие очекуваат автобусот да пристигне во предвиденото време.

БРТ – проект од 70 милиони евра што со години се движи меѓу плановите и тендерите

Брзиот автобуски превоз, познат како БРТ, беше претставен како едно од најзначајните инфраструктурни решенија за Скопје.

Уште во ноември 2020 година, Европската банка за обнова и развој одобри заем до 70 милиони евра за воспоставување систем со две главни линии, посебни автобуски коридори, современи возила, депоа и подобрен систем за управување со сообраќајот.

Во март 2026 година Владата ја потврди поддршката за реализацијата, а како планиран рок за завршување беше посочен февруари 2029 година.

Во септември 2026 година беше најавена тендерската постапка, а меѓународната претквалификација за првата фаза е објавена со рок за пријавување до 2 ноември.

И тука се наметнува прашањето: како проект за кој е обезбедено финансирање уште пред неколку години сè уште не им донел конкретна услуга на патниците?

Одлуката за БРТ може да биде оправдана од транспортен и економски аспект, но долгиот период меѓу одобрувањето на финансирањето и почетокот на реализацијата зборува за слаб институционален континуитет.

За еден главен град, изгубените години не се само административен застој. Тие значат илјадници работни денови поминати во чекање и дополнителен притисок врз веќе преоптоварената патна мрежа.

Лесно метро наместо БРТ: Дали Скопје повторно избира поевтино наместо долгорочно решение?

Новата дебата за иднината на скопскиот превоз ја отвори професорот Зоран Кракутовски од Градежниот факултет, кој во интервју за „Вечер“ оцени дека БРТ не е најдоброто долгорочно решение за масовен превоз.

Според него, Скопје треба да ја разгледа можноста за воведување лесен шински систем – ЛРС, односно лесно метро, по примерот на швајцарскиот град Лозана.

Професорот укажува на една од најголемите дилеми поврзани со БРТ: одземањето сообраќајни ленти од булеварот „Партизански одреди“.

Според неговата проценка, предвиденото издвојување по една лента во двата правци може да го намали капацитетот на сообраќајницата за околу 30 проценти.

Тој предупредува дека во јавноста не се презентирани доволно детални сообраќајни анализи, прогнози за патничките текови и економски пресметки што би покажале дали придобивките од БРТ ќе бидат поголеми од последиците врз останатиот сообраќај.

Ова е суштинска забелешка, но и прашање што не може да се реши без независна анализа.

Намалувањето на бројот на ленти за автомобили не мора автоматски да значи полоша вкупна сообраќајна услуга. Доколку БРТ превезува значително повеќе патници по час од автомобилскиот сообраќај што го заменува, една посебна лента може да обезбеди поголема ефикасност во користењето на ограничениот градски простор.

Но, тоа мора да се докаже со мерења, а не само со претпоставки.

Кракутовски предлага да се испита и варијанта со едноколосечна железничка траса, со места за разминување на возовите и денивелирани вкрстувања на клучните раскрсници.

Таков систем би можел да понуди поголема независност од автомобилскиот сообраќај, подолг работен век на инфраструктурата и предвидливи времиња на патување.

Меѓутоа, лесното метро бара поголеми почетни инвестиции, сложена инфраструктура и внимателно планирање. Едноколосечниот систем може да има ограничувања во фреквенцијата и капацитетот, а Лозана не е директно споредлива со Скопје без дополнителна техничка студија.

Затоа прашањето не е едноставно дали БРТ е подобар од лесното метро.

Прашањето е зошто јавноста нема на увид детална споредбена студија што ќе покаже колку би чинеле двата системи, колку патници би превезувале, какви би биле последиците врз сообраќајот и кој е поисплатлив во следните 30 или 50 години.

Што мора да се промени?

На Скопје му е потребна долгорочна транспортна политика што нема да се менува со секоја градска власт.

Пред сè, неопходна е независна и јавно достапна анализа на БРТ, лесното метро и градскиот воз, во која ќе се споредат инвестициите, оперативните трошоци, бројот на патници, времето на патување и влијанието врз сообраќајот.

Паралелно, мора да се обновува автобускиот возен парк, бидејќи граѓаните не можат да чекаат до 2029 година за подобар јавен превоз.

Потребна е и реорганизација на автобуските линии врз основа на реалните патнички текови, наместо механичко продолжување на мрежата создадена во поинакви урбанистички услови.

Интегрираниот билет за автобус и воз, модерните информации за пристигнување на возилата, усогласените возни редови и пристапните станици не треба да бидат далечни развојни цели, туку составен дел од секое ново транспортно решение.

Но, можеби најважно е проектите да добијат јасни рокови, редовни јавни извештаи за напредокот и институционална одговорност за нивната реализација.

Скопје не смее да остане град на вечни ветувања

Скопје денес е пред важна одлука за иднината на својот јавен превоз.

БРТ е проект со обезбедено финансирање и започната постапка за реализација. Лесното метро е алтернатива за која допрва треба да се изработи темелна студија. Градскиот воз е проект што веќе започна да функционира на една линија, но за да стане вистински дел од урбаниот транспорт потребни се дополнителни вложувања и интеграција.

Ниту еден од овие системи сам по себе нема да ги реши сите сообраќајни проблеми.

Она што недостига е доследна визија во која јавниот превоз ќе биде јавен приоритет, а не тема што се активира во предизборните кампањи и се губи во политичките конфликти.

https://trn.mk/jsp-izgubi-30-milioni-patniczi-za-10-godini-dali-vo-skopje-umira-javniot-prevoz/

 

 


   
Реагираше phenomenon
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: