Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Јавен превоз(општо)
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Јавен превоз(општо)

15 Написи
4 Корисници
21 Реакции
9 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#959]

Оваа нишка се однесува на состојбите со јавниот превоз на ниво на целата држава,воведување на јавен превоз во помалите градови низ Македонија и сите други поврзани вести во однос на ова.



   
Цитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

Икарус ќе се натпреварува со Балканот со 150 електрични автобуси

Икарус би можел да направи голем пробив на Балканот ако успее на македонскиот тендер: компанијата поднесе понуда на јавната набавка објавена од Министерството за транспорт на Северна Македонија за купување на 150 соло електрични автобуси и 75 станици за полнење.

Според македонскиот тендер, 100 од 150 електрични автобуси ќе бидат пуштени во употреба во главниот град, Скопје, а преостанатите 50 во руралните градови. Тендерот предвидува строг распоред: победникот мора да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, уште 60 во рок од 12 месеци, а преостанатите 60 во рок од 18 месеци. Крајниот рок за поднесување понуди беше 6 април 2026 година, а Икарус исто така се натпреварува.

Меѓу техничките спецификации на предметниот тендер, дометот и капацитетот на батеријата на електричните автобуси се клучен услов. Минималниот дострел наведен во тендерот е 325 километри, што го исполнува Ikarus 120e: врз основа на спецификацијата на автобусот, дострелот може да биде до 480–580 километри со умерено оптоварување. Тендерот бара капацитет за брзо полнење од најмалку 120 киловати, што го испорачува и Ikarus 120e, бидејќи автобусот може да се полни до 150 киловати. Во однос на очекуваната 4-годишна гаранција за возилата, Ikarus нуди построга 8-годишна гаранција за батериите. Во однос на снабдувањето со резервни делови, компанијата може да го исполни и минималниот 10-годишен услов благодарение на својот логистички систем базиран на Европа.

https://autopro.hu/gyartok/szazotven-elektromos-busszal-venne-be-a-balkant-az-ikarus/1589279



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Министерство за транспорт: Унгарски „Икарус“ и ЕВН ќе ги набават новите 150 електрични автобуси

Министерството за транспорт соопшти дека е завршена евалуацијата за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење. Од вкупно четири пристигнати понуди, Комисијата утврди дека три оператори не ги исполнуваат условите, по што е направен прелиминарен избор на најповолен понудувач.

За најповолна е избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус-Икарус“ и австриската ЕВН.

„’Електробус – Икарус’ и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата ‘Икарус’ треба да ги достави електричните автобуси, а компанија ‘ЕВН’ станиците за полнење“, наведуваат од Министерството.

https://press24.mk/ministerstvo-za-transport-ungarski-ikarus-i-evn-kje-gi-nabavat-novite-150-elektrichni-avtobusi/?fbclid=Iwb21leARgV4BjbGNrBGBXbmV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHkOLrYp6KKy7BIBAnwq_Uh2f-bHF3vODXTOzJiEJhMXZsvA17J4lsDekCjBx_aem_NNuSJlsxbPedocTyRcZIfw



   
2
phenomenon и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Возач на приватен автобус ги оставил патниците сред Илинден – „Не го знаел патот за назад“

Несекојдневна ситуација денеска доживеале патниците на приватниот автобус на линијата 63, откако возачот, наместо да ја заврши рутата до Мралино, ги симнал патниците во Илинден и се вратил назад кон Скопје.

Настанот се случил околу 13 часот, на линијата од Транспортен центар кон Мралино. Според сведоштвата на патниците, возачот во текот на возењето постојано кажувал дека не ја познава рутата, по што патниците почнале да му објаснуваат каде треба да вози и на кои постојки да застане.

Како што тврдат, ситуацијата кулминирала кај автобуската постојка „Илинден први мај“, во близина на кружниот тек кај маркетот „Тинекс“, каде возачот го запрел автобусот и им соопштил на патниците дека нема да продолжи кон Мралино.

Причината, според патниците, била тоа што возачот не знаел како да се врати назад кон Скопје.

Наместо да ја продолжи рутата, тој направил круг на кружниот тек во Илинден и се упатил назад, оставајќи ги патниците на половина пат.

Според возниот ред на ЈСП-Скопје, од постојката „Илинден први мај“ до крајната дестинација „Мралино“ има уште 16 автобуски постојки каде автобусот број 63 треба да застане.

Патниците велат дека по неколку минути пристигнал автобус на ЈСП-Скопје на линијата 66, со кој успеале да го продолжат патувањето. Сепак, линијата 66 не влегува во Мралино, туку поминува покрај населеното место во правец кон Миладиновци.

Граѓаните реагираат дека вакви ситуации директно влијаат врз безбедноста и довербата во јавниот превоз, особено кога патниците остануваат оставени сами да се снаоѓаат на сред рута.

[ https://nezavisen.mk/vozach-na-privaten-avtobus-gi-ostavil-patnicite-sred-ilinden-ne-go-znael-patot-za-nazad/ ]



   
😕
phenomenon и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА КУПУВАЊЕ 150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Министерството за транспорт подготвува нов

Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен во февруари годинава планираше да набави 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи.

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт.

-Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок – велат оттаму.

Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен во февруари годинава планираше да набави 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи.
Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

https://plusinfo.mk/ponishten-tenderot-za-kupuva-e-150-elektrichni-avtobusi-ministerstvoto-za-transport-podgotvuva-nov/

Повторно пропадна тендерот. Не ми личи дека Скопје ќе ги види тие автобуси за брзо...



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Општина Кавадарци започна со дигитализација на автобуските постојки, при што осум веќе се целосно модернизирани со систем за следење на автобусите во реално време, видео надзор и дигитални информативни табли.

https://www.instagram.com/reel/DYrresZFFuK/



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Kavadarci e pravo germansko gradce ( mislam na sredenosta i funkcionalnosta na gradot )



   
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Kavtown Дефинитивно. Ако некогаш би се преселил од Скопје, Кавадарци би ми бил прв избор.



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Осум, од вкупно 35 автобуски постојки за Градскиот превоз во Кавадарци се комплетно дигитализирани. Оваа модернизација во вредност од 1,4 милиони денари овозможува следење на движењето на автобусите во реално време со што се заштедува и времето на чекање на граѓаните, а и точно планирање на нивните обврски без задоцнувања. Освен ова, дигитално автоматизираните постојки се обезбедени и со видео-надзор, а има и тотеми на кои ќе можат да се рекламираат фирми со што би се намалиле трошоците на ЈП „Градски превоз“ за тековното одржување на овој современ систем.

https://alfa.mk/opshtina-kavadarczi-gi-digitalizira-avtobuskite-posto%D1%98ki-za-gradskiot-prevoz/?fbclid=Iwb21leASBYIhjbGNrBIFghGV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHqUUBnuTk0DXjrsag-blfbO0fTfB-pWNC6L1N683B5N_nijMQQS2Vg7YmTrX_aem_ikej3tLFOQkRdwgvXqLi7A



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

@akul1122
Четири понуди првично беа примени за една од најзначајните набавки на електрични автобуси во балканскиот регион оваа година, но до крајот на фазата на евалуација остана само еден тендер во конкуренција. Конзорциумот Electrobus Europe–EVN се покажа како најповолен понудувач, кој, според тогашната ситуација, го доби правото да испорача вкупно 150 чисто електрични градски автобуси Ikarus 120e V4 и 75 приклучни полначи. Сепак, процесот не дојде до склучување на договорот, како во претходниот десетдневен мораториум против резултатите од тендерот беа примени и два правни лекови. Една жалба беше поднесена на 6 мај од кинескиот автобус Xiamen Golden Dragon Bus, кој, иако не беше меѓу оценетите понудувачи, сè уште спроведуваше правни лекови во врска со постапката. Потоа, на 8 мај, Actrus Ventures Dooel од Северна Македонија, исто така, ја оспори одлуката.

На крајот, постапката за правен лек заврши со најнеповолен можен резултат од гледна точка на Електробус Европа. Според Министерството за транспорт на Северна Македонија, Комитетот за жалби за јавни набавки (ДКЖЈН) по службена должност донел одлука за поништување на целата постапка за јавни набавки, па резултатот од тендерот не можел да стане конечен. Според министерството, за време на првичната евалуација, тројца понудувачи – веќе споменатиот Actrus Ventures Dooel, како и Кинезот Zhongtong и турскиот BMC – не ги исполниле условите на тендерот. Во случајот со Actrus, кој тендерираше со автобусите на King Long, и Zhongtong, беше воспоставена неважечка банкарска гаранција, додека BMC не достави соодветна банкарска гаранција, а исто така не ги исполни техничките услови. Меѓутоа, во случајот со конзорциумот Electrobus Europe–EVN, кој остана единствениот на конкурсот, комисијата од второ ниво дојде до заклучок дека еден елемент од документацијата за соработката е потпишан на хартија, но не е обезбеден со електронски потпис, кој беше класифициран како формален недостаток од гледна точка на постапката. Како резултат на тоа, не само што беше поништен најавениот резултат, туку беше поништена и целата постапка за јавни набавки.

https://magyarbusz.info/2026/05/26/megsemmisitettek-az-ikarus-eszak-macedon-tendergyozelmet/



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ТРАСАТА ЗА АВТОБУСКИОТ БРТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ, НАМЕСТО НИЗ СРЕДИШНОТО ЗЕЛЕНИЛО ЌЕ ОДИ ПО ЛЕНТАТА ДО НЕГО

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски очекува до крајот на годинава да почне реализацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Ѓорѓиевски на последната седница на Советот на Град Скопје на 9 јуни, одговарајќи на советнички прашања кажа дека проектот ќе се реализира, нема откажување од него и дека се подготвува документацијата за распишување на тендерот.

Од тимот во Град Скопје кој работи на имплементација на проектот БРТ за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека месецов ќе биде распишен тендерот за претквалификација за изградба на трасата на првата линија од Ѓорче Петров од Ново Лисиче и на две депоа. По завршување на претквалификациската фаза ќе биде распишан тендер за избор на фирма за проектирање и изведба.

Од Градот велат дека одат со претквалификација за да се постават високи критериуми за фирмите кои ќе учествуваат и понуди да поднесат компании кои имаат искуство со имплементација на системи за јавен транспорт. Тие што ќе ги исполнат условите ќе учествуваат на тендерот.

Според идејното решение, едното депо ќе биде во Ново Лисиче, а другото во Ѓорче Петров каде се наоѓа базата на ЈСП „Скопје“.

„Кај депото во Ѓорче Петров се предвидува изградба на паркинг простор. Идејата е луѓето кои од другите градови влегуваат во Скопје да може тука да се паркираат и одма да се качат во автобусите на БРТ. Исто така и жителите на околните населби, Хром, Волково, Ѓорче Петров 2 од дома ќе може до тука да дојдат со кола или велосипед, и со јавен превоз за 20 да стигнат до центарот на градот, а за 35 минути до Ново Лисиче“, велат од Град Скопје

https://sdk.mk/index.php/naslovna/do-krajot-na-godinava-ke-pochne-izgradbata-na-trasata-za-avtobuskiot-brt-prevoz-vo-skopje-namesto-niz-sredishnoto-zelenilo-ke-odi-po-lentata-do-nego/



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

Не се баш најточни рутите и станиците, како и возните редови, но ориентационо може да послужи:

https://atlasmkd.com/kumanovo/bus-routes/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси

Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата – информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

– Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен и ќе имаме успешна набавка на автобуси. Се надевам дека искуствата од минатиот повик се поука и за компаниите да подготват добра и квалитена документација – изјави Никооски, одговарајќи на новнарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разглдува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста.

Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.

[ https://nezavisen.mk/chetiri-kompanii-aplicirale-na-tenderot-za-nabavka-na-elektrichni-avtobusi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Објава од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски:

❤️ ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА СКОПЈАНИ!

Драги мои сограѓани,

🫡 Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

🤝 Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Hristijan Mickoski, како и до министерот Aleksandar Nikoloski за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.

🚍 Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.

🚎 Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.

📜 Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.

🫵 За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи!

Кога се сака, сѐ се може!

❤️ Скопје го правиме заедно. По скопски!



   
3
Реагираа phenomenon, Skopje и Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: