Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Транспортен Центар ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Транспортен Центар и Меѓуградска Автобуска Станица

11 Написи
3 Корисници
23 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1011]

Оваа нишка се однесува на состојбата со Транспортниот Центар(делот на ЈСП) и главната меѓуградска автобуска станица Скопје.
Сите актуелности поврзани со нив ќе бидат споделени тука.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Историја на Скопската автобуска станица

Развојот на автобускиот сообраѓај на еден град е тесно поврзан со развојот на самиот град. Градот Скопје има, речиси, вековна традиција кога станува збор за главната автобуска станица. Поради низа на причини нејзината локација не била постојана со текот на времето, но како објект секогаш ја обавувала својата должност.

Меѓународната автобуска станица во Скопје е најголемата автобуска станица во Република Македонија. Станува збор за автобуска станица која што спроведува најголем број на возни редови, како во земјата така во странство. Не постои поголемо место во Република Македонија до кое што нема возен ред од Скопје до него и обратно. Исто така треба да се истакне дека од автобуската станица се возат и меѓународни возни редови. Во моментов од Скопје тргнуваат автобуси кон 20 европски држави.

Секоја година бројот на возни редови кои што се реализираат од автобуската станица се зголемува. Исто така треба да се истакне дека и бројот на патници кои што ги користат услугите на автобуската од година во година расте.

На следната линија на времето може да ги забележите најважните моменти од развојот на Меѓународната автобуска станица во Скопје.

1966

По земјотресот во 1963 година, тогашниот најпознат јапонски архитект Кензо Танге бил ангажиран да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје.

Како дел од тој проект била и изградбата на модерната железничка станица, на чија локација се наоѓа и денешната автобуска станица.

2003

Во 2003 година се започнува со изработка на проект план за новата автобуска станица.
Во истата се предвидени 31 перон од кои 7 се наменети за пристигнување, додека 24 за поаѓање. Идејата на проектот е заснована на високите европски стандарди за да во целост одговара не само на потребите на жителите на Скопје, туку на целата наша земја, регионот и пошироко.

2004
2004 е година кога проектниот план е комплетно завршен и се пристапува кон негова реализација.

Пристапот на станицата е направен со влезно – излезно решение, кое нуди брз проток на автобуси, како и сепарирање на патниците кои пристигнуваат и заминуваат од истата.

2005
Отворена новата автобуска станица која се простира на вкупна површина од 2670 метри квадратни и е дадена на 10 годишна концесија на Руле Турс ДОО. Карактеристичен модерен стилски изглед, споен со мултифункционалноста на објектот и квалитетната услуга придонесува за исполнување на стандарди во модерниот свет

2007
Поради професнионалниот однос на раководството, за многу кратко време се отвараат ресторани, туристички агенции, осигурителни друштва, тобако, казино и неколку кафетерии. Можностите кои ги нуди меѓуградската станица придонесе услугите да ги користат над 150 транспортни претпријатија

2009
За комфорен престој на патниците се грижи 90 член високо професионален персонал. Задоволството на патниците е наш најголем успех. Секој ден, 24 часа, 365 дена во годината автобуската станица е отворена за патниците. Располага со три чекални за патниците,паркинг за автобуси, гардероба- која работи 24 часа, менувачница, тоалет

2013
Анализите и фактичката состојба зборуваат дека можат да ги задоволат потребите на автотранспортниот сообраќај до 2050 година

[ http://www.sas.com.mk/History.aspx ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Деновиве почнаа со фарбање на столбовите и дел од ѕидовите во делот од Зегин кон Шехерезада и делумно кон поштата

од твитер



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@stef4o Уште две слики:

https://www.instagram.com/p/DYonxJiCDVw



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Веројатно наскоро ќе отпочне и т.н генералка на екстериерот,плочките,платформите и настрешниците со оглед на тоа дека веќе е избрана фирма од охридско Пештани да ги изведува овие работи АНМАРИН ДООЕЛ.



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(ФОТО+ВИДЕО) По децении запуштеност, започна чистењето на Железничката станица во Скопје, се подготвува и проект за целосна реконструкција

Како прв чекор од најавеното чистење Ивановски вели дека веќе се отстранети речиси сите билборди, светлосни реклами и со години напластуваните информативни постери

Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информира дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект.

Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, нелегални постери, графити и несоодветни содржини и недоволна хигиена.

Како прв чекор од најавеното чистење Ивановски вели дека веќе се отстранети речиси сите билборди, светлосни реклами и со години напластуваните информативни постери.

Ивановски посочува дека еден од комерцијалните субјекти одбил сам да ја отстрани својата реклама.

По расчистувањето на рекламниот хаос, екипите на терен ќе продолжат со активности за подигнување на генералната хигиена во внатрешниот и во надворешниот дел на објектот.

Паралелно со чистењето, менаџментот на претпријатието веќе презема чекори за долгорочно решение и модернизација на станицата. За таа цел се воспоставени соработки со клучни научни и образовни институции.

Од јавното претпријатие признаваат дека процесот на враќање на нормалниот изглед на Железничката станица нема да биде лесен, но нагласуваат дека промените мора да почнат веднаш. За успешната реализација на секојдневните активности на терен, Ивановски изрази благодарност и до полициската станица на МВР, која е лоцирана во склоп на самиот објект.

Инаку, според најавите на министерот за транспорт Александар Николоски, од септември годинава треба да биде пуштена првата линија од проектот „Градски воз“, кој ќе сообраќа од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до Железничката станица Скопје.

[ https://360stepeni.mk/foto-video-po-detsenii-zapushtenost-zapochna-chisteneto-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-skopje-se-podgotvuva-i-proekt-za-tselosna-rekonstruktsija/ ]



   
3
❤️
2
Govrleec, akul1122, Govrleec и 2 луѓе реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје.
Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.
Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект "накитен" со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена.
Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности.
За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза Донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена.
Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица.






[ https://www.facebook.com/photo?fbid=10232544828106058&set=pcb.10232544834306213 ]



   
3
❤️
2
Govrleec, akul1122, phenomenon и 2 луѓе реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

https://www.instagram.com/reel/DYwlJDVo7vE/

Денеска продолжуваат со чистење



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Убав потег после толку години запуштеност и запоставеност на овој простор.
Меѓутоа треба да се решат и други работи
1.Пред се од плочките да се извадат сите залепени мастики и други отпадоци или пак целосно да се заменат плочките од двете страни со оглед дека голем дел од нив се испукани и искршени.
2.Да се среди истекувањето на водата од клима уредите поставени од ресторанот Јужна Пруга бидејќи водата се разлева по целата патека.
3.Треба да се подобри осветлувањето особено во делот околу двата влеза во Железничката кои сега се во полумрак.
4.Да се отстранат оние полуискршени излози каде на времето се поставувале некакви информации за возни редови и реклами.

И секако темелна реконструкција во внатрешноста,активирање на ескалаторите,средување на шалтерите и голем број други активности бидејќи потегот од влезот па се до горе до платформите е језив без никакви содржини,тотална нехигиена,искршени и валкани излози од дуќани кои со децении не работат.

Многу зависи колку навистина ќе заживее железницата пред се со проектот Градски Воз бидејќи ако нема развој и интерес со тек на време повторно ќе дојдеме во слична ситуација односно просторот повторно ќе биде собиралиште на бездомни лица и мирис на урина и измет наоколу.

Треба да се среди и влезот/излезот на Меѓуградската автобуска станица на паркингот има диви таксисти,премногу ситни отпадоци и валкани плочки.



   
3
❤️
akul1122, Skopje, Bukefal и 1 луѓе реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Гледам дека има и друга нишка за железничкава станица, па објавив и таму за чистењето.



   
Реагираше stef4o
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@Skopje
Не е проблем,таа нишка повеќе би ни служела во иднина за следење на активностите поврзани со најавената темелна реконструкција на станицата.



   
Реагираше Skopje
ОдговорЦитат
Сподели: