Со мост и кружен тек ќе се поврзат Сарај и Ѓорче Петров
Според првиот човек на Градот, Орце Ѓорѓиевски, проектот предвидува кружен тек со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри. Вкупната должина на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и со мостот, изнесува 1.172 метри.
– Од двете страни ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и за слабовидните лица – истакна Ѓорѓиевски и додаде дека со оваа инвестиција ќе се обезбедат ново и директно сообраќајно поврзување меѓу Сарај и Ѓорче Петров, полесно и побезбедно движење, подобра сообраќајна поврзаност и нова развојна перспектива за целиот западен дел на Скопје. И додека се најавува уредување на западната порта на градот, граѓаните од источниот дел, поточно од страната на Гази Баба, реагираат дека се заборавени иако, како што велат, најголемиот метеж е на влезот на Скопје на источната страна
Од страната на Сарај, Скопје ќе добие нов, современо уреден влез. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека станува збор за значаен капитален проект што ќе ја поврзе Општина Сарај со Ѓорче Петров.
Според првиот човек на Градот, проектот предвидува кружен тек со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри.
Вкупната должина на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и со мостот, изнесува 1.172 метри.
– Од двете страни ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и за слабовидните лица. Создаваме современа, безбедна и целосно пристапна инфраструктура наменета за возачите, велосипедистите, пешаците, за сите граѓани подеднакво – истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека со оваа инвестиција ќе се обезбедат ново и директно сообраќајно поврзување меѓу Сарај и Ѓорче Петров, полесно и побезбедно движење, подобра сообраќајна поврзаност и нова развојна перспектива за целиот западен дел на Скопје.
– Нема повеќе заборавени населби, запоставени општини и поделби на важни и на помалку важни граѓани. За нас, Скопје е една целина и секој негов дел заслужува еднаква грижа, современа инфраструктура и вистински развој – нагласи градскиот татко.
Средствата се обезбедени со ребалансот на буџетот, кој беше донесен на последната седница на Советот на Град Скопје, за што во Развојната програма се предвидени 420 милиони денари.
И додека се најавува уредување на западната порта на градот, граѓаните од источниот дел, поточно од страната на Гази Баба, реагираат дека се заборавени.
– Сведоци сме дека сиве овие години од функционирањето на локалната самоуправа Општина Гази Баба, и покрај тоа што придонесува со најголем буџет во градот, се инвестира најмалку. Со вчерашниот ребаланс на буџетот, повторно Гази Баба извиси – коментираат „зелените“ од Гази Баба.
На профилот на градоначалникот на Град Скопје, граѓанин коментира дека најголемиот метеж на влезот на Скопје е на источната страна, а се гради мост и кружен тек во Сарај и прашува: „Кај ви е логиката?“
– Имате изработено техничка документација за нов мост Аеродром – Гази Баба во јули 2024 година, за кој Градот платил 180 илјади евра. Не го започнувате овој проект. Ветувате проширување на „Александар Македонски“ со трета лента, овој дел е закочен од сообраќај 12 часа на ден, метеж од влезот на Скопје до семафорот во Автокоманда, кој, патем, треба да е кружен тек, ни тоа не го почнувате. Најверните гласачи, веројатно, се од Гази Баба и за нив само ветувања – му се обраќа граѓанин на скопскиот градоначалник.
Инаку, со ребалансот, градската каса дополнително е зголемена со 61,76 милиони денари, со што основниот буџет на Град Скопје достигнува 5.324.649.755 денари.
Според Ѓорѓиевски, тоа е резултат на остварените заштеди, финансиската дисциплина и на кратењето на непродуктивните трошоци.
Притоа, со ребалансот на буџетот се обезбедени и нови 61 милион денари за европската престолнина на културата – Скопје 2028, дополнителни средства за онколошките пациенти, за нови клупи и столчиња, ИТ-опрема, училишни кабинети, игралишта, фитнес-зони, како и средства за ски-викенд за средношколците по успешната реализација на бесплатниот летен камп. Потоа, обезбедени се нови 25 милиони денари за реконструкција на помалите улици во скопските општини и 10 милиони денари за чистење на депониите.
– Истовремено, додека ги зголемуваме буџетот и инвестициите, ги намалуваме наследените обврски. За само девет месеци, вкупните обврски на Град Скопје, јавните претпријатија, културните установи и на средните училишта ги намаливме за 60,2 милиони евра – нагласи Ѓорѓиевски.
Тој вели дека значително се намалени обврските и во сите јавни претпријатија, половина од културните установи се целосно раздолжени, а кај другите, обврските се значително намалени.
https://www.vecer.press/so-most-i-kruzhen-tek-ke-se-povrzat-saraj-i-gorche-petrov/
Визуелизациите за проектов(извадоци од видео објавено од градоначалникот на Град Скопје)
https://www.facebook.com/reel/1362119112657643
А знае некој каде точно е локацијата на овој проект. најубво некоја скица на мапа од гугл?
@brewflux proektot e objaven na resenija.mk,ima i drugi proekti tamu kako za boviot most kaj Vardariste,Momin Potok i drugi
@govrleec Одлично, ти благодарам за сугестијата. Ќе ја тргнам објавата за да не ги збунува останатите членови. Сепак приближно сум го погодил потегот на улицата.
ЌЕ СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК И НОВ МОСТ ЗА ВЛЕЗ ВО САРАЈ, ПОСТОЕЧКИОТ ЌЕ БИДЕ САМО ЗА АВТОБУСИ
Град Скопје ќе гради кружен тек и нов мост за влез во Сарај. Откако ќе биде пуштен новиот, постоечкиот мост ќе биде само за автобуси.
Проектот предвидува кружен тек со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри. Вкупната должина на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и мостот, изнесува 1.172 метри. Од двете страни на мостот ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и слабовидните лица.
„Со години, западниот влез на Скопје е сив и затоа сега правиме реконструкции на пешачките патеки на влезот во Ѓорче Петров и садиме зеленило и дрвја. Дополнителна вредност на овој дел од градот ќе даде кружниот тек и новиот мост којшто ќе помогне за развој на индустриските објекти таму кои сега немаат пристап. Оваа е делница користена и од туристи, тоа е патот кој води кон Матка. И на Матка ќе имаме инвестиции откако Градот ќе ја преземе во своја надлежност. Со оваа инвестиција ќе обезбедиме ново и директно сообраќајно поврзување меѓу Сарај и Ѓорче Петров, полесно и побезбедно движење, подобра сообраќајна поврзаност и нова развојна перспектива за целиот западен дел на Скопје“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Единствената смисла што можам да ја најдам, за инвестирање во овој проект за градење на нов мост (кој за да се поврзе со главниот пат во Сарај ќе бара експропијација на неколку комерцијални објекти, можеби некој сака да направи пари од нив) и да се задржи стариот мост само за автобуси е ако БРТ се продолжува по Бул Ѓорче Петров до Сарај. На дадената карта тој простор делува доста тесно со оглед дека ‘западниот влез за Скопје‘ таму каде што е клучката од Скопската заобиколница кон автопатот кон Тетово.
Од искуство колку сообраќај има кон и од Сарај се сомневам дека зголемен капацитет е потребен, но не отфрлам дека семафорската раскрсница пред постоешкиот мост може да се трансформира во кружен тек. Некако имам впечаток дека средствата може да се искористат на по жешки точки во градот. Секако како и секогаш тука има простор дека ова е резултата на некои политички и коалициски договори.
Дополнително во текстот се наведува патната врска со Матка. Бидејќи имам богато искуство со одење на Матка, главните предизвици се прво сообраќајот по главната улица во Сарај. И второ уште побитно несоодветниот пат низ с. Глумово каде последниве декада-две во лето е многу несигурно како за возилата како и за локалното население, бидејќи на селски пат кој има две три тесни грла каде едвај можат две поголеми патнички возила да се разминат и тоа на угорница, се движат редовно туристички автобуси.
Сите овие најави и објави во медиумите од властите ќе влеваат повеќе доверба ако се попрецизни и фактички поткрепени.
Се очекува кружниот тек да ја намали гужвата на влезот во Сарај, најавено е и рушење на објектите
Големата сообраќајна гужва на влезот во Сарај, за која жителите се жалат со години, се очекува да се реши со изградба на кружен тек, нов мост и булевар. За овој проект се предвидени околу 7 милиони евра, а во меѓувреме се очекува да започне постапката за јавна набавка. Од Град Скопјe велат дека за време на реализацијата на проектот може да се рушат или дислоцираат некои објекти што се наоѓаат на планираната траса, пишува Порталб.мк.
Жителите бараат кружен тек
Кружниот тек во Сарај е неопходен поради големиот сообраќаен метеж, велат жителите на овој крај. Според нив, недостатокот на директна врска со Кондово ги принудува возачите да користат дополнителни патишта, при што во овој дел се создаваат и големи сообраќајни метежи.
„Бидејќи има најава дека ќе се гради, жителите овде не се против неговата изградба, затоа што тука има потреба од кружен тек поради густиот сообраќај“, изјави еден жител на Сарај.
Според него, проблемот е уште поголем за возачите што патуваат во правец на Кондово, кои мора да патуваат околу два километри повеќе за да стигнат до ова населено место.
„Тука има проблем со сообраќајот. Оние што треба да одат од Сарај до Кондово мора да се отидат еден километар подолу, потоа да патуваат уште еден километар за да се поврзат со Кондово. И оние што се во Ѓорче или Кондово кои сакаат да отидат до град, немаат право тука. Тие го користат другиот пат, „4 Јули“, а граѓаните се изложени на
ризик во густиот сообраќај. Со кружниот тек, зависи каде ќе се гради, и тој проблем треба да се реши“, рече жителот.
Властите најавија решение
Од Град Скопјe соопштија дека на планираната траса на проектот се евидентирани постојни згради и имоти. Нарачан е геодетски елаборат за да се утврди нивната сопственост и состојба.
„На трасата на планираните инфраструктурни интервенции се евидентирани објекти и имоти вклучени во проектот. За таа цел, Град Скопјe веќе нарачал изработка на геодетски елаборат, со кој прецизно ќе се утврди структурата на сопственост и состојбата на објектите и имотите“, изјавија од Град Скопјe за Порталб.мк.
Оттаму додаваат дека, „доколку се утврди дека одредени објекти или имоти се наоѓаат на трасата на проектот и се неопходни за негова имплементација, тие можат да се рушат или дислоцираат, во согласност со законската постапка за експропријација“.
Што се одесува до временските рокови од Град Скопјe нагласуваат дека се очекува постапката за јавна набавка, вклучително и потпишувањето на договорот, да заврши во рок од 60 дена, освен ако нема дополнителни околности. Рокот за изградба ќе биде утврден со договорот со избраната компанија. Проектот вклучува и средување на
коритото на реката Вардар.
Градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, проектот го оцени како важен за жителите, велејќи дека со него ќе се реши еден долгогодишен инфраструктурен проблем.
„Овој проект е многу значаен за нашата општина и за самите жители на општината. Со него се решава еден долгогодишен проблем на Општина Сарај, при што Општина Сарај ќе биде поврзана со нејзините два дела, Дрвени и делот во Кондово“, изјави Eлмази.
Според Елмази, кружниот тек е првата фаза од проектот, а втората фаза опфаќа и поврзување со Кондово. Тој изјави дека за проектот се издвоени околу 420 милиони денари, или 7 милиони евра.
Стари ветувања за кружниот тек во Сарај
Кружниот тек во Сарај не е нов проект, бидејќи низ годините е ветуван неколку пати.
Во 2017 година, кружниот тек во Сарај беше дел од изборната програма на поранешниот градоначалник на град Скопјe, Петре Шилегов, како дел од проектот за „Западната порта на град Скопјe“.
Четири години подоцна, за време на кампањата за локалните избори во 2021 година, и Данела Арсовска вети изградба на нов кружен тек на влезот во Сарај. И двете ветувања останаа неисполнети за време на нивните мандати, а сега проектот е повторно на агендата, овој пат проширен со новиот мост и булеварот.
@mirakuliks за сарај немаат други проекти готови,а мораат да сработат нешто за да задржат гласови,а инаку БРТ се планира да оди до езеро Треска па добро е што ке се изгради алтернативен пат за другите возила,а кружните текови на трасите на БРТ го намалуваат протокот,па затоа е добро да се реализира овој проект иако има други побитни.







