Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Кочански сообраќај

10 Написи
3 Корисници
4 Реакции
350 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#1018]

Во оваа нишка ќе ги следиме инфраструктурните проекти во Кочани.



   
Цитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 183
 

13.03.2026

ИНВЕСТИЦИИ ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КОЧАНИ Tри инфраструктурни проекти ќе го сменат ликот на градот

Ќе се гради влезниот булевар, мост на Кочанска река и цевковод со кој ќе се овозможи чиста вода за пиење за поголем дел од градот.
– Почнуваме со реализација на влезниот булевар, кој што е проценет на вредност од околу 2 милиони евра и очекуваме во наредните година и половина да биде завршен. Мостот на Кочанска река е со вредност од околу 350.000 евра. Проектот за водоводот е почнат во 2013 година, а сега ќе се доврши со изработка на еден потисен цевковод кој што треба да овозможи чиста вода за пиење за поголем дел од градот. Овој проект е вредност од околу 1.100.000 евра и исто така очекуваме за една година да биде завршен – рече Николоски.

Тој додаде дека Кочани е приоритет и така и ќе остане во следниот период.

Повеќе детали тука.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Половина година се реконструираат 280 метри од крак на „Бел Камен“ во Кочани






Близу половина година се реконструираат 280 метри од крак од улицата „Бел Камен“ во Кочани, откако на 1 ноември минатата година започнаа градежните работи на улицата.
Според договорот вреден близу 11 милиони денари на површина од 280 метри должина и 6 метри ширина, изведувачот на работите „Стентон Градба“ до сега требаше да изработи комплетно нова улица со нова атмосферска канализација, два слоја асфалт, нови тротоарски површини, улични рабници и замена на тампонот.

Граѓани реагираат дека реконструкцијата трае премногу долго што им го отежнува секојдневното функционирање веќе половина година. Реагираат дека целосно им е отежнат пристапот до домовите, трпат штети на своите автомобили, а калта од улицата шест месеци си ја носат во дворовите и домовите. Градежници и работни машини ретко гледаат на улицата, доѓаат на две недели и потоа ги снемува и нема континуитет во реконструкцијата.

Апелираат улицата да се заврши што е можно побрзо, а доколку е пробиен рокот да се наплатат соодветни пенали бидејки истата е платена со пари од граѓаните.

[ https://glasno.mk/polovina-godina-se-rekonsturiraat-280-metri-od-krak-na-bel-kamen-vo-kocani/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 

Се одвиваат работите од првата фаза за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“

Apr 28, 2025

 

Во тек се градежните активности од првата фаза за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“.

Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се бетонираат стопите и се поставува арматурата за потпорните ѕидови. Избраните економски оператори „Стентон градба“ – Битола и „Стоименов“ – Кочани работат на темелната конструкција на потпорните ѕидови, од којашто се изградени стотина метри.

Целосната реконструкција на булеварот ќе се одвива од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри.

Вкупната сума за реализација на договорот за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“ изнесува 88.463.567 денари, средства одобрени за Општина Кочани од унгарскиот кредит Владата на РС Македонија. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со сопствени средства во износ од 3 милиони денари.

undefined

undefined

undefined

undefined

https://arhiva.kocani.gov.mk/%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 

Промена на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани согласно сообраќајна документација

Oct 29, 2025

Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација.

Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад, на ул. „Љупчо Сантов“.

Еднонасочна ќе биде ул. „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Градскиот плоштад кон кружниот тек кај Двојниот мост на ул. „Никола Карев“.

Промената на режимот на овие улици е резултат на констатираните проблеми на стационарниот сообраќај односно недостатокот на места за паркирање на возила во централно градско подрачје.

Предлог-сообраќајниот режим беше разгледуван и надополнуван на неколку јавни расправи со претставници на локални институции и претпријатија, транспортни и такси-компании, стручни лица, граѓански организации, претставници од ПО за БПС Кочани и ОСБСП, ТППЕ и ДПД, Итната медицинска помош,  урбани и месни заедници, советници, поединци и групи граѓани.

Избран економски оператор изготви и достави основен сообраќаен проект и стручна ревизија, по што СВР – Штип даде согласност, а Општина Кочани издаде решение за утврдување на режим на сообраќај за динамичен и стационарен сообраќај во централно градско подрачје во Кочани.

Општина Кочани и Подрачното одделение за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани заеднички работеа на решенијата за надминување на актуелните проблеми во сообраќајот во централното градско подрачје, а промената ќе се реализира наскоро во координација со ПО за БПС Кочани.

https://arhiva.kocani.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%BE-%D1%86%D0%B5%D0%BD/

https://archive.ph/YCtf8

 



   
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 

Сменет режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Dec 17, 2025

Започна да се применува новото сообраќајно решение во централното градско подрачје на Кочани.

– Од новото сообраќајно решение очекуваме подобрување на движењето во Кочани, подобра циркулација, побрз проток и побезбеден пристап. Сообраќајното решение не е комплицирано, од овде, од кружниот тек кај Полициската станица по улицата во насока од југ кон север по „Кеј на револуцијата“ до Градскиот плоштад сообраќајот ќе се одвива во една насока; од другата страна на реката по улицата „Маршал Тито“ сообраќајот исто така ќе се одвива во една насока, од Плоштадот кон Двојниот мост или ако сакате од север кон југ. Ова сообраќајно решение не е од вчера, овој проект се работи неколку години и во него учествуваа многу стручни лица, експерти во оваа област, граѓански здруженија, многу други консултантски бироа. Очекуваме да го добиеме посакуваниот ефект и барам од граѓаните соработка со службите, со институциите, барам трпение и се надевам на многу подобро регулирање на сообраќајот во Кочани – соопшти градоначалникот Владко Грозданов, на самиот старт од примената на новиот сообраќаен режим.

Наредниве денови ќе се работи на комплетирање на вертикалната и на хоризонталната сообраќајната сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива со поддршка од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани.

Линк од сообраќајниот режим

https://arhiva.kocani.gov.mk/%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82-%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%BE-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0/

https://archive.ph/wip/OJMlI

 

 



   
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 
Времен режим на сообраќајот на улица "Тодосија Паунов" во Кочани
 
02.03.2026
 
Поради градежни активности
во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улица „Тодосија Паунов“. Времениот режим на сообраќајот се однесува за потегот од кружниот тек кај бензинска пумпа Макпетрол, Атомски згради до СОУ"Гошо Викентиев" Кочани. Сообраќајот на источниот влез во градот ќе се одвива во двата правци на левата коловозна лента во правец кон Виница а на десната коловозна.лента ќе се изведуваат градежни работи.Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи.
 
 

 



   
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 

Сообраќајот на кракот од ул. „Маршал Тито“ ќе биде двонасочен – в понеделник, 6 април, ќе се поставува сигнализација за промена на режимот

Apr 3, 2026

 

Промената на режимот на сообраќај од еднонасочен во двонасочен, на кракот од ул. „Маршал Тито“ што се спојува со улицата „Димитар Влахов“ ќе започне по поставување на сообраќајната сигнализација.

За таа цел, в понеделник, 6 април, ќе се поставува соодветната сообраќајна сигнализација на овој уличен крак.

Спроведувањето на промената на сообраќајниот режим ќе се реализира во соработка со полициски службеници на ПО за БПС Кочани. Заради безбедно и брзо завршување на работите, се известуваат граѓаните да не ги паркираат возилата на кракот од ул. „Маршал Тито“.

https://arhiva.kocani.gov.mk/сообраќајот-на-кракот-од-ул-маршал-т/

https://archive.ph/Lfxi5



   
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 
Денеска се асфалтира вториот дел од булеварот „Тодосија Паунов“, како дел од активностите за целосно уредување на овој значаен сообраќаен правец.
По поставувањето на атмосферската канализација, поставени се сите предвидени сливници и шахти, а извршено е и испитување на насипот согласно предвидените процедури. По утврдувањето на состојбата и подготвеноста на тампонскиот слој, механизацијата на економскиот оператор „Стоименов“ го асфалтира коловозот на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до СОУ „Гошо Викентиев“. Вкупната должина на потегот што се асфалтира изнесува 1.040 метри.
Во рамките на уредувањето на булеварот, обезбеден е тротоар за безбедно и непречено движење на пешаците, а предвидена е и велосипедска патека, како дел од целокупното сообраќајно уредување на овој простор.
По завршувањето на тековните работи ќе следува поставување на вториот слој асфалт, со што овој дел од булеварот ќе го добие својот конечен коловозен слој.
Со завршувањето на оваа делница, наскоро се очекува целосно заокружување на асфалтирањето на патниот правец Кочани – Виница, со подобрени услови и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот
 
 

 



   
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 
По завршеното асфалтирање на десната коловозна лента на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, се менува времениот режим на сообраќај на оваа делница.
 
Во правецот Кочани – Оризари возилата ќе ја користат реконструираната коловозна лента, додека градежните работи ќе се префрлат на левата лента.
 
На средба со локалните медиуми градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, заблагодарувајќи им се на граѓаните за трпението, соопшти дека очекува поинтензивни градежни активности и побрза целосна завршница на овој значаен инфраструктурен проект.
 
Инспекторката за општински патен сообраќај Жаклина Пауновска Анѓелковиќ ги повика сите учесници во сообраќајот внимателно да се движат и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
 
На булеварот „Тодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри се изведени атмосферска канализација, тротоар и велосипедска патека. Инвестицијата за реконструкција изнесува 88,9 милиони денари, од кои Министерството за транспорт обезбеди 85,5 милиони, а Општина Кочани 3,4 милиони денари. За изградба на атмосферската канализациска мрежа, Владата одобри дополнителни 62,5 милиони денари.
 
 

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: