Градоначалникот на Skopje, Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski , соопшти дека Советот на градот го усвоил ребалансот на буџетот со кој се обезбедуваат дополнителни 166 милиони денари за нови капитални проекти во главниот град.
Според него, средствата се насочени кон инфраструктурни решенија кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните, без нови задолжувања.
Еден од главните проекти е изградба на нов кружен тек кај НБРМ, сообраќајна точка која важи за една од пооптоварените во централното градско подрачје. Очекувањата на градските власти се дека новото решение ќе донесе поголема проточност и ќе го намали метежот кој секојдневно го создаваат илјадници возила.
[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1808081477188674&set=a.754505892546243 ]
Ќе се гради кружен тек кај комплекс банки

Кружен тек нај комплекс банки или кај „Веро – Џамбо“ ќе се изгради во наредниот период, а тоа треба да придонесе за растоварување на сообраќајот на оваа крстосница.
Со ребалансот на буџетот на Град Скопје, се планира изградба на кружен тек кај комплекс банки, крстосница, која редовно, секој ден, особено во шпицот наутро и попладне, го закочува и успорува сообраќајот нво Скопје.
На крстосницата меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Кочо Рацин“ на овој начин ќе се олесни транзитот на граѓаните, сметаат градските власти.
Пари за оваа намена се обесбедуваат преку Предлог-Програмата за измена на Програмата за градежно земјиште 2026.
[ https://nezavisen.mk/kje-se-gradi-kruzhen-tek-kaj-kompleks-banki/ ]
Погрешно!!!
Оваа раскрницата е дел од поширок контекст заедно со планираниот тунел под плоштад. Исто така има главен правец (исток-запад) и спореден правец (север-југ), и неможе туку така кружен тек да се пласира како магично стапче за секоја раскрница. Ќе пишувам за тунелот под плоштад во друга тема.
Расркрсницата е соодвето испланирана, со потребната и доволна достапност (од кој кон кој правец може да се движи) и треба така да се изведе.

