07.02.2026
ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ПАТОТ КОН ВИЗБЕГОВО ОД КЛУЧКАТА МОМИН ПОТОК ДО БУЛЕВАРОТ СЛОВЕНИЈА
До јуни ќе биде готов патот кон Визбегово на потегот од клучката Момин Поток до крстосницата со булеварот Словенија. Од Град Скопје велат дека интензивно се отстрануваат сите пречки кои со години го кочеа проектот за изградба на клучката Момин Поток.
Во моментов се изведуваат работи на атмосферската канализација во средишното зеленило на булеварот Никола Карев, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот Словенија. Паралелно се работи и на левиот крак од новиот мост над Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин поток.
„Со завршувањето на оваа делница целиот сообраќај од постојниот пат ќе биде пренасочен на новоизградениот коловоз, додека на местото на стариот пат ќе се оформат коловозни ленти со правец од клучката Момин Поток кон булевар Словенија, со што значително ќе се подобрат протокот и безбедноста во овој дел од градот. Целосно е исплатена експропријацијата за овој дел и според договорот, изведувачот треба да ја стави во функција оваа важна артерија за градот во јуни“, велат од Град Скопје.
Клучката кај Момин Поток почна да се гради во јули 2021 во време на ексградоначалникот Петре Шилегов и треба да го намали метежот на влезот и излезот од Скопје. За таа цел се предвидува изградба на два кружни тека. Првиот на крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи е готов, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек, улицата продолжува до крстосницата со булеварот Словенија, каде што се поврзува и со булеварот Босна и Херцеговина.
Изградбата на клучката чини 18 милиони евра.
Почна изградбата на новиот мост кој ќе го премости булеварот „Никола Карев“
Новиот мост ќе биде со должина од 43,5 метри, ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек.
– Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот. Со завршувањето на овој сообраќаен јазол, илјадници граѓани секојдневно ќе почувствуваат вистинско олеснување – побрз проток на сообраќај, помал метеж и современ влез и излез од Скопје – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски
Започна изградбата на новиот мост кај клучката Момин Поток во Скопје, што претставува клучна фаза од реконструкцијата на овој важен сообраќаен јазол во градот.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е започната монтажата на челичната конструкција на мостот и дека се поставени двата главни носачи кон излезот од градот во правец на Визбегово.
Тој наведе дека поради сложеноста на конструкцијата и поради фактот што носачите се изработуваат во префабрикувани услови, нивната монтажа ќе се одвива во неколку внимателно планирани фази.
Новиот мост ќе биде со должина од 43,5 метри, ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек.
–Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот. Со завршувањето на овој сообраќаен јазол, илјадници граѓани секојдневно ќе чувствуваат вистинско олеснување – побрз проток на сообраќај, помал метеж и современ влез и излез од Скопје – истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека и кога било најтешко, Град Скопје не се откажал.
–Наместо изговори, избравме да работиме и да оставиме дела. Проектот за Момин Поток, кој долго време беше заглавен, сега се реализира со силно темпо – нагласи Ѓорѓиевски, наведувајќи дека градската администрација ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти со цел подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот на граѓаните во главниот град.
[ https://www.vecer.press/pochna-izgradbata-na-noviot-most-koj-ke-go-premosti-bulevarot-nikola-karev/ ]
Кај стариот пат асфалтот е целосно изгребан и сега се вози по новоасфалтираниот дел кој во иднина ќе биде спротивната лента, т.е. лентата по која ќе се вози од бул. Словенија кон идната клучка кај Момин Поток.
(фактички, десно од бетонската жардињера - она што е сега гола земја - се наоѓаше стариот пат со конфигурација 1+1)
(се надевам дека ме разбравте) 🙂
Извадоци од видео објавено на 30.08.2026
линк до видеото https://www.youtube.com/watch?v=JZIT8c59a6g
Има некоја информација до каде се со премостувањето на Серава на оваа клучка? Бидејќи тоа е единствениот посериозен дел останат да се заврши од изградбата на оваа клучка за да може де се прејде на асфалтирање, уредување и ставање во употреба.


















