05.8.2021
Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.
Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.
Пред неколку дена, булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса.




[ https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/05082021_vo_pol_ek_izgradba_most_asnom/ ]
////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////
Поврзувањето на Аеродром и Гази Баба „заглави“ кај Ќерамидница

Во рамките на третата фаза од реализацијата на овој капитален проект, за експропријација имало вкупно 275 предмети, од кои како што информираат од Град Скопје во 2022 година биле решени или се во завршна фаза 186 предмети.
Жителите на скопските општини Аеродром, Гази Баба и Центар и по пет години откако започна да се реализира проектот за нивно поврзување, сè уште не се во можност по скратен пат да преминуваат од една во друга општина. Причина за тоа е бавното решавање на имотноправните работи со граѓаните што имаат свои имоти во Ќерамидница, односно на потегот од мостот „Михајло Апостолски“, кој е целосно изграден со делот од булеварот АСНОМ, кој треба да води до трговскиот центар „Ист Гејт“.
На тој потег, во рамките на третата фаза од реализацијата на овој капитален проект, за експропријација имало вкупно 275 предмети, од кои како што информираат од Град Скопје во 2022 година биле решени или се во завршна фаза 186 предмети.
Како резултат на тоа, веќе изградениот мост „Михајло Апостолски“ комплетно е надвор од употреба поради фактот што на крајот наместо да биде поврзан со булевар, буквално се надвиснува над куќите во населбата Ќерамидница. Поради тоа, овој капитален проект што за многумина значеше значително скратување на времето за патување од една во друга општина, веќе со години наназад останува неостварено ветување, кое во моментот кога ќе се реализира, значително ќе го растовари метежот по скопските сообраќајници.
– Проектот за поврзување на општината Аеродром со општините Гази Баба и Центар започна пред повеќе од пет години, се одвива фазно преку изградба на булеварот АСНОМ, поточно негово фазно проширување, изградба на мост преку реката Вардар и пробивање целосно нова фаза низ населбата Ќерамидница. Изградбата на мостот „Михајло Апостолски“ е завршена, но проектот е започнат без претходно расчистување на имотноправните односи и парцелите во делот на Ќерамидница, со цел да се создадат услови за изградба на последната фаза и поврзување на мостот со делот од булеварот АСНОМ кај „Ист гејт мол“. За реализација на проектот, во делот од Ќерамидница, за експропријација имаше вкупно 275 предмети, од кои во 2022 година решени или во завршна фаза се 186 – велат од Град Скопје од каде што додаваат и дека по завршување на овие постапки, ќе започне последната фаза, поточно пробивање нов булевар низ Ќерамидница и поврзување на мостот со булеварот АСНОМ.
Според овие податоци, остануваат уште голем број нерасчистени имотноправни односни помеѓу граѓаните, што значи и дополнително одолжување на конечната реализација на третата фаза од овој проект. Дополнителен проблем според градските власти се јавува и поради фактот што на терен се случува една иста парцела да биде во сопственост на повеќе лица, а се случува и за даден имот да има одредени спорови помеѓу сопствениците, поради што дополнително се усложнува целосната постапка.
– Проектот досега се одвива во рамките на роковите и сите поголеми застои и проблеми се околу решавањето на имотно – правните односи, бидејќи често се случува една парцела да биде во сопственост на повеќе лица, или да има спорови меѓу сопствениците. Градот Скопје во 2022 година почна со системско решавање на споровите, при што сите нови проекти не се почнуваат додека не се разрешат целосно имотноправните односи, со цел брза и ефикасна реализација на новите проекти без застој – додаваат од Град Скопје.
Додека да се решат сите овие спорови и проблеми што се јавуваат на терен, жителите на најбројната скопска општина Аеродром, со најголемата скопска општина по територија Општина Гази Баба, ќе останат поврзани единствено преку мостот „Близнак“. Токму поради големиот број аеродромци што секојдневно патуваат од дома до одредени делови на Гази Баба, поради фактот што таму се наоѓаат голем број фабрики и индустриски објекти каде што работат, се случува да има огромен застој на возила, особено во периодот кога граѓаните одат и се враќаат од работа.
Колку за потсетување, реализацијата на проектот за поврзување на општина Аеродром со општините Гази Баба и Центар се одвива фазно преку изградба на булеварот АСНОМ, поточно негово фазно проширување, потоа преку изградбата на мост преку реката Вардар и пробивање на целосно нова фаза низ населбата Ќерамидница. Од овие три фази на реализација, комплетно се готови две, а бавната реализација на третата и последна фаза, комплетно го „закочи“ процесот.
[ https://www.slobodenpecat.mk/povrzuvanjeto-na-aerodrom-i-gazi-baba-zaglavi-kaj-kjeramidnica/ ]
////////////////////////////////////////////////////////////////////////
Најава од 22.01.2026 за откочување на процесот и функционалност на мостот
Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро целосно функционален!
Новиот мост кој ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот.
Со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски бевме на терен.
Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето на улиците, со цел булеварот да се стави во целосна функција што е можно побрзо.
Ова не е само улица — ова е нова сообраќајна артерија која ќе го растерети метежот, ќе го скрати времето на патување и ќе овозможи побрза и побезбедна комуникација меѓу граѓаните.
[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=907750818303501&set=pcb.907751624970087 ]
На суд се решава експропријација за да се пушти мостот „Генерал Михајло Апостолски“

Експропријацијата на куќите и другите објекти кои се наоѓаат на патот што треба мостот „Генерал Михајло Апостолски“ да го поврзе со сегашниот ТЦ „Ист гејт“, не оди така мазно и лесно, како што ветуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Имено, за дел од објектите кои пречат и треба да се урнат, се водат судски постапки.
– За да не се доведеме во ситуација да копнеме на неколку места, а после тоа граѓаните 20 години да поминуваат низ голгота. Е, таква е состојбата на „Генерал Михајло Апостолски“. Или во превод: Владата дала пари за тој проект, почнал да се гради, експропријација – нема помрднување од мртва точка. Има неколку позиции каде што одиме со спогодба, каде што е разумно барањето на оние кои треба да бидат експроприрани таму. Но, има и позиции каде што сме во судски постапки. Конкретно, има едно семејство, каде што со братот е завршена постапката, имаат лепенка, а сметаат во трасата, другиот брат не сака да се согласи со сума која Градот Скопје со проценител ја утврдил… бара драстично поголема, да не речам, двојно. И тука решението е судот и првото рочиште за таму ни е јуни – рече Ѓорѓиевски.
Тој вели дека експропријацијата нема да се заврши веднаш, но важно му е да го направи функционален, како што ветил во предизборието, најпрво со две ленти на излезот од мостот, а ќе продолжат со постапки, кои треба да ги реши судот, од каде ќе добијат сума за решавање на проблемот.
Мостот беше завршен кон крајот на 2021 година, но од тогаш е затворен, односно по него може да се помине само пеш.
Како што појасни градоначалникто со вакви проблеми се соочиле и за функционалноста на мостот кај „Љубљанска“, од каде добиле согласност од Конзерваторскиот центар, но и на трасата за булеварот „Борис Трајковски“, каде пак, во последниот период се договориле со повеќе фирми, сметени по трасата на последниот дел од овој булевар, за да може тој да се заврши до Драчево
Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција.
По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме.
Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.
Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата.





[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1512734697146481&set=pcb.1512736353812982 ]
До крајот на годината треба да е готов булеварот кон „Ист гејт“, дотогаш ќе се вози низ Ќерамидница
По отворање на мостот од Аеродром директно ќе може да се вози до булеварот „16-та македонска бригада“, кој води кон ресторанот „Дојрана“, како и кон бројните услужни објекти во Автокоманда, но исто така ќе се отвори и директен пат кон трговскиот центар „Ист Гејт“.
Пред десетина дена од Град Скопје информираа дека по околу пет години застој, одложувања и нерешени административни пречки околу експропријацијата на објекти, конечно започнуваат да се придвижуваат работите во однос на реализација и целосно пуштање на употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој е предвиден да ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски тогаш информираше дека се завршени сите процеси на експропријација на имотите во Ќерамидница, со што, како што вели тој, се откочуваат работите за мостот зад Спортската сала „Јане Сандански“ и најави дека во наредните 60 дена треба да се воспостави целосен сообраќаен проток на возила.
„По завршувањето на подготвителните активности, средувањето на документацијата и преселувањето на жителите од објектите на трасата, се очекува во рок од 60 дена да се воспостави целосен сообраќаен проток“, информираше Ѓорѓиевски.
Сепак, иако тој изјави дека експропријациите се завршени, на една од претходните седници на Советот на Град Скопје, градоначалникот зборувајќи за сите активни проекти што се изведуваат низ главниот град, говореше и за мостот „Генерал Михајло Апостолски“, конкретно за проблемот со експропријацијата на објекти чии сопственици не сакаат да се спогодат и бараат суми поголеми од проценката на вредноста на имотот направена од Градот.
Ѓорѓиевски тогаш изјави дека екипи на Градот веќе започнале да се спогодуваат со некои од преостанатите сопственици на имот што е дел од трасата каде што треба да се отвора улицата. Конкретно, тој соопшти дека има еден проблематичен случај помеѓу двајца браќа кои имаат куќи „лепенки“ кои ѝ пречат на трасата по која треба да се пробие булеварот.
Во овој случај, како што вели Ѓорѓиевски, едниот брат не сака да ја прифати цената што ја нуди Градот и бара енормно голема сума, поради што случајот во јуни ќе оди на суд.
– Владата дала пари за изградба, почнал да се гради, нема помрднување од мртва точка со експропријацијата. Во изминатиот период има неколку позиции каде што одиме со спогодба, каде што е разумно барањето на оние што треба да бидат експроприрани таму, но има и позиции каде што сме во судски постапки. Конкретно има едно семејство каде што со едниот брат е завршена експропријацијата, куќата е „лепенка“, смета на трасата. Другиот брат не сака да се согласи на сумата што Град Скопје ја утврдил со проценител, бара драстично поголема, речиси двојно од тоа, и тука решението е судот и првото рочиште за тоа е во јуни. Така што таму експропријацијата нема да се заврши, но важно ми е да го направам функционален – нагласи Ѓорѓиевски.
Нерешените експропријации се решаваат судски
Со оглед на тоа што рочиштата за нерешените постапки за експропријација се закажани за во јуни, како што информираат од Град Скопје за „Слободен печат“, мостот за два месеца ќе биде делумно проточен за сообраќај, односно возењето ќе се одвива преку мостот и по тесните улички низ населбата Ќерамидница, сѐ додека не се експроприраат имотите за да може да започне изградбата на планираниот булевар.
Сепак, со самото отворање на мостот од Аеродром директно ќе може да се вози до булеварот „16-та Македонска бригада“, кој води кон ресторанот „Дојрана“, како и кон бројните услужни објекти во Автокоманда, но исто така ќе се отвори и директен пат кон трговскиот центар „Ист Гејт“.
– Со потпишувањето на решенијата за експропријација на дел од објектите во населбата Ќерамидница, во непосредна близина на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, и по истекот на роковите за иселување на досегашните сопственици, ќе следува подготовка на соодветна техничка документација од сообраќаен и градежен аспект. Со реализацијата на овие активности е предвидено алтернативно, сообраќајно поврзување на мостот со постојната локална патна инфраструктура, со што ќе се овозможи директен и поефикасен проток на сообраќај кон булеварот „16-та Македонска бригада“ (кај Дојрана), како и кон сообраќајницата што води кон „Ист Гејт“, со што мостот ќе биде ставен во функција – соопштија од Град Скопје.
Во однос на пробивањето на простор за булеварот кој треба да минува низ Ќерамидница, за неговата изградба ќе се чека исходот од суд, што директно влијае и на времетраењето и рокот на неговата реализација, која според проекциите на Градот, треба да биде готов до крајот на годинава.
– Во моментов се спроведуваат административните и имотно-правните постапки за булеварското решение, а динамиката на понатамошната реализација ќе зависи од нивното завршување и од подготовката на потребната проектна документација. По комплетирањето на овие фази, јавноста ќе биде дополнително информирана за роковите и почетокот на теренските активности. Сакаме да напоменеме дека проекциите ќе бидат реализирани до крајот на оваа година и оваа фаза ќе биде завршена- велат од Град Скопје.
Останува да видиме како за 50-тина дена ќе изгледа сообраќајот низ уличките во Ќерамидница, периодот за кога е најавено пуштањето во употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, по што треба да „здивне“ сообраќајот и да се намали метежот по мостот „Беласица“ и булеварот „Србија“.
Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно ќе биде ставен во функција.
Со години беше симбол на застојот.
Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“.
Конечно, наскоро ќе биде мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните.






[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1561045008982116&set=pcb.1561045768982040 ]
Се чисти патот на новиот булевар во Керамидница, но мостот „Генерал Михајло Апостолски“ сè уште е затворен за возила
Во однос на проблематичната експропријација на имоти по трасата од булеварот што ќе треба да води кон „Ист гејт“, од Град Скопје посочија дека во наредниот период ќе продолжи процесот за експроприрање на 22 објекти, од кои шест ќе се решаваат судски, со што веројатно пробивањето на овој дел од булеварот нема да се случи набрзо.
Иако полека се решаваат проблемите со експропријацијата, трасата на булеварот „АСНОМ“, кој ќе води низ Ќерамидница, кон ресторанот „Дојрана“ и кон трговскиот центар „Ист гејт“, за каде сè уште се водат судски постапки, Градот уште го нема пуштено во употреба мостот „Генерал Михајло Апостолски“, за кој градоначалникот даде рок од 60 дена за да биде отворен за сообраќај.
Градот најавува, но мостот никако да се отвори за сообраќај
Последно, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во средата соопшти дека завршил рокот за отселување на семејствата што живееја во експроприраните куќи на трасата на проширување на булеварот „АСНОМ“ низ Ќерамидница и повторно најави дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“ ќе биде пуштен во употреба, без конкретен датум или информација од кога овој објект би бил отворен за сообраќај.
– Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно ќе биде ставен во функција. Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“. По истекот на рокот за преселување на семејствата што живееја на трасата, денес започнуваме со расчистување на булеварот „АСНОМ“, токму од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што започнува неговото конечно ставање во функција. Конечно, наскоро ќе биде мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните – напиша градоначалникот.
На оваа тема, градоначалникот пред два месеца соопшти дека се завршени сите процеси на експропријација на имотите во Ќерамидница, со што на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ во наредните 60 дена треба да се воспостави целосен сообраќаен проток.
– По завршувањето на подготвителните активности, средувањето на документацијата и преселувањето на жителите од објектите на трасата, се очекува во рок од 60 дена да се воспостави целосен сообраќаен проток – информираше Ѓорѓиевски.
Додека не се експроприраат сите имоти, ќе се вози низ населбата
Сепак, Ѓорѓиевски во неколку наврати најавува отворање на мостот, но во заднина на ова отворање постојано „лежи“ главниот проблем што го имаа и неговите претходници, а тоа е експропријацијата на десетиците имоти што стојат на патот на трасата за новиот булевар што треба да ги поврзе Гази Баба и Аеродром кој е директно поврзан и од него зависи протокот на возила што ќе доаѓаат од мостот „Генерал Михајло Апостолски“.
Ѓорѓиевски последно напомена и дека истовремено со отворањето на мостот, продолжува и процесот на експропријација на имоти за да се изгради предвидениот булеварот „АСНОМ“, кој, како што и претходно од Град Скопје соопштија за „Слободен печат“, треба да минува низ Керамидница и да се приклучи на булеварот „Гоце Делчев“ кај трговскиот центар „Ист гејт“, со уште еден приклучок од страната на ресторанот „Дојрана“.
– Со реализацијата на овие активности е предвидено алтернативно, сообраќајно поврзување на мостот со постојната локална патна инфраструктура, со што ќе се овозможи директен и поефикасен проток на сообраќај кон булеварот „16. Македонска бригада“ (кај „Дојрана“), како и кон сообраќајницата што води кон „Ист гејт“, со што мостот ќе биде ставен во функција – претходно соопштија од Градот.
Дел од експропријациите се готови, дел се на суд
Како што информираа од Град Скопје за „Слободен печат“, во моментов се средени експропријациите за кракот од булеварот што ќе води кон „Дојрана“ и потоа кон булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, со што се отвора можност за проширување на овој дел, но оттаму повторија дека додека не се реши главниот проблем, односно судските спорови за трасата која треба да излезе зад „Ист гејт“ и да се приклучи на булеварот „Гоце Делчев“, сообраќајот откако ќе се пушти мостот ќе се одвива преку тесните уличиња низ Керамидница кои во моментов се потсредуваат и санираат.
– По стапување на функција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, веднаш беа преземени конкретни чекори за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Во таа насока, градската администрација интензивно работеше и сѐ уште работи на експропријациите што биле занемарувани во минатото. Дел од предметите се целосно решени и со тоа се отвора можноста за спроведување на подготвителни градежни активности за пробивање на траса кон „Дојрана“ ,со поврзување преку општинските улици. Со досега завршените експропријации, се отвора можноста да бидат преземени зафати за ставање во функција на мостот со алтернативните општински улици што ќе бидат реконструирани – велат од Градот за „Слободен печат“.
Во однос на проблематичната експропријација на имоти по трасата од булеварот која ќе треба да води кон „Ист гејт“, од Град Скопје посочија дека во наредниот период ќе продолжи процесот за експроприрање на 22 објекти, од кои шест ќе се решаваат судски, со што веројатно пробивањето на овој дел од булеварот нема да се случи за брзо време.
– Во наредниот период продолжува и експропријацијата за делот кон „Ист гејт“, односно 22 предмети од кои шест се предмет на судски спор – соопштија од Градот.
Ѓорѓиевски најави дека кога ќе се пушти мостот, таму првично, сѐ додека не се пробие булеварот „АСНОМ“, сообраќајот ќе се одвива ограничено со две ленти и низ општинските улици во Ќерамидница, а од Градот соопштија дека мостот ќе биде означен.
– Во однос на бележењето на мостот, односно поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, ќе биде извршено откако ќе завршат градежните активности, според однапред изготвен сообраќаен план – посочија од Град Скопје.
Сепак, иако Ѓорѓиевски во два наврата најавува отворање на мостот и ослободување на сообраќајот во Скопје ниту тој ниту Градот немаат конкретен датум кога „Генерал Михајло Апостолски“ ќе биде макар и делумно пуштен во сообраќај.
Со пуштањето во употреба на овој мост и со пробивањето на новиот коридор низ Ќерамидница, ќе отвори побрз проток од Аеродром кон Гази Баба и Центар за автомобилите, јавниот превоз, велосипедите и пешаците. Изградбата на овој мост во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година.