Почитувани мои сограѓани, со особена чест и огромно задоволство ве информирам дека е објавена јавната набавка за изградба на булеварот „Борис Трајковски“.
За мене, еден од најважните капитални проекти.
По завршувањето на законската процедура, за околу 40 дена започнуваме со работа, додека рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година.
Ова, почитувани, е исправување на една долгогодишна неправда кон вас.
Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево,



[ https://www.facebook.com/1OrceGj ]
Почнуваат активности за довршување на потегот од 800м кој се влече со години(фотки превземени од фб профилот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски)





Се работи со силно темпо – булеварот „Борис Трајковски“ конечно се довршува!
Паралелно, на овој потег се изведува и комплетната фаза од хидротехниката, односно 610 метри атмосферска канализација со цевки Ф800, Ф600, Ф500, Ф400 и Ф300. Работиме темелно, од основа, затоа што Скопје заслужува решенија кои ќе траат.
Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, конечно заминуваат во минатото.
На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.






[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1521590549594229&set=pcb.1521591092927508 ]
По 14 години и четири градоначалници булеварот „Борис Трајковски“ конечно привршува
Во неколку постови ќе се обидам да дадам неколку идеи како да се зголеми проточноста на Булеварот Борис Трајковски, познат меѓу скопјани по старото име како Првомајска.
Прво ќе почнам со раскрницата кај Општина Кисела Вода кај познатата Кула во Кисела Вода. Тука се прекрстуваат улиците Првомајска со Сава Коваќевиќ (Христо Татарчев). Првомајска кон Драчево е веќе во профил со 4 ленти, изградена до планираниот профил. Но Сава Коваќевиќ функционира како едносмерна улица во насока кон Центар и тоа само со две од долгорочно планираните 4 ленти. Тука имаме семафоризирано решение, кое сега не нуди потполна достапност (можност за движење од секој правец кон секој). Не обезбедува доволно ниво на безбедност заради тие што го "бркаат" семафорот да го фатат на зелено од секој кон секој можен правец, и има чудно престројување кога се движите од насока од Припор кон Центар.
Затоа, воден од многу позитивното искуство со кружниот тек кај Католичка со таканаречениот Турбо Кружен Тек, мислам дека оваа расрксница треба да се решава на истиот овој начин, баш со ова решение подолу од скицата. Решението нуди потполна достапност, ќе може да се сврти од Драчево и од Центар кон средно економско по малата едносмерна одводна уличка кон која сега неможе да се се сврти. Ќе може од правец на Драчево и Припор да се вратите назад кон Драчево и Припор што исто така сега неможе.
И бонус на целата работа е што ќе се обезбеди нова точка за евентулано поставување на споменик/фонтана/јарбол или што и да е. Може на пример да се премести тука коњаникот Тодор Александров, или па овој еден часовник на столб што го поставија блиску тука од општина, а не функционира веќе некое време. Или па да се постави соодветно споменикот на Цветан Димов кој сега седи тука зафрлен на еден ќош на истава расркрсница. Има многу опции, секако решението отвора нов таков фокален простор.

Секако доколку се појави потреба за до-регулација за време на сообраќајните шпицови, тоа може да се направи со семафори. Постојат примери кадешто во моменти кога приливот/одливот на возила не е во согласност со очекувањата на сообраќајното инженерство, па да се до-регулира со семафори. Ако некој правец е "обесправен" може практично да му се додаде "резервирано" време за влез во кружниот тек. А во останатите регуларни часови од денот семафорите едноставно се икслучени и си трепкаат жолто.

Со оваа скица кадешто решението е залепено врз поестоечката ситуација видлива од Google Maps сакам да прикажам дека Првомајска иако со 4 ленти, како и Сава Коваќевиќ, ниту едната ниту другата улица не се во својата финална планирана траса. Постоечките улици се изместени во коридорите кои се дефинирани од градежните линии, и треба да се малку поисточно. Така да новото сообраќајно решение би требало да го исправи и овој проблем, односно би се изведувало да биде future-compatible согласно планирате траси.
Не како сега средината на улицата да биде по црвената линија, туку по зелената, за во иднина да се иправат и другите делови од улиците.







