✔️Заврши целосното обележувањето на хоризонталната сигнализација на новопробиената улица на Булевар ,,Вељко Влаховиќ'' спој со Западен Булевар.
🍀Дел од овој проект е инвестиција од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни.






Споделувам објава од градоначалникот на Кичево Александар Јовановски:
Со особена чест денес присуствував на почетокот на реализацијата на еден значаен инфраструктурен проект за Општина Кичево, а тоа е изградбата на нова улица која е донација од „ЛИДЛ Македонија“
Станува збор за улица со должина од над 200 метри, која ќе се поврзе со кичевската ул. „Тренко Тасески“ и значително ќе го олесни движењето на жителите од населбата „Иванидол“.
Ова е проект кој директно одговара на потребите на граѓаните и придонесува за подобрување на локалната инфраструктура.
Со овој проект ќе се изгради нов тротоар, атмосферска канализација и современо улично осветлување, а дополнително ќе се изврши и санација на постојните тротоари во непосредна близина на локацијата. На тој начин ќе обезбедиме побезбедни и поквалитетни услови за движење и секојдневно функционирање на нашите сограѓани.
Оттука сакам искрено да им се заблагодарам на „ЛИДЛ Македонија“, на г-дин Гоце Гаврилов и целиот тим, за нивната поддршка и општествена одговорност. Нивниот придонес за реализацијата на овој инфраструктурен зафат е од особено значење за нашата општина. Верувам дека ова е одличен пример како приватниот сектор и локалната самоуправа можат заеднички да создаваат проекти со трајна вредност и придобивки за целата заедница.
Продолжуваме посветено да работиме на проекти кои го подобруваат квалитетот на животот во нашата општина.


Продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!
Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.
Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
✔️ Побрз сообраќај
✔️ Поголема безбедност
✔️ Подобра поврзаност
Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!




Испитување и тестирање на цела водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште, како завршен чекор пред пуштање во употреба на истата во должина од 6,4 км проект вреден 1 милион евра финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната Самоуправа.
Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот.




Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанче Рамов, и служби од Локалната самоуправа, беа на увид во градежните активности на новиот кружен тек на Северен булевар.
Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.
Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
✔️ Побрз сообраќај
✔️ Поголема безбедност
✔️ Подобра поврзаност
Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!





Гевгелија доби целосно обновена Стара чаршија, каде новите фасади на дуќаните и гранитните тротоари го подобруваат просторот за граѓаните и туристите.
Проектот е дел од конзервација, реставрација и реконструкција што го спроведува Министерството за култура и туризам, со поддршка од Општина Гевгелија.




Општина Неготино
увид на градежни активности на изградба на кружен тек „Маршал Тито“ спој со улица „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев“.




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1619903569491563&set=pcb.1619905502824703 ]
Кавадарци
Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен Булевар!
Градежните работи напредуваат според предвидената динамика, а со секој нов чекор проектот се приближува до својата завршница.




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1580430593440936&set=pcb.1580430873440908 ]
Kakva vukojebina sme upm, za edni kruzni tokovi ni treba po godina dena da se zavrsat. Onoj u Negotino e raskopan uste pred 7 meseca, ovoj kaj nas vekje 3 meseca. Strasna rabota. A vamu se objavuvaat sliki na sekoj 2 nedeli, mislis koj znae sto e napraveno upm. Dodeka gi napravat, ke objavat sliki uste 10na pati . I ne samo za ovie kruzni tokovi, taka e za se sto se pravi vo ovaa nasa Vukojebina
Ne sekiraj se... vo Ljubljana 500m glavna ulica 2 godini ja pravat.... uste ne e napravena.
Кавадарци:
✅ Комплетно е завршено сообраќајното решение на Бул. „Вељко Влаховиќ“.
Со поставувањето на сообраќајните знаци, проектот е целосно финализиран. Изведена е целосна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, а обележани се и велосипедските патеки од двете страни на улицата.
Со ова, улицата добива уредено, безбедно и современо сообраќајно решение, кое ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци и велосипедисти.
Продолжуваме со реализација на проекти што го подобруваат квалитетот на урбаното живеење и ја унапредуваат сообраќајната инфраструктура.




Незнам колку е поврзано со градска инфраструктура, но незнам во која друга нишка да споделам па оваа ми беше најпогодна.
Имаме нов знак Добредојдовте во Скопје од вечерва на источниот влез на градот:
Пред:

Потоа:

