Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Градска инфраструктура(општо)

44 Написи
6 Корисници
62 Реакции
1,196 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

@akul1122

Букефал има пет нозе на новиот билборд што го постави Ѓорѓиевски за „Добредојде во Скопје“

Левица денес реагира дека на новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што синоќа го постави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“ има пет нозе, додека црквата е непозната за скопјани и наликува на храмот Св.Сава од Белград.
„На местото на запуштениот билборд, за чија запуштеност и претходно сме реагирале, не беше поставено пристојно, осмислено и професионално решение, туку нова визуелна брука. Отстранувањето на претходната руина не е алиби за поставување дигитален кич. Од градската власт не се бара само да замени искинато платно, туку да покаже минимум писменост при официјалното претставување на главниот град.
Содржината наликува на халуцинација на алгоритам што добил нејасна наредба да нацрта нешто балканско, старо и монументално. Букефал има пет нозе. Камениот мост е растегнат до бескрај и опремен со барем четири аркови повеќе од реалното. Скопското Кале е заменето со непозната тврдина. Александар Македонски носи капа како некаков бег. Наместо автентична црква, се појавува изобличена варијанта на белградската Св. Сава. Околу нив се распоредени и дополнителни архитектонски измислици (како и дрва кои веројатно низ цело Скопје ги нема толку, а не пак во центарот на градот).Токму во период кога Скопје треба сериозно да се подготвува за една од најзначајните европски културни титули, неговиот градоначалник го рекламира преку визуелен фалсификат. Наместо да ангажира стручни лица или барем некого што еднаш прошетал низ центарот, кабинетот прифатил производ кој би паднал и на најповршна проверка“, реагираат од Левица.
Од таму прашуваат кој го изработил ова дело, кој го одобрил, колку е платено и од која буџетска ставка.

[ https://faktor.mk/bukefal-ima-pet-noze-na-noviot-bilbord-shto-go-postavi-gjorgjievski-za-dobredojde-vo-skopje ]



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

@akul1122

Kako vadis fotki od google maps?



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@Kavtown Screenshot од телефон



   
❤️
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ денеска е отстранет

По реакциите на јавноста на социјалните мрежи, денеска е отстранет билнордот за „Добредојде во Скопје“, кој во петокот вечерта беше намонтиран од страна на градската управа.

На социјалните мрежи следуваа жестоки критики дека е употребена вештачка интелигенција, објектите не се реално прикажани и дека има еден куп грешки во симболите на Скопје.

Граѓани денеска информираат дека билбордот е веќе отстранет,а од Град Скопје немаше известување кој го направил паното и под каков договор.

[ https://fokus.mk/bilbordot-dobredojdovte-vo-skopje-deneska-e-otstranet/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@stef4o И нов е ставен...



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА СЕВЕРЕН БУЛЕВАР ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНА ФАЗА
 
Изградбата на новиот кружен тек на Северен булевар во Кавадарци е во напредна фаза, информираше градоначалникот Митко Јанчев.
Според него, проектот се реализира со поддршка од компанијата Лидл, на која ѝ упати благодарност за донацијата и придонесот во неговата реализација.
Со изградбата на кружниот тек се очекува да се подобри сообраќајниот проток, да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и да се овозможи подобра поврзаност на овој дел од градот.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ НА КРУЖНИОТ ТЕК НА СЕВЕРЕН БУЛЕВАР ВО КАВАДАРЦИ
 
Кружниот тек на Северен Булевар во Кавадарци е во завршна фаза, а во моментов се реализира асфалтирањето на сообраќајната површина.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека ќе бидат асфалтирани вкупно 5.300 квадратни метри.
Проектот е дел од инфраструктурните активности насочени кон подобрување на сообраќајната поврзаност и безбедноста, како и унапредување на урбаниот простор во градот.
Во реализацијата е вклучена и „Лидл“, која обезбедила донација и поддршка за проектот.
 


   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Кавадарци добива ново сообраќајно решение 🚧

 

Заврши асфалтирањето на првиот слој на кружниот тек на Северен Булевар, на површина од 5.300 м². Во периодот што следува ќе се реализираат и втората и третата фаза, до целосно завршување на проектот. Благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата.

 

Продолжуваме со конкретни инвестиции во инфраструктурата – за побезбедно движење и поуредно Кавадарци. 🚧

 



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

КРУЖНИОТ ТЕК НА СЕВЕРЕН БУЛЕВАР ВО ЗАВРШНА ФАЗА ☑️

Денес на кружниот тек на Северен Булевар се реализираа завршните активности – се обележуваше хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа сообраќајните знаци. Со асфалтирани 5.300 м², проектот е во својата финална фаза и наскоро кружниот тек ќе биде целосно ставен во функција.

Продолжуваме со работа до целосна реализација! 🏗️

 



   
❤️
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@kavtown Секоја чест за колку брзо се направи овој проект



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

@akul1122 Odma e podrugo koga Germancite ( Lidl ) davaat pari i se nadzor na proektot. Debelinata na asfaltot bila 18cm, sto e za nasi uslovi nezamislivo



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

Објавено од: @kavtown

Odma e podrugo koga Germancite ( Lidl ) davaat pari

Истото го помислив. Со нивни пари нема проценти и фушерај 🤣



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Браво за Кавадарци, другите градови да учат од нив! 😎 



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Новиот кружен тек на северен булевар во Кавадарци навечер

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 3 / 3
Сподели: