Оваа нишка се однесува на сите инфраструктурни проекти во помалите населени места поврзани со асфалтирње,пробивање,реконструкција на улици,тротоари и слично.
Денешни фотки од активностите за изградба на нов кружен тек во Неготино на раскрсниците меѓу ул.Маршал Тито ул.Партизанска и ул.Христо Ботев





Bravo za ovoj kružen🤟
Orce Kamcev so negovata familija doniraa 300 000 evra za izgradba na kej vo selo Marena ( Kavadarci )
https://kanal5.com.mk/janchev-kje-se-ureduva-rechnoto-korito-vo-selo-marena/a745349
✨ Новиот кеј блеска – целосно осветлен делот на потегот од Булевар Видое Смилевски до Општа болница Кавадарци! 🌳
Поставено е ново улично осветлување и урбана опрема, со што комплетно е завршено и продолжувањето на кеј-шеталиштето, кое претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град.






Започнаа градежните активности на Кавадаречки дол ⤵️
Кавадаречки дол е во рамки на проектот “Справување со загадување “,кој Општина Кавадарци веќе 2 години го имплементира во соработка со УНДП. На оваа локација се предвидува озеленување на површина од 15 000 метри квадратни и покривање на Кавадаречки дол во должина од 760 метри.
Со реализацијата на овој проект, просторот ќе добие нов, современ и еколошки изглед, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните. Кавадаречки дол ќе прерасне во уредена и зелена урбана целина, наменета за рекреација, прошетка и пријатен престој, како значаен чекор кон поодржлив и почист град.








Вовед во работа за новиот кружен тек на Северен Булевар!
Посебна благодарност до Lidl за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.
Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
✔️ Побрз сообраќај
✔️ Поголема безбедност
✔️ Подобра поврзаност
Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!
Донацијата е во износ од 800 000 евра
https://www.facebook.com/share/v/1aymVep4YQ/







Обиколница на град Кавадарци
Статус:/Предвиден рок:2027-2031год
Трасата би поминала од пред село Марена спрема фабриката Дрекслермаер , потоа спрема м.в Југо Комерц и завршува на м.в Витачот. Во моментот се изработува Основниот Проект од страна на ЈПДП

По одобрување на проектот се оди на тендерирање, а тендерирањето очекувам да се случи после јули, август, пошто е над 12 милиона евра, целата забиколница ќе биде голем тендер, ќе биде распишан и надвор од Македонија, значи како тендер, може да учествуваат компании и од страна. Најоптимистички, дека ноември, декември, ние веќе треба да имаме вовед во работа или склучен договор за вовед во работа за забиколница, појасни Јанчев.
Започнаа градежните активности
Со првата фаза – пробивање и расчистување на трасата – официјално започна изградбата на новиот кружен тек на Северен Булевар.
Овој значаен инфраструктурен проект ќе донесе:
Побрз и поефикасен сообраќај
Поголема безбедност за сите учесници
Подобра поврзаност во градот





[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1515844703232859&set=pcb.1515845119899484 ]
Официјално, поставен е темелот на патот Струга–Моровишта
Она што не се направи 20 години, денес станува реалност за само 5 месеци управување. Започнаа работите за патот Струга–Моровишта „Колектор“, еден од најважните проекти што ќе стави крај на долгите чекања и сообраќајниот хаос на влезот во градот.
Со поддршка на Министерството за транспорт и преку целосно транспарентна постапка, од предвидените 2.2 милиони евра, проектот се реализира со 1.2 милиони евра, при што заштедените средства ќе се пренаменат за други проекти во интерес на граѓаните.
Оваа модерна сообраќајница со 4 ленти, зеленило и тротоари, која започнува од кружниот тек кај Фони кон Туристичка / поранешна Аполонија и понатаму се поврзува со Моровиште, е јасен доказ дека кога има волја – има и резултати.





[ https://www.facebook.com/komunaestruges ]
✔️Во завршна фаза се градежните активности на Кавадаречки дол ⬇️
Кавадаречки дол е во рамки на проектот “Справување со загадување “ и на оваа локација се предвидува озеленување на површина од 15 000 метри квадратни и покривање на оваа локација во должина од 760 метри.
Со реализацијата на овој проект, просторот ќе добие нов, современ и еколошки изглед, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните. Кавадаречки дол ќе прерасне во уредена и зелена урбана целина, наменета за рекреација, прошетка и пријатен престој, како значаен чекор кон поодржлив и почист град.





🏛️🌿 КИЧЕВО ДОБИВА НОВА ВИЗИЈА ЗА СОВРЕМЕН, ЗЕЛЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ГРАДСКИ ПЛОШТАД
Општина Кичево го промовира избраното идејно архитектонско решение за реконструкција, проширување и урбан дизајн на постоечкиот градски плоштад, како значаен чекор кон создавање на поуреден, пофункционален и посовремен јавен простор во срцето на градот.
По успешно спроведениот конкурс и извршената евалуација на пристигнатите трудови, Комисијата за избор на идејно решение донесе одлука прворангиран да биде конкурсниот труд со шифра „ТРИАД“, кој се издвојува со креативен, автентичен и внимателно осмислен архитектонско-урбанистички пристап.
Ова идејно решение го третира градскиот плоштад не само како простор за движење, туку како жив центар на градот – место за средби, престој, културни настани, секојдневни активности и социјална интеракција. Концептот создава современа „урбана соба“, отворена за сите генерации и сите граѓани.
Особено значајно е тоа што проектот предвидува просторно поврзување на трите плоштадни целини: „Ослободување“, „Обединување“ и „Осознавање“, во единствен, хармоничен и функционален јавен простор. Секој од овие сегменти има своја посебна улога и вредност:
🌿 „Ослободување“ – како нов репрезентативен урбан простор, со повеќе зеленило и природна поврзаност со локалитетот Китино Кале;
🤝 „Обединување“ – како симболичен простор на заедништво, кој ги поврзува значајните верски објекти и го истакнува мултиетничкиот карактер на Кичево;
🎭 „Осознавање“ – како културна платформа во близина на Домот на културата, со можност за јавни, културни и општествени настани.
Со ова решение се отвора можност за создавање на континуиран, флексибилен, инклузивен и естетски уреден јавен простор, кој ќе го почитува постојниот историски и урбан контекст, а истовремено ќе внесе нова енергија, повеќе зеленило, подобра функционалност и современ изглед во централното градско подрачје.
Проектот претставува визија за плоштад кој ќе биде повеќе од архитектонски простор – тој ќе биде место на припадност, комуникација, култура, движење и заедништво.
Општина Кичево продолжува со активности насочени кон унапредување на урбаното живеење, подобрување на јавните простори и создавање градска средина која ќе биде поубава, поорганизирана и подостоинствена за сите граѓани.
✨ Заедно го градиме Кичево како современ, отворен и жив град – град со иднина.














ЈАНЧЕВ: ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА СЕВЕРЕН БУЛЕВАР
Во Кавадарци интензивно продолжуваат градежните активности за новиот кружен тек на Северен Булевар, информира градоначалникот Митко Јанчев.
Со расчистувањето на трасата и отпочнувањето на градежните работи се реализира уште еден значаен инфраструктурен проект во градот.
Според најавите, новиот кружен тек треба да придонесе за побезбеден и поуреден сообраќај, побрзо движење и подобра сообраќајна поврзаност.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=122126281509145040&set=pcb.122126281539145040 ]
🏞️ ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ НА ОВЧКА РЕКА ВО МАРЕНА
Селото Марена наскоро ќе добие нов уреден и модерен кеј покрај Овчка Река, откако започна реализацијата на проектот за негово уредување.
Инвестицијата изнесува 300 илјади евра и е донација од Фондацијата „Илија Камчев“. Од Општина Кавадарци информираат дека градежните активности ќе се реализираат во краток рок.
Локалната самоуправа упати благодарност до семејството Камчеви, чие потекло е од Марена, посочувајќи дека со овој проект значително ќе се подобрат условите и изгледот на селото за сегашните и идните генерации.




