Ѓорѓиевски најави изградба на два кружни текови кај „Тобако 2“ во Аеродром

Во рамки на својата програма за подобрување на сообраќајната инфраструктура, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на два кружни текови кај деловниот центар „Тобако 2“ во општина Аеродром.
Ѓорѓиевски потенцира дека овој проект е дел од поширокиот план за решавање на сообраќајните гужви во источниот дел на градот, каде дневно се движат илјадници возила, создавајќи метеж и застои.
„Со двата кружни текови кај ‘Тобако 2’ значително ќе го олесниме сообраќајниот хаос и ќе овозможиме побезбедно и побрзо движење на возилата во овој дел од градот“, истакна Ѓорѓиевски.
Покрај тоа, тој најави и дека вакви сообраќајни решенија ќе бидат применети и на други критични локации во Скопје, со цел да се создаде поефикасна и современа урбана мрежа, во согласност со европските стандарди за мобилност и безбедност.
Ѓорѓиевски додаде дека новите инфраструктурни проекти ќе бидат реализирани со почитување на урбанистичките планови и со консултација на локалното население, за да се постигне вистински баланс меѓу функционалност, безбедност и животна средина.
Погрешно! Примарната сообраќајна мрежа треба да остане примарна. БУЛЕВАР Јане Сандански се спојува со БУЛЕВАР Фрањо Клуз и понатаму се спојуваат со БУЛЕВАР Трета Македонска Бригада, и продолжуваат кон БУЛЕВАР Првомајска. Никаков директен пристап на маалски улички, никаков директен пристап на маалски паркинзи директно кон булевар!
Улиците Симеон Кавракиров и Руди Чајавец треба да останат изолирани маалски улици, и врската помеѓу нив да биде прекината, а не да им се дава пристап за да го кочат сообраќајот на главните булевари.
Еве една интересна идеја за раскрсницата на Булевар Јане Сандански со улица Фрањо Клуз во Аеродром.
- зголемена безбедност заради тоа што ќе нема залетување да се фати зелено.
- можност да се сврти за 180° правец на назад.
- балансиран прилив/одлив на сообраќај во сите правци.
- компатибилно со идните планови за развој на Фрањо Клиз во булеварски профил.
@ivan_s Ти треба уште една лента за тие што сакаат да продолжат право од Јане Сандански кон Железничка. А ако влезе во кружниот, само ќе се прави поголема гужва (за тие што од Фрањо Клуз вртат кон Железничка) кога тој нема ни потреба да влезе во него.
Барем тоа е мое мислење можда сум грешка




