Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Булевар АСНОМ(+мост кон Ќерамидница)

20 Написи
6 Корисници
15 Реакции
968 Прегледи
(@mirakuliks)
Активен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 14
 

Иако се оддалечуваме малку од темата, ама на билд имаше долги дискусии за денивелирање на раскрсницата кај Мавровка/судска палата.

Тоа што има смисла да се направи е да се пушти прав тунел со по една лента во правец по Гоце Делчев од кај Стоковна куќа мост кој ќе оди под двете раскрсници.

Како и да е то сепак не го решава другиот проблем а тоа е поефикасна врска помеѓу Гоце Делчев и Никола Карев/Александар Велики. Едната е подолга врска преку Битпазар/КП Мисирков со многу сообраќај (а по се изгледа уште повеќе пешаци со најавениот семафорски пешачки премин) а другата е кратка но со многу мал капацитет кај Ист Гејт.

Тука јас си се прашувам наместо да го правеа тој плоштадот во продолжение на стоковна куќа мост да направеа подземно решение кај битпазар во комбинација со денивелиранра раскрница кај мавровка, па по Мисирков кај битпазар да има само јавен транспорт и нешто ограничен пристап за станари а тоа цело да стане плато како плоштад......ама тоа би бил преголем залак за она што покажуваме дека може да се направи во разумно време, индикативно треба да биде влечкањето со пристапите за подземната сообраќајница под сега што е дајмонд. 



   
ОдговорЦитат
(@govrleec)
Угледен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 18
 

@mirakuliks со изградбата на булевар Асном гужвата кај Ист Гејт делумно ке се префрли кај Пожарна каде треба да се изгради турбо кружен тек,а со изградбата на Момин Поток ке се намали гужвата за вртење лево од Гоце Делчев кон Битпазар,а и треба да се прошири Беласица кај Маџир Маало за да се префрли гужвата од таму наместо од кај Ману



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2720
Стартер на тема  

Мостот „Михајло Апостолски“ засега ќе нема булеварско поврзување

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, засега нема да има булеварско поврзување, а до трговскиот центар „Ист гејт“ ќе се оди преку пристапните улици. Ова го соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека, како што ветил, до крајот на неговиот мандат ќе бидат срушени првиот дел од објектите што ќе овозможат пристапност во тој дел од градот.

-Експропријацијата е завршена, срушени се објектите и правиме подготвки за тампонирање и асфалтирање кои во наредните 20 дена ќе биде завршени, со што ќе овозможиме целосна функционалност на мостот. Крајната цел ќе биде и оние објекти што водат од левата страна кон Ист гејт да ги завршиме – рече тој.

На прашање дали мостот ќе се поврзе кај „Ист гејт“, градоначалникот додаде дека засега се поврзува преку пристапните улици.

-Тоа е она што го ветив во предизборието, земајќи предвид дека таму има многу предмети што се во судска постапка. Значи булеварско решение нема да има, но, како што ветив, ќе има целосна функционалност на мостот – вели Ѓорѓиевски.

Тој очекува дека во процесот ќе помогнат и оние што се засегнати во експропријацијата, со што ќе овозможиме и другиот дел од трасата за да се поврзе мостот со „Ист гејт“.

https://fokus.mk/mostot-mihajlo-apostolski-zasega-ke-nema-bulevarsko-povrzuvane/



   
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 186
 

@govrleec Во право си за све ова ама вака ако почнеме реално му нема крај. Ама само со Момин Поток и кога ќе има булевар Асном од Хотел Русија до Ист гејт доста ќе се намалат гужвите. Кружен тек кај Пожарна ќе треба, ама немам слушнато/видено дека им е во план



   
ОдговорЦитат
(@govrleec)
Угледен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 18
 

@akul1122 ima gotov proekt za izgradba na turbo kruzen tek kaj pozarna,a i za klucka so kruzen tek kaj Avtokomanda semaforite



   
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: