Известувања
Исчистете ги сите
Градска инфраструктура
1
Написи
1
Корисници
1
Реакции
56
Прегледи
Стартер на тема 11/09/2026 6:43 pm
Презентација на проектот за изградба на транзитната магистрална улица „Хасан Приштина“
Денес, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, се сретнавме со стопанствениците од индустриската зона „Визбегово“, на кои им го презентиравме проектот за изградба на транзитната магистрална улица „Хасан Приштина“, која претставува клучна сообраќајна врска кон Блаце и Косово.
На средбата ги слушнавме нивните мислења и предлози кои се особено важни, за сообраќајните потреби во овој дел од Скопје.
Разговаравме и за очекуваните придобивки од проектот, меѓу кои подобра поврзаност, растоварување на постојната улична мрежа, поголема безбедност и поефикасен превоз на луѓе и стоки.
Реагираше Bukefal



