Во оваа тема ќе се обидам да дадам кратко објаснување за еден планиран проект во Скопје, многу одамна внесен во ГУП-от на градот, но никогаш сериозно не се пристапило кон негова изведба.
Денес имаме ситуација да двата најголеми, најдолги и најшироки булевари во градот, Партизански Одреди и К.Ј.Питу па понатаму Јане Сандански, и двата да завршуваат во слепо. Партизанска завршува во објектот Тифани кај Телеком, К.Ј. Питу во тревникот кај НБРМ. Овие два булевара формираат една целина која никогаш не е оформена до крај. Во Скопје се планирани два големи коридори исток-запад, настрана од најголемиот оригинално планираниот Јужен Булевар кој требаше да биде автопат низ сред град. Тоа е друга тема како таа идеја е тотално напуштена, и како неколку придружни коридори од помал профил, како Теодосиј Гологанов во склоп со Првомајска и Трета Македонска Бригада кои среднорочно треба да глумат Јужен Булевар, ама никогаш нема да го заменат.
Ќе се вратам на основниот фокус на оваа тема, тунелот под плоштад, но уште малку за големата слика па пополека ќе зумнеме према насловот на темата. Тоа се двата градски коридора кои треба да го поврзат градот на релација исток-запад. Горниот таков коридор го формираат Булеварите Илинден, па Булевар Годе Делчев и Булевар АСНОМ. И за тој коридор иако ќе остане уште многу додека да биде целосно завршен, во делот на западната половина од Булеварот Илинден преку Вардар покрај Лепенец до обиколница, сепак во централниот дел на градот коридорот е скоро во фото-финиш. Експропријацијата оди добро во Ќерамидница, видлив е крајот.
Но што правиме со другиот коридор кој е предмет на оваа тема. Дали некогаш како град ќе го формираме до крај коридорот?! Постоеше еден обид пред 10-тина години во пакет со озогласениот проект Скопје 2014 да се протне и некаква псеудо-верзија од овој тунел, и тоа со видоизменети крајни точки. Требаше да почнува од кај Пошта, покрај кеј, па до Веро. Од горната слика каде што се скицирани коридорите се гледа колку таа идеја е погрешна.
Наводно Тифани го има загрозено проектот, па други згради по трасата, па комплексот што се гради сега карши Холидеј Инн, ама ниедно од тие тврдења не е точно до крај дека сигурно го загрозува проектот. Низ свет се пробиваат метро системи и тоа испод стари градови, каде нема ни сеизмички стандарди запазено, а не па под новоизградено Скопје. Апсолутно мислам дека е можно како град да влеземе во реализација на овој проект и тоа плус да добиеме уште еден плоштад во Скопје.
Па така, тунелот би требало да понира малку порано на Партизанска уште кај Соборна. Раскрсницата кај Соборна да биде денивелирана, а над нејзе да добиеме нов плоштад Свети Климент Охридски.
Дополнителна добивка од ваквиот план, е тоа што под плоштадот во иднина може да се оформи централна автобуска станица, и за сегашните градски автобуси и за идното БРТ без разлика дали тоа некогаш ќе се изведе. Најблиското нешто што Скопје може да го добие што е ќе изгледа приближно на метро, БРТ станица во долг тунел.
Многу е добра идеава, и верувам дека има некој уште во Југославија имал замисла за ова.
Загреб и Белград се одлични примери за ова (Во Белград до скоро беше класифициран како автопат, сега мислам главната улица ја класифицираат како "мото-пут", додека Загреб е како булевар/авенија со максимална брзина 60/70 км/час.)
Загреб ми се свиѓа оди една иста цела една авенија, од источниот влез на градот до западниот влез.
Има и обиколница за транзит. И има од обиколницата од југозапад и југоисток два булевари што удираат во авенијата, а во процес е изградба и на трет чвор/влез, чвор на автопатот А11 со Загребачката обиколница (А3) и тој влез исто така ќе се спои со авенијата.
Све е осмислено да се растерети гужва, све да биде во некаков "grid" систем.
Скопје би имал огромни придобивки ако твојов план се реализира. Практички три коридори низ Скопје + обиколницата.
Да да, овие коридори се вцртани во плановите на градот уште од првиот пост-земјотресен ГУП од 1965-та година. И тоа коридорот кој беше вцртан имаше и крак према Првомајска, обележан со зелено. Тој крак е сега избришан од плановите, и за тоа бришење ај може и да имаме некакво разбирање. Можда и да не беше до толку од пресудно значење иако е добро да се има. Првичните планови се во форма на Y под плоштад.
Ама немам никакво разбирање за идејата да се спојува тунелот со Илинденска кај Пошта, обележано со црвено. Тоа е тотално нарушување на целиот концепт. Подобро ништо да не се прави одколку погрешно да се прави. Можда ќе се најде некој похрабар во иднина да направи како што треба. Понирање кај Соборна ќе го спуши коридорот за 30тина метри под земја што е повеќе од доволно да се надмине било која подземна пречка, посточки подрум, темели од камени мост, или што и да е што можеби би се нашло на трасата.

@ivan_s Среќа за брзо ќе го добиеме овој јужниов коридор откога ќе се заврши тунелот под Лимак. Би требало доста да се растерети тука крстосницава кај Европски универзитет чим е све готово
Уште тунел под Плоштад Македонија и топ
Не е подобро решение замислата за тунелот од илинденска кај пошта што завршува кај веро центар и нбрм да биде едно решение а овој што почнува од партизанска да излезе кај 11 октомври школото и се спои со трета македонска бригада и биде засебен тунел? И онака трета македонска е сега ќорсокак
@zoran-stojkov96 За тоа пишував во друга тема, сегашната раскрница кај Тутунски вака како сега може да биде само привремено решение.
https://gradba.mk/forum/postid/9711/
Доволно е тунелот испод лимак,а рекорд да се затвори,па да се кружи по гоце делчев само треба кај мавровка клучка да се направи,а 3та мак бригада да се пробие низ дворот на корчагин до југодрво па кон гтц.



