Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

📢Булевар Македонско-косовска бригада

1 Написи
1 Корисници
1 Реакции
26 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2188
Стартер на тема   [#1171]
Последни подготовки пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“
Денес, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, извршивме увид во завршните подготвителни активности пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“.
Во првата фаза, булеварот ќе се гради на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.
Новиот булевар ќе биде современо сообраќајно решение со четири сообраќајни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двата правци и нови, уредени тротоари.
Во рамките на проектот ќе бидат изградени и нова атмосферска канализација и современо улично осветлување, а предвидено е и заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и посебни проширувања кај автобуските стојалишта. На тој начин ќе обезбедиме побезбедно, поефикасно и непречено одвивање на сообраќајот.
 


   
Реагираше Bukefal
Цитат
Сподели: