Само да потсетам на еден проект во Скопје за кој пред-предходната администрација на градот почна некакви активности, тунелот под Кале. Имаше некакви студии, некакви анализи, проекти, можда и нешто се чепна во насока на експропријација, нем баш некој аархива да се најде по интернет.
Постојат повеќе причини за негова реализација:
1. Ова е од суштинско значење за растеретување на секојднените гужви на Пластичарска, Цветан Димов, Мавровка, Стоковна Куќа Мост.
2. Воедно е потребен, и е последната непробиена врска од формирањето на Големиот Ринг на булевари околу центарот на градот.
3. Според Google анализите за типичен сообраќај, најблиску до ПГДС податоци кои во Македонија не се јавно достапни, проектите кои се изведуваат во Скопје апсолутно се најпотребните на градот. Тоа со што се занимаваат градските власти последниве 3/4 администрации (особено Коце, Шилегов,..., Орце) некако постапуваат согласно приоритетите на градот, само темпото е дискутабилно.
Од мапава се гледа дека најголеми гужви во градот се: Момин Поток, Пластичарска/Цветан Димов, Бриколаж, Лимак/Диамонд. Спрема тоа се реализираат или проектираат најпотребните проекти: Клучката Момин Поток, мост Ќерамидница, мост Вардариште, Тунел под Лимак/Диамонд.
Ама тоа што не се прави е Тунелот под Кале. Тоа ќе остане најголемиот и најприоритететн сообраќаен проблем на Скопје уште долги години ако не се пристапи кон изведба на проектот.



