Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Булевар Македонија

21 Написи
4 Корисници
22 Реакции
771 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2464
Стартер на тема  

Изградбата на влезовите и излезите од подземната сообраќајница кај „Лимак“ ќе го задуши градот во наредните од две до пет години

Според професорката на  Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, со право се стравува од одлуката само „нека се гради”, без да се има увид во тоа што ќе се предизвика и кои ќе бидат последиците.

– Веќе пет години се чека сообраќајната студија за да се постават решенијата за новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје и, секако, неговата изработка, со кои требаше да се ревидира сообраќајното решение на Скопје, кое, патем, е одамна застарено и несоодветно на денешната состојба и современите сознанија и решенија за градска сообраќајна инфраструктура – вели Пенчиќ

 

Најавените градежни работи за изградба на влезовите и излезите од подземната сообраќајница што е пробиена низ „Лимак“, ќе го задушат градот за наредните од две до пет години, а нема да реши ништо.

Според професорката на  Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, со право се стравува од одлуката само „нека се гради”, без да се има увид во тоа што ќе се предизвика и кои ќе бидат последиците.

– Веќе пет години се чека сообраќајната студија за да се постават решенијата за новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје и, секако, неговата изработка, со кои требаше да се ревидира сообраќајното решение на Скопје, кое, патем, е одамна застарено и несоодветно на денешната состојба и современите сознанија и решенија за градска сообраќајна инфраструктура – вели Пенчиќ.

Таа додава дека, за жал, тапкаме во 20 век со сообраќајни решенија од 1950-тите години , кои, како што вели, масовно се напуштаат денес во сите градови во светот, па дури и во САД.

– Веќе 50 години се отфрла моделот на брзи сообраќајници, особено низ центарот на градовите, а ние допрва ќе зборуваме за тоа – нагласува Пенчиќ.

За неа е апсурдно градењето на пристапите и на големите кружни текови во услови кога не е исчистена трасата на Јужниот булевар откај Карпош и откај Кисела Вода.

– Ќе се изградат, ќе се наруши цел сообраќај и град, а нема каде да се помине. Ќе затне сѐ живо. И тоа не е сѐ. Решението што ќе се реализира воопшто нема услови за квалитетен пешачки сообраќај, а околните згради остануваат без соодветен пристап. За да поминат 1.000 автомобили или колку и да им е пресметката, ќе се загрозат 700.000 жители! Не знам зошто воопшто има смисла ова градење – смета Пенчиќ. 

Инаку, на  почетокот од јули, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека многу наскоро ќе започнат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на нејзините влез и излез.

– Започнуваме со втората фаза, односно со изградба на тунелите за поврзување со подземната сообраќајница под „Лимак“, во насока од Центар кон Кисела Вода – истакна тој.

Од Град Скопје наведоа дека пуштањето во употреба на подземниот булевар „Македонија“ под „Лимак“ е еден од приоритетите на Ѓорѓиевски и претставува капитален проект од исклучително значење за Скопје.

– Станува збор за инвестиција што ќе донесе вистински пресврт во централното градско подрачје, ќе придонесе за значително растоварување на сообраќајниот метеж и ќе овозможи побрзо, побезбедно и пофункционално движење низ центарот на градот – нагласија градските власти.

Првата фаза од овој проект е комплетирана, а опфати проширување, адаптирање и подготовка на улиците што ќе ја примат очекуваната зголемена фреквенција на сообраќај кон подземната сообраќајница.

– Со забрзано темпо, оваа пролет се работеше на булеварот „Борис Трајковски“, кај Рампа, на улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и на булеварот „Македонија“, кој се поврзува со следните фази од оваа траса – истакнаа градските власти, нагласувајќи дека со реализацијата на овој проект, Скопје добива современо сообраќајно решение што ќе ја подобри мобилноста, ќе го намали притисокот врз централните улици и се овозможи подобра поврзаност.

https://www.vecer.press/izgradbata-na-vlezovite-i-izlezite-od-podzemnata-soobrakajnicza-kaj-limak-ke-go-zadushi-gradot-vo-narednite-od-dve-do-pet-godini/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2464
Стартер на тема  

ЗАВРШЕНА Е ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ПОД ЗГРАДИТЕ И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ДАЈМОНД“ ВО СКОПЈЕ, ИСКОПОТ Е 14 МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА, ВЕЛАТ ОД „ЛИМАК“



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2464
Стартер на тема  

ПАРИТЕ ШТО ГРАД СКОПЈЕ ГИ ДОБИ ОД ВЛАДАТА ЗА БУЛЕВАРОТ НИЗ ВИЗБЕГОВО СЕ ПРЕНАМЕНЕТИ ЗА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР

„Како нов тим во Град Скопје, сметаме дека проектот за кој што прашувате треба да претрпи одредени измени, со цел да се надминат проблемите од минатото и да се избегне каква било импровизација. Наш фокус е проширувањето и изградбата на сообраќајницата од булеварот Никола Карев и клучката Момин Поток до Словенечка. Во моментов, проектот е во фаза на измени, а како првенствено решение е предвидено да се изведе кружен тек во делот кај Словенечка. Откако проектот ќе биде целосно разработен, јавноста и медиумите ќе имаат целосен увид во предложеното решение. Во однос на обезбедените средства, бидејќи сметаме дека во моментов нема пречки за нивно пренаменување со одлука на Владата, истите тие средства се насочени кон реализацијата на булеварот Македонија“, велат од Град Скопје.

Градоначалникот Ѓорѓиевски пред еден месец најави дека клучката кај Момин Поток ќе биде готова до Нова година.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/parite-shto-grad-skopje-gi-dobi-od-vladata-za-bulevarot-niz-vizbegovo-se-prenameneti-za-podzemnata-ulitsa-na-juzhen-bulevar/



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2464
Стартер на тема  

Во тунелот под Лимак до Кисела Вода ќе може да се вози во 2029 година

Рокот за изведба на поврзувањето од Кисела Вода до влезот на Лимак е до наредната година, а веднаш потоа ќе се пристапи и кон последната фаза, односно кружниот тек кај зградата на НИП, со што целокупниот проект треба да биде функционално поврзан. Според динамиката на реализација, целосната подземна сообраќајница се очекува да биде ставена во функција до крајот на 2028 година или почетокот на 2029 година

Првата фаза од проектот за првата подземна сообраќајница во Скопје, на потегот од Кисела Вода, е завршена за само 90 дена, а во моментов се работи на втората фаза.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Според него, овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни активности.

– Рокот за изведба на поврзувањето од Кисела Вода до влезот на Лимак е до наредната година, а веднаш потоа ќе пристапиме и кон последната фаза – истакна Ѓорѓиевски.

Последната фаза ќе го опфати и кружниот тек кај Нова Македонија, со што целокупниот проект треба да биде функционално поврзан.

Според динамиката на реализација, целосната подземна сообраќајница се очекува да биде ставена во функција до крајот на 2028 година или почетокот на 2029 година.

– Јас ветив дека до крајот на мојот мандат ќе ја изработам првата фаза, а таа сега е завршена за 90 дена – посочи градоначалникот.

Ѓорѓиевски нагласи дека Град Скопје има капацитет и обезбедени средства за реализација на проектот, со дополнителна финансиска поддршка од Владата.

– Имаме капацитет, имаме средства како Град Скопје, Владата ни помогна со средства, така што со силно темпо одиме напред – порача градоначалникот.

https://www.vecer.press/vo-tunelot-pod-limak-do-kisela-voda-ke-mozhe-da-se-vozi-vo-2029-godina/



   
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 6 дена
Објави: 21
 

Ќе се обидам малку во поширок контекст да опишам една идеја како треба да се поврзе овој тунел со останатата примарна сообраќајна мрежа во Скопје (булевари). Сега се најде некое привремено решение, некаква крпеница околу дуќаните на Скопски Пазар, паркингот на Тутунски и останатите запуштени објекти во околината.

Но со оглед на тоа што Градот и останатите институции немаат намера ниту на среден рок да пристапат кон градење на Јужен Булевар, може Булевар "Трета Македонска Бригада" која сега завршува во билборд кај полициската станица Пролет, благодарение на бришењето од ДУП на нејзината траса до Црвен Крст, ете може да послужи за оформување нова врска која би имала улога на Јужен Булевар.

Опција 1 е и во согласност со сегашните коридори за идни булевари според ГУП, така да не гледам никаква пречка да се реализира ваква опција.

Врската помеѓу Првомајска и Јужен Булевар тука воопшто не е ни потребна. Може целосно да се разминат еден врз друг. Комуникацијата ќе биде обезбедена преку околните улици, односно врската со кружните текови од страна на Центар и врската преку Есенинова со Трета Македонска Бригада.


Оваа објава е изменета пред 6 дена од ivan_s

   
ОдговорЦитат
(@govrleec)
Активен член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 10
 

@ivan_s сегае добро како е направено,нема огромна гужва во овој дел од градот само потребно е кружен тек кај ЦЈЗ Пролет за да може полесно да се врти од железничка кон Лисиче



   
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: