Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Ветерници и ветерни...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Ветерници и ветерни паркови

5 Написи
1 Корисници
2 Реакции
537 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#935]

Оваа нишка ги опфаќа проектите поврзани со изградба на ветереници односно ветерни паркови и искористување на енергијата добиена од ветрот.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Алказар ја започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во Штип и ќе биде најголем на Балканот
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвуваат да обезбедат долгорочен заем за проектот за ветерен парк во Штип, кој ќе биде најголемиот на Балканот. Компанијата „Алказар енерџи партнерс“ веќе започна подготовки на теренот, а вкупните трошоци за проектот се проценети на 450 милиони евра.
Проектот се протега низ општините Штип и Радовиш и делумно Карбинци, на површина од 335 хектари, од кои 90% се државно земјиште.
Првата фаза од 132 MW ќе се состои од 21 турбина со годишно производство од 321 GWh, додека целиот капацитет од 396 MW ќе произведува над 860 GWh. Инфраструктурата вклучува трафостаница 35/400 kV, 80 км подземни кабли и 7 км надземен вод, како и изградба или реконструкција на 68 км патишта. Првата фаза се очекува да биде оперативна во почетокот на 2028 година, а целиот парк до 2029 година.
Проектот предвидува заштита на лилјаците, компензација за земјиште, посеви и дрвја, како и поддршка за ранливите домаќинства. Најблиските домови се оддалечени повеќе од 500 метри од турбините, а социјалните мерки се насочени кон локалното население во селата Љуботен, Шашаварлија, Бучим, Балталија и Никоман.

[ https://www.facebook.com/televizijastarstip ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
ОДРЖЛИВИОТ ТРАНСПОРТ И ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА ЈА ПРАВИ МАКЕДОНИЈА ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ
Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, токму реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата Алказар во Штип е доказ дека државата има модерна иднина.
Изградбата на ветерни паркови е важен чекор кон почиста и одржлива енергетска иднина. Со производство на зелена енергија од обновлив извор, го намалуваме загадувањето, ги штитиме природата и животната средина и создаваме услови за поголема енергетска независност на државата.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
Ветерен Парк Штип – Прва фаза
Изведбата на првата фаза (Штип 1) од проектот Ветерен Парк Штип е во тек, со реализација на клучните елементи на инфраструктурата потребна за производство и пренос на електрична енергија од обновлив извор.
Штип 1 опфаќа:
✅️ Ветерни Турбини 1 – 21
✅️ Далновод
✅️ Трафостаница
✅️ Внатрешни Патишта
✅️ Подземни Кабли
📅 Завршувањето на Штип 1 се очекува до средината на 2028 година.
 


   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Владата му ги изнајми на „Алказар Енерџи“ првите 135 хектари земјиште за ветерниот парк во Штип

Владата му ги додели под закуп првите 135 хектари на фондот „Алказар Енерџи“ за изградба на големиот ветерен пар во Штип, Карбинци и Радовиш. Одлуката е донесена на крајот на минатиот месец и е објавена во „Службен весник“ со што се потврдува дека земјиштето што ќе го добие странскиот инвеститор за работа ќе биде доминантно државно, а само мал дел ќе биде преземено од приватни сопственици.

Не е познато по која цена „Алказар Енерџи“ ќе плаќа за наемот на пространите 1.344.965 метри квадратни и дали тоа ќе се наплаќа по стандардната уредба за годишната закупнина за градежно земјиште дадено под долготраен закуп со непосредна спогодба за објекти од јавен интерес што изнесува 0,2 отсто од утврдената цена по метар квадратен.

„Со оваа одлука се дава согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште и за склучување на договор за давање под долготраен закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, по пат на непосредна спогодба на правното лице Друштвото за производство на електрична енергија ШТП ВИНД ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. "Пиринска" бр. 29, Скопје,за градежно земјиште со вкупна површина од 1.344.965 м2“, објавено е во одлуката на Владата.

Инаку ШТП Винд Дооел е фирма основана изминатиот период од „Алказар Енерџи“ за штипскиот дел од ветерниот парк. „Алказар Енерџи“ ги основаше и „Карб Винд“ за делот на Карбинци и „Радо Винд“ за делот на Радовиш. Се очекува државно земјиште да биде доделено под долготраен закуп и за овие делови. 

Вкупно 55 ветерници треба да се изградат на површина од 326 хектари, од кои доминантнит дел од земјишната површина ќе биде доделен од државата. Пред десетина дена при посетата на градежните активности во Штип, премиерот Христијан Мицкоски рече дека „Алказар Енерџи“ ќе произведува милион мегават часови, како „нешто што досега не е забележано во нашата историја и кога ќе биде реалност на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија“.

„Алказар енерџи“ веќе ја заокружи финансиската конструкција за првата фаза од 180 милиони евра (со поддршка на ЕБОР, ИФЦ и комерцијални банки), а целиот ветерен парк вреден над 500 милиони долари се очекува да биде пуштен во употреба во наредните три години

– Денес гледаме стотици градежни машини и почеток на инсталирањето на капацитетите на ветерниците. Почнуваме инвестиција која ќе вреди половина милијарда долари, но дополнително ме охрабрува тоа што нивните планови за инвестирање во Македонија не завршуваат тука, имаат и други планови за што ќе ја имаат поддршката од Владата – рече Мицкоски.

Истовремено тука е и критиката дека државата и граѓаните нема ништо да добијат од овој проект, додека инвеститорот ќе добие големи државни повластувања и ќе го изнесува профитот, сето тоа со мал број на вработувања.

https://faktor.mk/vladata-mu-gi-iznajmi-na-alkazar-enerdzi-prvite-135-hektari-zemjishte-za-veterniot-park-vo-shtip

 



   
ОдговорЦитат
Сподели: