Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Енергетика(општо)
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Енергетика(општо)

4 Написи
2 Корисници
4 Реакции
3 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#934]

Оваа нишка служи за обработка на теми поврзани со енергетиката општо.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ЦЕНТАР НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ТЕКОВИ Поставен камен-темелник на далноводот Битола – Елбасан

Oваа интерконекција не е само национален проект – таа е дел од европската енергетска мрежа. Таа подразбира баланс, сигурност и способност да интегрираме нови извори на енергија, посебно фокус ставаме на обновливите, кои се иднината, рече премиерот во своето обраќање.

Со овој проект за првпат мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 кV далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.

https://plusinfo.mk/makedoni-a-stanuva-centar-na-energetskite-tekovi-postaven-kamen-temelnik-na-dalnovodot-bitola-elbasan/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Интерконективниот далековод Битола–Елбасан не е обичен далековод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора.
Со изградбата на овој 400 киловолтен далековод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи. За првпат, стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој.
Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата – речиси непостоечка.
Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлуката беше донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1544932140322040&set=pcb.1544985626983358 ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
Сподели: