Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Електрична енергија
 
Известувања
Исчистете ги сите

Електрична енергија

5 Написи
2 Корисници
4 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#936]

Оваа нишка се однесува на состојбите со електричната енергија во земјава,нејзини цени,производство и слично.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Отворањето на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје е инвестиција од приближно 22 милиони евра, со која значително ќе се подобри стабилноста на електроенергетскиот систем и мрежата на 110 киловолтно напонско ниво. Оваа инвестиција ќе ја зголеми надежноста и ќе отвори перспектива во наредните околу 20 години успешно да се одговори на сите енергетски предизвици, вклучително и обезбедување нови приклучни места неопходни за развојот на Градот Скопје.

[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1540214884127099&set=pcb.1540217004126887 ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Производството на електрична енергија во тежок пад за една година, два блока на РЕК Битола потфрлиле

МЕПСО го објави извештајот за работењето во 2025, во кој операторот на електропреносниот систем ги потврди бројките дека јавните капацитети не само што со производството на електрична енергија во текот на минатата година не ги достигнале амбициозните планови, туку не ги достигнале ниту количините во споредба со една година претходно.

„Од вкупно влезените количини 4.660.399.638 киловатчасови се произведени од производните капацитети приклучени на електропреносната мрежа на АД МЕПСО што е за 5,5 отсто помалку во однос на минатата година, и 21,2 проценти помалку во однос на планираното со електроенергетскиот биланс за 2025 година. Производството на хидроелектраните во 2025 година е помало за 12,4 отсто во однос на минатата, а 12,9 проценти помало во однос на планот. Производството на термоелектраните е за 9,1 отсто помало во однос на минатата година и за 24,4 проценти помало во однос на планот за 2025 година“, објави МЕПСО во извештајот.

Билансот покажува дека трите блока на термоцентралата на РЕК Битола на ЕСМ произвеле значително помалку лани отколку во текот на 2024. Битола 1 произвел 530 теравачасови, додека една година претходно предал струја од 630 тераватчасови. Битола 2 го намалил производството од 900 на 853 тераватчасови. Единствено Битола 3 имал нешто подобра реализација на годишно ниво - 658 во 2025 споредено со 633 тераватчасови во 2024. Термоцентралата на ЕСМ во Осломеј била исто многу послаба во производството - само 125 тераватчасови и за 35 отсто послаб резултат од 2024.

Третиот блок на РЕК Битола имал „нула“ производство, односно целосно бил исклучен во текот на три месеци во годината, првиот блок во два месеци не произвел никакви количини, а од блок 2 немало ништо во текот на цел еден месец.

Кај хидроцентралите, пад на произвоодството забележале трите најпродуктивни. ХЕЦ Вруток произвела 315 тераватчасови, што е за минус 23 отсто послаб резултат од една година претходно. За околу 17 проценти послаба била ХЕЦ Шпиље, додека за 14 отсто минус има ХЕЦ Глобочица. Подобри резултати имаат Козјак, Света Петка и Тиквеш.

МЕПСО евидентира зголемен увоз на електрична енергија во текот на 2025, во кој е вклучен и транзитот на струја. Зголемувањето е 5,3 отсто и изнесува 4.000 тераватчасови.

[ https://faktor.mk/proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-vo-tezok-pad-za-edna-godina-dva-bloka-na-rek-bitola-potfrlile ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(ВИДЕО) Далновод до Албанија – два пати сечи, еднаш мери

[ https://www.youtube.com/watch?v=x6WW9hYPYJ8 ]

Државната компанија МЕПСО деновиве беше „осудена“ да плати 6 милиони евра отштета бидејќи актуелното раководство на компанијата не било во право кога еднострано го раскинало договорот со босанската компанија „Енергоинвест“, за изградба на далноводот Битола – Охрид – Елбансан. На располагање стојат механизми за жалба, меѓу другото и арбитражна постапка. Сите опции значат и дополнителни трошоци
Во меѓувреме, МЕПСО потпиша договор со хрватски „Далековoд“ за завршување на 400-киловолтната врска со Албанија. Договорот е поскап од претходниот и покрај тоа што МЕПСО ја наследува купената опремата и извршените градежни работи од претходниот изведувач

Вака изгледа мапата на постојната и планираната далекуводна електропреносна мрежа во Македонија. Со полни црвени линии се означени изградените 400-киловолтни линии. Со соседна Грција, земјава е поврзана со две, една кон Овчарани, друга кон Солун. На исток, со соседна Бугарија, 400-киловолтната линија на поврзување оди преку Крива Паланка до енергетската раскрсница близу гратчето Радомир. На север, има две вакви врски, едната води кон Врање во Србија, а другата кон Урошевац во Косово. Со црвени испрекинати линии, на запад е веќе споменатото поврзување со соседна Албанија – преку 400-киловолтен далновод од Битола преку Охрид до Елбасан.

[ https://360stepeni.mk/video-dalnovod-do-albanija-dva-pati-sechi-ednash-meri/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

ХЕЦ Тиквеш и прекрасното Тиквешко езеро










   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Сподели: