Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Фотоволтаици и фото...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Фотоволтаици и фотонапонски централи

4 Написи
2 Корисници
3 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#937]

Оваа нишка ги опфаќа проектите поврзани со изградба на фотоволтаици и фотонапонски централи низ земјата.



   
Цитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Групацијата ГЕН-И во Кавадарци ја пушти во употреба втората голема соларна електрана во Република Северна Македонија. Електраната со вкупна моќност од 12 MW годишно ќе произведува до 15 500 MWh енергија без јаглеродни емисии, придонесувајќи кон декарбонизација на енергетскиот систем.

  Групацијата ГЕН-И ја изгради својата втора голема соларна електрана во земјата, во близина на Кавадарци. На претходно деградирано земјиште од 70.000м², инсталирани се 17 612 фотоволтаични модули, што зафаќаат вкупна површина од 60.000м². Нивната максимална вкупна моќност (во зависност од временските услови) изнесува 12 MW. Во зависност од бројот на сончеви часови, овие модули можат годишно да произведат до 15.500 MWh енергија без јаглеродни емисии. Со оглед на просечната потрошувачка на едно домаќинство, оваа количина енергија ги задоволува потребите на околу 3 400 домаќинства. Ова значи заштеда од 7 574 тони CO2 годишно.

Групацијата ГЕН-И, која како успешен меѓународен трговец со електрична енергија работи на 24 пазари, ги проширува своите активности и во областа на обновливите извори на енергија. Во Словенија веќе имаат изградено повеќе од 10 000 мали соларни електрани, а со проектот во Кавадарци ја пуштија во употреба својата втора голема соларна електрана во странство. Првата електрана ја изградија во октомври 2022 година во Амзабегово, општина Свети Николе, Северна Македонија, со вкупна моќност од 17 MW и производство од 25 000 MWh зелена енергија. Со двете електрани, ГЕН-И сега произведува електрична енергија која ги задоволува потребите на речиси 9 000 домаќинства во Северна Македонија.

„ГЕН-И е посветена на создавање на безјаглеродна иднина и заштита на планетата. Веќе долго време сме познати како снабдувач кој на своите потрошувачи им обезбедува електрична енергија, без јаглеродни емисии. Ние сме меѓу водечките енергетски компании во централна и југоисточна Европа, а со проекти како овој во Кавадарци растеме и како инвеститор во обновливи извори на енергија. Во Северна Македонија ваквите инвестиции се сè почести, бидејќи со нив се искористуваат деградирани области за одржливи цели, како што е производството на сончева енергија,“ објасни претседателот на управниот одбор на ГЕН-И, Макс Хелбл.

Со втората инвестиција во Република Северна Македонија, Групацијата ГЕН-И го зголемува своето меѓународно портфолио на електрична енергија, произведена од обновливи извори на енергија.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Opstina Kavadarci ima vo plan da prodade parceli na visoramninata Vitacevo za izgradba na fotovoltaicna centrala od 40MW. Ovie parceli na opstinata bi i donele prihod od 2 do 2,5 milioni evra. Gradonacalnikot Jancev ova go zboruva na 1:19:40 od sednicata.
Isto, pred 2 godini Opstina Kavadarci prodade 50 hektari zemjiste na visoramninata Vitacevo, od koj prihoduvase 2,5 milioni evra.

https://www.youtube.com/live/oNc8XQhbn88?feature=shared



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ЕВН Македонија официјално е сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата!
Претседателот на Управниот одбор, г. Wolfgang Maier во присуство на членовите на Управниот одбор и менаџментот на компаниите од ЕВН Групацијата во Македонија, претставници на локалната самоуправа, академската заедница и партнерските компании кои учествуваа во реализација, официјално го пушти во употреба најголемиот лиценциран батериски систем во државата, поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“.
Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, ова е воедно и најголемиот батериски систем во рамки на целата ЕВН Групација. Капацитетот на системот ќе биде дополнително зголемен на 40 MWh.
Батерискиот систем е реализиран со современа LiFePO4 (LFP) технологија, со батерии од CATL и систем за конверзија на енергија од K Star — глобално препознатливи компании во областа на енергетските технологии.
Интеграцијата на оваа современа технологија овозможува складирање на сончевата енергија произведена во текот на денот и нејзино користење кога е најпотребна, со што се зголемува стабилноста, флексибилноста и ефикасноста на енергетскиот систем




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1410951604170105&set=pcb.1410901710841761 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: