Во оваа нишка ќе биде опфатен возниот ред и релациите кои се или ќе бидат воспоставени во железничкиот сообраќај.
16.04.2026
ПРИЛЕП И БИТОЛА ОД ЈУНИ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ГРАДСКИ ВОЗ
Поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола, овие два града се потполно одделени со месеци, па затоа надлежните планираат да воведат градски воз, што би собраќал до индустриската зона „Жабени“ и тоа за 150 денари повратна карта.
Во моментов се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со полмал проток, поради изградбата на автопатот, која треба да заврши дури во пролетта 2029 година.
За таа намена се планира да се пушти градски воз, Прилеп-Битола-Жабени, но од јуни, а билетот би чинел 150 денари, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
– Некаде во јуни најдоцна да пуштиме меѓуградски воз, којшто би оперирал, на линија Прилеп-Битола-Жабени и на тој начин да можат оние коишто имаат дневна потреба помеѓу овие два града, а и оние коишто работат во индустриската зона „Жабени“, да го користат возот, што би значело на време да се стига, брзо да се стига и да одиме со една промотивна цена од 150 денари за повратна карта, што е убедливо најевтино што може да се најде на пазарот – вели Николоски.
Николоски за овој план разговарал со директорите на железничките претрпијатија и очекува возот да стане реалност од јуни.
https://nezavisen.mk/prilep-i-bitola-od-juni-kje-se-povrzat-so-gradski-voz/
Интересна идеја и ја поддржувам. Дали ќе има доволно патници помеѓу Прилеп и Битола, тоа не знам, но за да се зголеми бројот на патници барем меѓу овие два градови треба некој во железници да почне да работи.
Цената е исплатлива, ете баш денес имаше објава дека на оваа релација ќе возат еден "шпански" и еден киснески воз. Во Битола има ученици и студенти од Прилеп и обратно, што значи истата би била користена.
Чисто како идеја - дополнителни стојалишта на оваа релација би биле добредојдени. Прва станица после Битола е дури во с. Вашарејца, со што многу поголеми населени места се пропуштаат и се губат патници. На пример, бидејќи возот низ Битола вози бавно (сите знаеме за проблемите со мостовите и премините каде што рампите не работат), па затоа на пример едно стојалиште во близина на бензиската станица Црна Река Петрол (во близина на кружниот тек Дулие) каде би ја опфатило населбата Јени Маале, како и ТЦ Блис. Потоа, стојалиште во населбата Горно Оризари каде исто така живеат голем број на луѓе, а исто така и во близина на надвозникот за Могила. Штом може возот да застанува и во многу помали населени места (Вашарејца, Лознани, Новоселани, Тројкрсти - каде има жители кои го користат возот или пак на Бакарно гумно - каде никој никогаш нема) тогаш може и на овие места.
Ова е едно мое размислување кое секако е надвор од мојата струка, но сепак сакав да го споделам.
Но, за да се случат било какви промени, некој треба да се помести малку од столицата на работа во МЖ, да помисли малку и да сработи. За жал, кога никој не те тера да работиш, нема ни да работиш. Барем така е кај нас.
Се надевам дека во иднина нешто ќе се смени, но сепак се сомневам во тоа.
@Могли
И мене многу ми се свиѓа оваа идеа за воз помеѓу Битола и Прилеп. На Македонија баш и требаат вакви алтернативни начини на транспорт. Не би било лошо од надлежното претпријатие да ја применат идејава и на релација Штип-Кочани, Тетово-Гостивар итн. со обзир дека пругите постојат а не се користат...
И малце хигиената во возовите да се подобри бидејки кога последен пат бев во воз пред една година ситуацијата со хигиената беше во најмала рака гадна 🤮
Да, зошто да не и меѓу други градови. Секогаш се добредојдени новини.
Во однос на хигиената немам коментар. Од една страна хигиенските навики и културата на самиот народ, од друга страна негрижата на самите вработени за чистотата во возовите. Кога ќе се собере ова, го дава резултатот денес.
ОД 22 ЈУНИ ДО 1 ЈУЛИ ЌЕ НЕМА ВОЗОВИ ОД СКОПЈЕ КОН ВЕЛЕС, БИТОЛА И ГЕВГЕЛИЈА, ПОРАДИ РЕМОНТ НА ПРУГАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО ЗА ГРАДСКИОТ ВОЗ
Од 22 јуни до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопја во правец на Велес, Гевгелија и Битола, бидејќи ќе се изведуваат градежни работи.
„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите“ , соопштија од Јавното претпријатие (ЈП) Македонски железници (МЖ)-Инфраструктура.
Нема да сообраќа дури ни патничкиот воз кој напладне сообраќаше од Битола во 12:46 часот и веднаш по пристигнувањето во Велес во 15:25 се враќаше назад, иако не ја минува релацијата која се реконструира Скопје-Зелениково.
Овие десет дена во Македонија ќе сообраќаат само двата патнички воза, утринскиот и пладневниот кон Куманово и исто толку назад кон Скопје.
Последните две седмици патничките возови кон Гевгелија бележеа огромно задоцнување, по два-три часа. Се случуваше утринскиот од Скопје наместо во 7:22 чaсот да мине низ Велес во 11:35 часот, а вечерниот наместо во 7:40 часот да замине во 9:15 часот. Имаше денови кога попладневниот воз од Скопје не замина за Гевгелија со тоа и утринскиот од Гевгелија за Скопје да не сообраќа. За ова одговор не дадоа ниту од ЈП МЖ-Инфраструктура ниту од АД МЖ-Транспорт.
ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ПАУЗА ТРГНАА ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ КОН БИТОЛА, ПЛАДНЕВНИТЕ НЕ СООБРАЌААТ
Од денеска тргнаа и патничките возови од и за Битола. Ќе сообраќаат два од трите предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници.
„По завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од станицата Бакарно Гумно до товариште Никола Карев, од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје-Битола и Битола-Скопје“, соопштија од МЖ Инфраструктура.
Во пракса ќе возат патничките возови кои од Скопје тргнуваат во 7:06 и 20:05 часот, а од Битола во 3:10 и 18:22 часот. Железничкиот сообраќај кон Битола беше во прекин од 22 јуни.
По македонксите пруги, освен кон Битола, возат и патнички возови кон Гевгелија и Куманово, исклучиво во утринските и попладневните, вечерни часови. Пладневните возови кои сообраќаа кон Битола и Велес ги нема. Возовите кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021.
Два возови исто како да ги нема. Не се сигурни во смисла дека често доцнат и иако картите не се скапи, не знам кој би се возел на оваа релација доколку има работа да заврши во Скопје. Јас сум љубител на возови, но било која потреба да имам, едноставно, во вакви услови, не би го користел.