Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Здравствени институ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Здравствени институции(општо)

8 Написи
2 Корисници
8 Реакции
4 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#867]

Во оваа тема ќе бидат третирани теми поврзани со здравствените институции ширум земјава нивна состојба,реконструкција,изградба и слични активности со исклучок за поголемите институции за кои ќе има посебни теми.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, на местото на старата

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника.

„Денес го потпишав договорот со економскиот оператор за изградба на нова модерна поликлиника. Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук, каде нагласи дека ќе го оствари ветувањето.

Градоначалникот овој договор го оцени како „историски миг“ за граѓаните на општина Бутел, а воедно и му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски, за кого рече дека стои зад овој мега проект.

„Добиваме нова поликлиника која ќе овозможи подобро услови за давање на здравствена заштита. На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги. Дополнително ќе има и РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека. За граѓаните на општина Бутел ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош и ноќна служба“, посочи Костовски.

Додаде дека деталниот урбанистички план кој го донеле пред повеќе од две години, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта.

„Со изградба започнуваме наскоро и со цело срце го чекам денот кога ќе бидат поставен камен темелникот на новата поликлиника. Историски чекор за нашата Општина“, нагласи градоначалникот.

[ https://nezavisen.mk/kje-se-gradi-nova-poliklinika-vo-butel-na-mestoto-na-starata/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Kavadareckata bolnica ke dobie vtora operaciona sala, so donacija od 350 000 evra od EU, pogranicna sorabotka i 220 000 evra donacija od kavadarecka kompanija

https://www.facebook.com/share/v/1A7qCCHcCa/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СО 74 МИЛИОНИ ЕВРА, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ АЛИУ

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден околу 74 милиони евра. Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека инвестицијата од 4,56 милијарди денари треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

Како што објави министерот на Фејсбук, реализацијата на овој потфат ќе се одвива според меѓународни практики, со комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции структурирани на одржлив начин. Предвидена е целосна обнова на постојните капацитети, набавка на современа медицинска технологија и опрема, како и изградба на две нови модерни згради. Сите болнички објекти ќе бидат функционално поврзани со топли коридори со цел побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал.

Алиу вели дека целта е премин од раздвоени и амортизирани објекти кон интегриран и функционален систем кој ќе реагира навреме. Според него, оваа регионална здравствена установа ќе им овозможи на граѓаните од Полошкиот регион да добијат квалитетна услуга поблиску до нивното место на живеење. Тој смета дека со овој проект не се градат само ѕидови, туку се воспоставуваат нови стандарди и достоинство во здравството.

Проектот вклучува и развојна компонента во соработка со Универзитетот во Тетово. Професорите и студентите по медицина за првпат ќе добијат соодветни услови за работа и практична обука според стандардите на современото здравство. Министерот додаде дека ваквите проекти се витални за иднината на здравствениот систем во државата.

[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/klinichkata-bolnitsa-vo-tetovo-ke-se-rekonstruira-so-74-milioni-evra-najavi-ministerot-aliu/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

пуштање во употреба на реконструираниот дел од болницата ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје.





[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1577419953739925&set=pcb.1577422860406301 ]



   
2
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

🏥 КАВАДАРЕЧКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ХИРУРШКА САЛА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци денеска престојуваа заменик-министерот за здравство Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

На средбата со раководството на болницата биле разгледани актуелните состојби, потребите на здравствениот кадар, финансиските предизвици и плановите за понатамошен развој на установата.

Од болницата информираат дека со поддршка од Владата и општествено одговорни компании ќе започнат активности за уредување на простор за нова современа хируршка сала и соба за интензивна нега, со што значително ќе се подобрат условите за лекување на пациентите.

Воедно, беше истакната и благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев за поддршката во процесот за обезбедување финансиски грант од Грција за набавка на потребна медицинска опрема за болницата.




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

🏥НОВ ЛИК НА БОЛНИЦАТА ВО СТРУМИЦА: Во реконструкцијата вложени 279,3 милиони денари

Заврши реконструкцијата на Општата болница во Струмица, која треба да биде пуштена во употреба на почетокот на септември, откако целосно ќе биде опремена. Во обновувањето на болничкиот објект се инвестирани 279,3 милиони денари. Реконструкцијата опфати повеќе градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на капацитетите. За болницата е обезбеден и компјутерски томограф во вредност од 43,5 милиони денари. Во изминатиот период биле реализирани и 55 нови вработувања. Болницата претставува регионален здравствен центар за повеќе од 200.000 жители од Струмица и околните општини.










   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Скопје добива самостоен центар за Итна помош: Ќе се скрати ли чекањето од 40 минути?

Владата ја усвои иницијативата на Министерството за здравство за формирање самостоен центар за Итна медицинска помош во Скопје, со што започнува реорганизација на службата која со години се соочува со недостиг од кадар, возила и долго време на чекање. Властите очекуваат новиот модел да донесе побрза реакција, подобра координација и поефикасно спасување на човечки животи. Министерот за здравство Азир Алиу оценува дека не станува збор за создавање нов систем, туку за модернизација на постојниот. Во првата фаза, Итната медицинска помош во Скопје ќе биде издвоена како посебна институција, а подоцна е предвидено постепено интегрирање и на другите служби.

Реформата доаѓа во период кога времето на одзив на Брзата помош е предмет на критики. Според министерот, во Македонија граѓаните понекогаш чекаат и по 30 до 40 минути за пристигнување на медицински тим, додека во Словенија просечното време на реакција изнесува меѓу седум и осум минути.

Според Министерството за здравство, сегашниот модел, во кој Итната помош функционира во рамките на здравствените домови, создава неефикасност и отежната координација. Со новото решение, командниот систем и управувањето ќе бидат централизирани, што треба да овозможи побрзо носење одлуки и подобра распределба на ресурсите.

Покрај институционалните промени, се планира воведување на нов софтверски систем кој ќе овозможи следење на возилата во реално време, оптимизирана навигација и поефикасна распределба на екипите. Дополнително, во возилата и кај теренските тимови ќе бидат поставени камери преку кои лекарите специјалисти од болниците ќе можат во живо да го следат пациентот и да даваат инструкции уште за време на транспортот. Според проценките, имплементацијата на новиот систем би требало да трае пет до шест месеци.

Паралелно со оваа реформа, Министерството најави набавка на 100 нови возила за Итната медицинска помош. „Доколку нема административни пречки, очекуваме возилата да пристигнат за најмногу два месеца“, вели министерот.

Во последните осум години бројот на тимови е намален за 22, а половина од 33-те здравствени центри располагаат со помал број екипи од потребниот. Некаде еден тим покрива околу 1.000 жители дневно, а во други средини е задолжен за дури 40.000 жители. Во зависност од местото, една смена може да има од две до дури 50 интервенции. (П.А.)

[ https://www.vecer.press/skopje-dobiva-samostoen-czentar-za-itna-pomosh-ke-se-skrati-li-chekaneto-od-40-minuti/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: