Во оваа тема ќе се постираат сите вести,фотографии поврзани со Клиничкиот центар во Скопје со сите негови оддели.
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде изминатиот период се комплетно реконструирани шест операциони сали од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија.
-Извршена е комплетна реконструкција и реновирање, комплетна замена на инсталација, подови, прозори, и сите градежни зафати се извршени според највисоките стандарди. Станува збор за пообемен проект кој опфаќа вкупно 10 хируршки сали, во вкупна вредност од 282 милиони денари. Градежните активности почнаа на почетокот на ноември. Продолжуваме со реконтрукција и реновирање и на преостанатите четири хируршки сали, од кои три се за Клиника за дигестивна хирургија и една нова сала за Ургентниот центар која ќе биде наменета за еднодневните интервенции. Со заокружување на овој обемен проект, ќе имаме целосно обновен хируршки блок во комплексот клиники, истакна министерот Алиу.
На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е обезбедена и комплетно опремена нова хируршка опрема, која опфаќа нови анестезиолошки машини, операциони светла и монитори, нов мобилен рендген апарат, како и апаратура за бескрвни операции на дланка и нога со запирање на протокот на крв. Поставен е и нов систем за вентилација и внес на воздух.
Во салите на Клиника за урологија се обезбедени два најсовремени апарати, од кои едниот за биопсија на простата (ова е единствен ваков апарат на Балканот и вакви апарати има само во најразвиените уролошки центри) на кој се врши таргет-биопсија односно исклучително прецизно се таргетира само сомнителното ткиво. Исто така, обезбеден е и ласер за енуклеација на простата, односно за изведување бескрвна операција.






[ https://www.facebook.com/zdravstvomk ]
(Фото) Новиот Клинички центар ќе се гради кај „Борис Трајковски“, ќе биде подземно поврзан со болницата „8 Септември“, најави Мицкоски
Владата останува на ставот новиот Клинички центар во Скопје да се гради на платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.
Тој информираше дека земјиштето на предвидената локација е во приватна сопственост, поради што во тек се преговори со сопственикот за обезбедување услови за реализација на проектот.
„Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот ‘Борис Трајковски’. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа, да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница ‘8 Септември’. Тука ни е ПЕТ-центарот и поликлиниката ‘Букурешт’ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, изјави Мицкоски. објави Скопје1.мк
Премиерот посочи дека Владата разговара за можноста да се реализира размена на земјиште.
„Со сопственикот на таа приватна парцела преговараме да се направи замена ‘земја за земја’ и да се види до каде ќе стигнеме. Засега сум задоволен од тоа како течат преговорите“, рече тој. објави Скопје1.мк
Новиот клинички центар ќе биде кај базенот „Борис Трајковски“, рече премиерот
„Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. За тие две можности се размислувало во владата“.
Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.
„Тоа се двете можности за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука“, рече тој.
Во врска со ГОБ „8 Септември, рече дека многу бргу ќе се излезе со детална информација.
https://fokus.mk/noviot-klinichki-tsentar-ke-bide-kaj-bazenot-boris-trajkovski-reche-premierot/
Тој простор - плато измеѓу Илинденска и Борис Трајковски салата и базенот има простор само да ги собере само хируршките клиники и токсикологија што се во сегашниот клинчки центар.
За нешто што ќе го замени клинички центар потребно е и тоа плато и целиот просотор позади Борис Трајковски по должината на Вардар за да се изгради градба-комплекс каде ќе се сместат, и Гинеколигија, Онкологија, Интерни Клиники (Кардио, Ендокинологија, Невро, Нефро...), Хематологија, Педијатрија. А да не спомнувам дека уште толку простор е потребен за паркинг.....
Владата пикираше локација со пикантна цена од над 30 милиони евра: ќе си подадат ли рака Мицкоски и бизнисменот Свето Пивара?
Екипата на „Фокус“ го посети местото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се наоѓа земјиштето за кое владата на Мицкоски најавува изградба на нов Клинички центар.
Станува збор за една од најатрактивните парцели во главниот град, на вкупна површина од околу 60.000 квадратни метри, која досега во неколку наврати беше разгледувана и посочувана за разни капитални инвестиции.
Од тоа што можевме да забележиме на терен, се работи за огромна површина, за која од далеку се гледа дека е неискористена и запустена, а се наоѓа во едно од најубавите и најфреквентни места во скопски Карпош.
Според нашите информации, Мицкоски и Свето Пивара веќе преговарале, но и двете страни целата работа ја држат во тајност, како да станува збор за државна тајна.
Нашите извори тврдат дека работата во моментов завршила само со преговори, но сè уште ништо официјално ниту е договорено, ниту спроведено.
Времето ќе покаже дали воопшто ќе падне некаков договор, со оглед на тоа што самото земјиште вреди над 30 милиони евра.
(ВИДЕО+ФОТО) Владата пикираше локација со пикантна цена од над 30 милиони евра: Ќе си подадат ли рака Мицкоски и бизнисменот Свето Пивара?
Најавата за изградба на новиот Клинички центар ја враќа старата македонска приказна за најголемото здравствено ветување што со години се преместува од локација на локација, од влада на влада, од прес-конференција на прес-конференција, додека лекарите и пациентите продолжуваат да функционираат во истиот распаднат систем.
Досега сè пропадна во вода, а архивите во Министерството за здравство останаа да кријат разни документи, тендерски постапки, фаворизирани фирми, физибилити студии… Сè остана само на хартија или во изборните програми на партиите.
Но, да не биде покус од другите, овојпат нова понуда исфрли и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, кој дури најави дека изградбата би требало да почне во текот на следната година, а новиот ултрамодерен Клинички центар би бил поврзан со болницата „8 Септември“, преку подземен тунел под булеварот Илинденска, а во комплексот би биле вклучени и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“.
Тој, исто така, откри дека се водат разговори со сопственикот за можна замена по што би следувала промена на намената со специјален закон. Премиерот дури истакна дека е задоволен како течат преговорите по однос на ова прашање. Мицкоски ја фрли топката во јавност, но засега тука заврши сè.
Оттука се отвора Пандорината кутија – кое е точно земјиштето, каде би се градел новиот Клинички центар, кој е, всушност, сопственикот на тоа приватно земјиште со кој Мицкоски преговарал, дали станува збор за трампа на земјиштето или ќе треба да се плати во кеш? Многу прашања, малку одговори.
ПРЕГОВАРА ЛИ МИЦКОСКИ СО СВЕТО ПИВАРА?
Екипата на „Фокус“ направи обиколка на местото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се наоѓа земјиштето за кое владата на Мицкоски најавува изградба на нов Клинички центар. Станува збор за една од најатрактивните парцели во главниот град, на вкупна површина од околу 60.000 квадратни метри, која досега во неколку наврати беше разгледувана и посочувана за разни капитални инвестиции.
Од тоа што можевме да забележиме на терен се работи за огромна површина, за која од далеку се гледа дека е неискористена и запустена, а се наоѓа во едно од најубавите и најфреквентни места во скопски Карпош. Целата парцела, која се простира до бензинската пумпа „Макпетрол“ и поминува покрај главниот пат, на една од најпрометните улици е прекриена со исушена трева, по некое дрво, а едно од најатрактивните земјишта веќе со години пропаѓа, без разлика што на ова место во неколку наврати беше споменувана изградба на згради, трговски центри и разни комерцијални објекти.
Исто така, на самата парцела може да се забележи и спортско игралиште, но, сепак, целото друго земјиште е запустено и оставено повремено просторот да се користи за поставување привремени забавни паркови…
Атрактивната парцела пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ не е во директна сопственост на Општина Карпош и Град Скопје, туку, според информациите на „Фокус“, е во приватна сопственост на познатиот бизнисмен Светозар Јаневски. Ова земјиште, претходно беше во рацете на фирма на словенечки „Меркатор“, но зад него веќе десет години стои македонскиот бизнисмен, поточно од 2017 година, кога ја купува фирмата што го поседува земјиштето.
За ова земјиште, во 2013 година „пукна“ и корупциска афера, која заврши со судскиот процес „Агент“, во кој поранешниот директор на УБК, Слободан Богоески, две години заврши зад решетки. Тој и уште неколку други лица беа обвинети за злоупотреба на службената положба, пречекорување на овластувањата и манипулации, односно перење пари при купопродажба на градежното земјиште во близина на спортската сала „Борис Трајковски“.
Богоески и другите осудени јавно ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека случајот е политички монтиран и конструиран од тогашната власт, преку обвинителот Јован Илиевски, а тој подоцна изјавуваше и дека бил прислушуван и дека поседувал докази за монтирањето на случајот.
Оваа атракативна парцела, со години, беше предмет на судски спорови, политички афери и неуспешни бизнис-инвестиции до моментот додека отиде во рацете на бизнисменот Јаневски.
Кога веќе премиерот Мицкоски јавно кажува дека преговара со приватниот сопственик на една од најатрактивните земјишта во Скопје, дали тоа значи дека тој веќе преговарал со Јаневски за самата парцела и што му понудил?
Според нашите информации, преговори веќе се воделе, но и двете страни целата работа ја држат во тајност, како да станува збор за државна тајна. Нашите извори тврдат дека работата во моментот завршила само со преговори, но сè уште ништо официјално ниту е договорено, ниту спроведено. Времето ќе покаже дали воопшто ќе падне некаков договор.
Сепак, ако се вратиме неколку години наназад, поточно во 2021 година кога вмровците сè уште беа во опозиција, тие редовно преку соопштенија обвинуваа и прашуваа – „Дали Свето Пивара стои зад зградите кај спортскиот центар ‘Борис Трајковски’““, алудирајќи дека на тоа земјиште ќе се градат згради, комерцијални објекти…
„Со измени во ДУП-от го уништуваат спортскиот центар „Борис Трајковски“, одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дел од базенот за таму да може да никне широка улица, која ќе води до парцела каде што треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?
На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат. Колку чини овој шверцерски ДУП“, прашуваа вмровците.
Но, по пет години, реториката е променета, а кога се бизнисот и парите во прашање, сè е заборавено и оставено во аналите на историјата.

