Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Аеродроми Скопје и Охрид

8 Написи
2 Корисници
8 Реакции
350 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#1106]

Оваа нишка се однесува на сите активности и случувања поврзани со аеродромот во Скопје и Охрид



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

РЕНОВИРАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ЌЕ ЗАВРШИ ДО ЈУЛИ, ВЕЛИ НИКОЛОСКИ

Почна реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а предвидено е градежните работи да завршат до крајот на мај. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека ова се случува првпат откако аеродромот е изграден во 1952.

„Проектот треба да донесе 4.500 квадратни метри функционален простор, што е околу 2. 500 повеќе од постојниот. Инвестицијата е во повеќе фази, едната е оваа што се гледа, но има и други, споредни. Се надевам дека во јули ќе можеме да ве поканиме тука, на свечено отворање и да имаме комплетно нова приказна со која заеднички ќе бидеме горди“, рече денеска Николоски.

Генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, кажа дека во текот на градежните активности ќе продоложи функционалното работење на аеродромот.

„ТАВ инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на аеродромот: проширување на оперативниот капацитет на патничкиот терминал и на капацитетот на шалтерите за регистрација на багаж и патници, проширување на зоната за безбедносна контрола, ќе се прошири административната зграда, нов ресторан, нови канцеларии за Граничната полиција и Царинската управа и паркинг за вработените“, рече Курт.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во првите два месеца од годинава на Скопскиот аеродром има 30 отсто зголемување на бројот на патници, а на Охридскиот за околу 20 отсто.

„Годинава очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома. Разговараме со голем број туроператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден сме пред склучување договор, кој надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања“, рече Мицкоски.

[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/renoviraneto-na-ohridskiot-aerodrom-ke-zavrshi-do-juli-veli-nikoloski/?fbclid=IwY2xjawQ2AltleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEeT2cxMUnpQNlVt0A5RnMiOOGkK9ptouDkyk9pA5m0wEcC3vGmZQBVxUgJOYE_aem_o8QPrXoG__afJZY127M5ew ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Рендер за новиот изглед на охридскиот аеродром:



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Привршува реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

„Реконструкцијата и надградувањето е нешто што долго време му требаше на охридскиот аеродром и еве конечно се случува. За околу два месеца аеродромот ќе изгледа целосно ново, со проширени делови за пристигнување и заминување, што ќе донесе дополнителен економски стимул“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски
Привршува реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска беше на увид на градежните работи, рече дека над 65 проценти од проектот за реконструкција на охридскиот аеродром се завршени. Најважно, според него, е што во текот на процесот работата на аеродромот се одвива непречено.

Министерот за транспорт информира дека со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4 500 квадратни метри функционален простор за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа.

Директорот на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, рече дека проектот за реконструкција на аеродромот во Охрид чини 2,7 милиони евра. Според неговите очекувања, модернизацијата на аеродромот, заедно со проширувањето на мрежата на директни линии, ќе придонесе за натамошно позиционирање на Охридскиот Регион и Македонија како една од најатрактивните и најдостапни туристички дестинации во Европа.

Осврнувајќи се на резултатите во авиосообраќајот, министерот за транспорт информира дека во периодот јануари–мај годинава е забележан раст од 31,2 проценти на бројот на патници во споредба со истиот период лани. Со ваквиот тренд, според Николоски, бројот на патници годинава се очекува да достигне од 3,5 милиони.

[ https://360stepeni.mk/privrshuva-rekonstruktsijata-na-aerodromot-sveti-apostol-pavle-vo-ohrid/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ НОВ МОДЕРЕН ЛИК - СТАНУВА СИМБОЛ НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН.
За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
Охридскиот аеродром добива нов лик – денеска свечено се пушта во употреба реконструираниот „Св. Апостол Павле“
ОХРИД, 8 СЕПТЕМВРИ 2026 – На денот кога Македонија одбележува 35 години од независноста, Охрид добива уште еден значаен инфраструктурен објект – денеска свечено ќе биде пуштена во употреба реконструираната зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Реконструкцијата претставува една од најзначајните инвестиции во охридскиот аеродром во последните години, со која треба да се одговори на континуираниот раст на бројот на патници и зголемувањето на бројот на авиолинии од Охрид кон европските дестинации.
Инвестицијата на ТАВ Македонија изнесува 2,7 милиони евра, а проектот е насочен кон зголемување на капацитетот, подобрување на условите за патниците и модернизација на работните простории и инфраструктурата.
Од шест на осум шалтери за чекирање
Една од највидливите промени е проширувањето на check-in просторот за дополнителни 100 квадратни метри, при што бројот на шалтери е зголемен од 6 на 8.
Зоната за безбедносна контрола и рачен багаж е проширена на речиси 200 квадратни метри, просторот кај гејтовите на 350 квадратни метри, додека просторот за подигање багаж сега располага со 230 квадратни метри.
Проширена е и пасошката контрола, која сега зафаќа околу 150 квадратни метри.
Во терминалот е предвидена и нова duty-free продавница, нови ескалатори, како и нова опрема и технологија за поефикасно и побезбедно опслужување на патниците.
Капацитетот зголемен до 40 проценти
Според ТАВ Македонија, со реконструкцијата оперативниот капацитет на терминалната зграда е зголемен за 30 до 40 проценти. Тоа треба да овозможи аеродромот полесно да го поднесе зголемениот број авиони и патници, особено во периодите со најголема фреквенција.
Важен дел од проектот е и доградбата и надградбата на административната зграда. Нејзината површина од досегашните 290 квадратни метри е зголемена на 746 квадратни метри.
Во неа ќе бидат сместени нови канцеларии на ТАВ Македонија, простории за Граничната полиција и Царината, како и ресторан за вработените. Предвиден е и нов паркинг за аеродромскиот персонал.
Целта е административните функции постепено да се дислоцираат од терминалот, со што дополнително се ослободува простор за патничкиот сообраќај.
 


   
2
Bukefal и Skopje реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Ајде, го освежиле малку. Имав поголеми очекувања, но тоа е.



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Некои нови фотки што ги најдов на интернет:

https://zamaaero.com/10/09/2026/novosti-iz-regije/ohrid-dovrsio-obnovu-terminala/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: