Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Маџир маало

6 Написи
1 Корисници
6 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#892]

Во оваа нишка може да ги обработуваме темите поврзани со урбанистичкиот развој на оваа целина во центарот на градот,донесените урбанистички планови и решенија на овој дел.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

За почеток една моја мини фото репортажа од декември 2025








   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

30.03.2024

Безидејното Маџир Маало во Скопје

Во центарот на Скопје, веднаш до Транспортниот Центар е позиционирано Маџир Маало. Значајно за домашниот урбанизам ова е првиот простор кој на крајот од XIX век се планира со ортогонална улична мрежа. Сами по себе, овие улици претставуваат урбанистички маркер, кој има споменична вредност.

Долгото размислување што со овој простор, резултира со најлошиот концепт што можеше да се замисли, а тоа е да се препушти на урбанистички план без идеја, план кој не размислува подалеку од делење на инвеститори да го реализираат сопствениот бизнис апетит, од кој градот не добива апсолутно ништо.

Ваков репрезентативен простор од аспект на неговата локација, да беше во моментот во Тирана, Белград или било кој друг град, ќе беше во најмала рака предмет на некое современо архитектонско остварување, тоа е земјиште со вистински потенцијал, финансиски вредно и исплатливо и како местоположба незаменливо.

Тука во планот на Танге беше позиционирана Градската Порта, Георги Константиновски ги замисли своите пирамиди како комплекс на домување, додека современиот македонски урбанизам го остави просторот за безидејно делување и создавање на блокови со неразумна височина поради тесната улична мрежа.

Општините никако да станат менаџери на просторот кој има едноставен патоказ – организирање на конкурс за визии, разработка на идејни решенија, бирање на најдоброто, преточување во урбанистички план, обединување на просторот во една парцела на косопственици ( процентуално според површината која ја поседува секој поединец) и заеднички настап пред заинтересиран инвеститор да го реализира одбраното решение.

Формула која одамна ја нудиме како решение со кое сите на крајот ќе излеземе како победници. Но немањето желба и визија, не направи бездушни и подпросечни. Скопје заостанува во поглед на главните градови во регионот, небаре тука нема архитекти, визионери, луѓе со идеја и потенцијал.

Како оди реализацијата на тековниот план погледнете од денешната фотогалерија >>>





[ https://marh.mk/bezidejnoto-madjir-maalo-vo-skopje/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=122123162577092852 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Маалово инфраструктурно е доста лошо,уличките останаа многу тесни а на нив се издигнаа 5-6 катни згради кои се доста блиску една до друга и создаваат големи сенки и врз улицата и на становите едни со други
Во поглед на хигиената е исто така лошо тоа што сеуште отпадот го собираат со концепт на канти наменети за индивидуално домување наместо со контејнери па на многу места се формираат депонии а исто така голем број напуштени куќи се користат како места за одлагање на кабаст отпад и шут.
Кога ќе се изработи новиот ГУП би требало да се тргне бул.Крушевска Република кој сега сече низ маалово и ја кочи урбанизацијата на еден дел непосредно до Народна Банка каде е планирано да минува.

Ваквите куќи се и голема опасност за минувачите со оглед на тоа дека од нивните кровови висат парчиња лим,греди и слично.


ова е ул.Маџир Маало на која се изградија најголем дел од зградите,во принцип тротоарите или не постојат или пак се дел од партерот и паркингот за некоја од зградите а исто така треба во иднина да се изведе режим на еднонасочни улици бидејќи е невозможно разминувањето со возила.



....



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

[ https://www.youtube.com/watch?v=jcrizgY75K4 ]

Речиси еден метар од коловозот е пресечен, а градежен шут е расфрлан по улицата и околните објекти. Вака моментално изгледа улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало.

Револтираните жители велат дека веќе две години се соочуваат со проблеми поврзани со градежните активности на објектот што се довршува во нивното соседство. Според информациите што ги добиле, на просторот каде што е пресечен асфалтот е предвидена изградба на тротоар и паркинг-места за потребите на станарите во новата зграда.

Жителите стравуваат дека со тоа дополнително ќе се стесни и онака тесната улица, што ќе го отежне движењето на возилата и ќе создаде ризик во случај на итни интервенции.

„Како што може да се забележи нема тротоар, нема табла кој е инвеститор, а има градежен шут на сред улица. Најново е тоа што сега се сече и улицата скоро едно метро бидејќи тука требало да биде тротоар и паркинг место. Прашуваме како ќе се помине утре тука со пожарна, брза помош или што било и да треба. Тоа нема шанси. Ние сега не можеме да поминеме со нашите возила. Ова се стари градби, а патот е едвај четири метри, каде не може ниту да се разминеме ниту да ги паркираме колите некаде, а ако овде има тротоар е дури тогаш нема да има шанси да поминуваме со возила“

„Кога тука ќе се стави тротоар ние улица ќе немаме. Ако тие сметаат дека само три метри се доволни за улица во ред. Нека дојде кој било надлежен да ми каже според прописи колкава треба да е улицата по пропис и дали таму може пожарна да помине“

По реакциите на граѓаните, инспектори од Општина Центар излегоа на терен за да ја проверат состојбата.

„Инспекциската служба на Општина Центар изврши увид на терен, при што беше констатирана потреба од спроведување геодетско обележување, снимање и мерење од страна на овластена геодетска фирма, со цел прецизно да се утврди дали постои узурпација на јавниот протор од страна на инвеститорот/изведувачот“, рекоа од општина Центар.

Неодамна, во близина на Католичката црква на булеварот „Теодосиј Гологанов“, се случи свлечиште при ископ на нов станбен објект. Сега таму е поставена заштитна лимена ограда, а оштетениот простор е речиси целосно затрупан.

Градежните експерти предупредуваат дека е неопходен засилен инспекциски надзор на градилиштата, поголем број градежни инспектори на терен и построги санкции за инвеститорите и изведувачите кои не ги почитуваат законските прописи и безбедносните стандарди.

[ https://telma.com.mk/2026/06/21/ako-uliczata-se-skrati-eden-metar-nema-da-mozhat-da-pominat-ni-pozharna-ni-brza-pomosh-zhiteli-od-madhir-maalo-baraat-opshtina-czentar-da-ja-stopira-uzurpaczijata-na-javen-prostor/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: