Оваа нишка е наменета за проблемот со преголемиот број на поставени билборди и помали рекламни паноа низ централните градски подрачја особено во поголемите градови кои го нагрдуваат изгледот а исто така честопати се поставени на пешачки и велопатеки што претставува дополнителен проблем за минувачите.
Многу општини и градови најавуваат и ветуваат решение на овој проблем но ретко кој превзема поконкретни чекори по однос на овој проблем.
ОТСТРАНЕТИ БИЛБОРДИТЕ ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Од јавните површини на територијата на Општина Центар отстранети се билбордите. Тие се тргнати откако на фирмата „Медиа центар маркетинг“ на 15 март ѝ истече 10-годишниот договорот. Согласно одредбите по завршување на договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост.
Дали повторно ќе се стават билборди на јавните површини од Општината уште не знаат.
„По истекот на договорот ќе се отвори прашањето за идниот начин на постапување, имајќи предвид дека постојат повеќе иницијативи, и од страна на градоначалникот и од страна на советничките групи. Откако ќе се направи анализа за тоа што е најдобро за граѓаните на Општина Центар, ќе се донесе и соодветна одлука“, ни одговорија пред два месеци од Општина Центар.
Агенцијата „Медиа центар маркетинг“ бараше од Општина Центар договорот да ѝ се продолжи за уште 2 години оти за време на пандемијата на ковид-19 не можела да работи и не остварувала профит. Ова барање не беше прифатено од Советот на Општина Центар на седницата која се одржа минатиот месец.
Општина Центар во март 2016, во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, склучи договор на 10 години со „Медиа центар маркетинг“ за поставување билборди низ општината.
Дали сте приметиле колку билборди по Скопје зјапат празни, односно само стои "rent", "се издава", "рекламирајте се тука" и слично.
Билборди се мода од едно друго време кога видливоста беше да те има на улица, да те има на излог, да си во прв ред. Денес прашајте било кој угостител, ќе ви каже дека 60%-70% од тоа што го нарачува оди преку Wolt. Прашајте еден бербер, па ќе видите дека 80% муштерии му се дојдени заради видливост на Instagram. Операторите/Банките/ големите корпорации веќе доволно ги има доволно изрекламирано насекаде по интернет и на prime time по телевизија.
Прашањето е, на кого му се потребни сеуште билборди?! како да сме 90ти/00ти.

Во светот одамна се отстранети, само кај нас и на Балканот стојат и го нагрдуваат просторот.