Известувања
Исчистете ги сите
Урбани проблеми
5
Написи
1
Корисници
2
Реакции
490
Прегледи
Стартер на тема 09/09/2026 2:19 pm
Оваа нишка е посветена на проблемите поврзани со дивонаселување на бездомници во објекти,изведба на импровизирани објекти и слични поврзани вести.
Стартер на тема 15/09/2026 12:35 pm
Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени – го враќаме редот и мирот во Центар!
Општина Центар, во координација со надлежните служби го расчисти јавниот простор спроти објектото на „Нова Македонија“ по пријавите од граѓаните за отпад, импровизирани шатори и нарушување на јавниот ред и мир.
Паркот повторно им се враќа на граѓаните – чист и безбеден.
Дополнително, апелирараме до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, со цел да нема повторување на ваквите ситуаци
Реагираше Bukefal
Стартер на тема 19/09/2026 6:16 pm
аеродромци реагираат на големата миризба која доаѓа од ромската дива населба кај железниот мост во населба Острово.
За овој проблем реагирано е многу пати, постојано се пали отпад, се фрла смет и шишиња во реката Вардар, се пушта гласна музика во доцни часови и постојано се случуваат тешки кражби во населбата Аеродром, проблеми за кои локалното население постојано пријавува во надлежните институции, а со години не се превзема буквално ништо.
Стартер на тема 09/10/2026 7:22 pm
Дивата населба во Ќерамидница спроти ПИОМ
Со децении опстојува и се проширува,целиот овој потег од кејот е претворен во јавен тоалет,полно е со ѓубре,има спалување на отпад,кучиња скитници.Исто така жителите на нас.Острово се изложени на честа бучава,загадување па и поситни кражби и оштетување на возилата на околните паркинзи.Мислев дека со изградбата на комплексите во близина ќе се направи притисок за решавање и отстранување на овие импровизирани живеалишта но се чини дека ќе си останат.














