- August 2016
Лимак ќе гради модерен комплекс кај старата железничка
Подземна сообраќајница, дваесетканици, хотел, трговски центар – срцето на Скопје ќе добие комплетно нов лик. Туркста компанија Лимак објави дека наскоро почнува со изгрдбата на комплексот кај Старата железничка станица вклучително и тунелот кој треба да го олесни сообраќајот.
Проектот е готов, Лимак соопшти дека тој предвидува современ, атрактивен, мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.
Тунелот ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
Станува збор, наведуваат од компанијата, за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.
Проектот ќе се гради на површина од околу 300.000 квадратни метри. Комплексот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.
Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, ќе биде обновена од градските власти и ќе биде вградена во комплексот.
Холдингот Лимак е гигант во градежниот сектор, и има реализирано многу инфраструктурни прокети во повеќе земји.
[ https://sitel.com.mk/limak-kje-gradi-moderen-kompleks-kaj-starata-zheleznichka ]
27 Септември, 2018
Лимак Холдинг започна со изградбата на мултифункционалниот „Diamond Skopje“
Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, денес и официјално најави дека започна со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Добиени се сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.
На официјалната прес конференција пред присутните се обрати г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во“Лимак Инвестиции”кој изјави:"Јас сум сигурен дека “Diamond Skopje” ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. "
Од Лимак информираа дека е во тек изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза, а дека е дефинирана и динамиката за изградба на мултифункционалниот комплекс,“Diamond Skopje”
г. Зоран Заев, Премиер на Влада на Р. Македонија, изјави дека:“Diamond Skopje” од повеќе аспекти ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје. Го поддржуваме поврзувањето меѓу странските и домашните компании. За економски бенефит, за развој и за подобри услови во остварувањето на бизнисот и на едните и на другите. Потврда на нашите нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба што се наша водилка во соработката, е и стартот на работите на овој мега проект на една реномирана странска компанија каква што е “Лимак Холдинг.“
На конференцијата се информираше дека изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на “Diamond Skopje”. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.
[ https://faktor.mk/limak-holding-zapochna-so-izgradbata-na-multifunkcionalniot-diamond-skopje ]
14 ноември 2018
ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИ НА „ЛИМАК“ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ДАДОВМЕ ОТИ ПОСТАПКАТА БЕШЕ ПОЧНАТА ПРЕД МОРАТОРИУМОТ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ
Откако прогласи мораториум, Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби. Како што кажа градоначалникот Саша Богдановиќ 13 одобренија се издадени бидејќи постапката за барање за одобрение за градење била почната пред да стапи на сила мораториумот, а меѓу нив е и одобрение за изградба на комплексот на „Лимак“ на Јужен булевар. Останатите 8 одобренија се дадени за Детални урбанистички планови за кои не важи мораториумот и тоа ДУП Градска четврт Ј07 кој опфаќа дел од Капиштец и Водно, ДУП Француски гробишта и ДУП Дуќанџик.
„Одлуката за мораториумот беше донесена на 27.12.2007 година. Под неизвршување на планови влегуваат сите оние нови постапки, поднесување основен проект, плаќање комуналии. Имаме затекнати постапки кои се почнати пред моето доаѓање, но и години пред 2017. Имате одлука за одобрение на градба во 2016 година, а се реализира сега оти имало судска постапка која траела. Овие нови градби се со такви издадени решенија, односно не влегуваат под мораториумот. Одобренија се дадени и за адаптација, пренамена, реконструкција, доградба и надградба и инфраструктурни одобренија. Во оваа категорија се вкупно 52 одобренија“, вели Богдановиќ.
Богдановиќ кажа дека за објектите на Јужен булевар дадени се три вида на одобренија за градба. Првото одобрение за градба е издадено 10 мај 2016 година од неговиот претходник Андреј Жерновски, тоа е за објектите кои веќе сега се градат над Јужен булевар. Второто одобрение која ја опфаќа соседната парцела постапка е почната на 19 декември 2017 година, пред да биде на сила мораториумот, а градежната дозвола е дадена на 15 август 2018 година. Третото одобрение за подземната сообраќајница ја издал Град Скопје.
На просторот кај паркингот на „Холидеј ин“ Богдановиќ вели дека досега за ниту една парцела која е во приватна сопственост нема издадено дозвола за градба.
„Тој план се работи, шеесеткатници таму нема да има. Таму има имот во приватна сопственост, дел од луѓето имаат куќи и не можат да си го реализираат прашањето, оти долги години не е донесен планот. Мое мислење е дека треба да се даде развој на тоа место, но нормален и контролиран, не 60 катници. Да биде нешто нормално, да не бидат четири или пет згради, да бидат две или три. Да се почитуваат правилата според новиот закон за потреба од зеленило“, рече Богдановиќ.
14 март 2022
КРЕНАТА ПРВАТА ОД ЧЕТИРИТЕ 20-КАТНИЦИ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Крената е првата од четирите 20-катници кои турската компанија „Лимак“ ги гради на Јужен булевар во центарот на Скопје. Првата зграда се наоѓа кај зградата на „Тутунска банка“ односно на крајот на трасата каде што треба да излегува подземната сообраќајница.
Во моментов се работи и на втората 20-катница која ќе биде веднаш до неа и веќе се изградени неколку ката. Другите две висококатници ќе се градат на другиот крај на Јужен булевар односно кај подвозникот на улицата Бихаќка. Под зградите треба да минува подземната сообраќајница, која во моментов граѓаните не можат да ја видат зад тарабите со кои е заградено градилиштето. Инвеститорот вели дека улицата се гради и онаму како се кренати зградите таа е пробиена.
Според најавите подземната сообраќајница треба да биде готова во 2023 година, а Град Скопје треба да ги изведе приклучоците односно да изгради три кружни текови за влез и излез.
„Најтешката работа е завршена, поголемиот дел од тунелот под земја е пробиен односно направен е ископот, поставени се потпорни ѕидови и подземни инсталации. Сега останува полесниот дел во градењето на улицата. Градежните работи се одвиваат во делови или блокови односно завршуваме еден дел од улицата и потоа таму се продолжува со работа односно се креваат објекти. Потоа се гради друг дел од улицата па содржините кои се над неа. Без да се изгради тунелот не може да се кренат зградите. Зградата која ја гледате кај ‘Тутунска банка‘ е прва од четирите кули. Таа се гради бидејќи тунелот во тој дел е готов и сега продолжуваме со негово градење натаму“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК лани во август Чагри Шерен, проект менаџер на компанијата „Лимак“.
Според проектот, улицата ќе биде со должина од 800 метри и широка 37 метри. Ќе има по две ленти во секој правец и две линии за трамвај во средината. Вкупната површина на која се гради целиот комплекс е 325 000 метри квадратни, од кои трговскиот центар ќе биде со површина од 47. 000 метри квадратни и веќе е почнат да се гради, а ќе се наоѓа зад Музејот на Град Скопје. Ќе има 4 згради, две источни и две западни со 20 ката, три нивоа паркинг простор и 17 ката станбени единици. Делот меѓу трговскиот центар и кулите ќе биде шеталиште со јавни содржини. Инвеститорите велат дека во комплексот ќе има 3.200 паркинг места и 11.000 метри квадратни зелена површина.
Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан на 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.
Со доаѓањето на градоначалничката функција на претходниот градоначалник Петре Шилегов, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи.
27 јуни 2022
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА КАЈ ЈУЖЕН БУЛЕВАР ЏАБЕ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ВО 2023, АРСОВСКА ВЕЛИ ДОТОГАШ НЕ МОЖАТ ДА СЕ РЕШАТ ИМОТНО-ПРАВНИТЕ ОДНОСИ, А КАМОЛИ ДА ПОЧНЕ ГРАДБА НА ПРИСТАПИТЕ

Подземната улица на Јужен булевар и да биде готова во 2023, како што најави турскиот инвеститор „Лимак“, нема да може да се користи. Град Скопје дотогаш нема ниту да почне да ги гради трите кружни текови за влез и излез од сообраќајницата. Градоначалничката Данела Арсовска, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК до каде е Градот со исполнување на својот дел од обврските, вели дека работите се далеку од реализација оти ништо не било почнато од претходното раководство.
„Ова е еден од проектите којшто е отпочнат без целосна визија како ќе се реализира и како ќе се заврши, ниту пак имало каква било волја да се реализира и заврши. Било само отпочнато и не знам како се сметало дека ќе се реализира, затоа што во овој момент ниту една од фазите кои се обврска на Градот не е почната, ништо не е пипнато. Што значи дека сега јас во средината на 2022 година отпочнувам со реализиација на фазата број еден за кружниот тек кај Кисела Вода, која досега можела да биде завршена“, вели Арсовска.
Град Скопје треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај зградата на поранешна „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Ексградоначалникот Петре Шилегов во изборната кампања ги промовираше проектите за изградба на трите кружни текови и тогаш најави дека Градот од 2022 ќе почне со нивна градба и тие ќе чинат 22 милиони евра.
Според Арсовска, која постојано вели дека не наследила ниту еден проект, џабе што ексградоначалникот Шилегов ѝ оставил проекти кога не ги решил имотно-правните односи.
„Проектите се најмалиот проблем, тие не се од претходниот градоначланик туку нешто што се заговара од 2012 година, меѓутоа, за да се реализира требало да се пристапи кон процес да се среди тоа земјиште кое сега е во надлежност на Македонски железници. Ниту од другата страна каде треба да се градат два кружни текови ништо не е пипнато во однос на имотно-правните односи. Јас не знам како се планирало да се заврши нешто како цел проект до 2023. Не знам што треба да се направи, имотно-правните спорови не знам дали ќе успеат да се разрешат до 2023“, додава Аросовска.
Според најавите од менаџментот на „Лимак“, подземната сообраќајница ќе биде готова во 2023 година.
„Најтешката работа е завршена, поголемиот дел од тунелот под земја е пробиен односно направен е ископот, поставени се потпорни ѕидови и подземни инсталации. Сега останува полесниот дел во градењето на улицата. Градежните работи се одвиваат во делови или блокови односно завршуваме еден дел од улицата и потоа таму се продолжува со работа односно се креваат објекти. Потоа се гради друг дел од улицата па содржините кои се над неа. Без да се изгради тунелот не може да се кренат зградите. Зградата која ја гледате кај ‘Тутунска банка‘ е прва од четирите кули. Таа се гради бидејќи тунелот во тој дел е готов и сега продолжуваме со негово градење натаму“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК лани во август Чагри Шерен, проект менаџер на компанијата „Лимак“.
Над улицата веќе е крената првата од четирите 20-катници, а во моментов се гради и втората која е речиси до половина. Тунелот за улицата во овој дел е изведен.
Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.
Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи.
Сообраќајницата треба да биде долга 800 метри, 6 метри под земја и со 6 коловозни ленти. Комплексот на ’Дајмонд Скопје‘ ќе има станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Во комплексот автентично треба да се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни.
22 септември 2022
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ИДНАТА ГОДИНА, НО НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ПО НЕА ОТИ ГРАД СКОПЈЕ ТРЕБА ДА НАПРАВИ ВЛЕЗОВИ, ВЕЛАТ ОД „ЛИМАК“

До крајот на наредната година ние ќе ја направиме подземната улица, но за да може да биде пуштена во сообраќај Град Скопје треба да ги изведе трите кружни тека преку кои ќе се влегува и излегува од тунелот, велат инвеститорите од турски „Лимак“, кој го гради комплексот пд станови и трговски центар кај старата железничка станица во Скопје. Тие велат дека сообраќајницата се гради и веќе е пробиен голем дел од тунелот.
„Во делот каде што веќе се дигнати зградите и каде што ќе биде трговскиот центар улицата е веќе пробиена и направена. Сега останува уште да се направи ископот односно да се пробие во делот каде што ќе бидат другите две згради. Роковите кои ги дадовме ќе бидат запазени односно во 2023 подземната улица ќе биде готова“, вели Чагри Шерен, проект менаџер на компанијата „Лимак Скопје“.
Иако подземната улица ќе биде готова таа нема да може да се користи бидејќи Град Скопје не почнал со постапките за изградба на кружните текови. Градот треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Градоначалничката Данела Арсовска во јуни изјави дека работите се далеку од реализација оти ништо не било почнато од претходното раководство.
Ексградоначалникот Петре Шилегов на крајот од неговиот мандат ги презентираше проектите за трите крстосници и најави дека по завршувањето на изборите ќе започнат постапките за избор на фирми изведувачи и градежните работи
Директорот на „Лимак Скопје“ Куртхан Апајдин вели дека имале средба со градоначалничката Арсовска и очекува Градот да го заврши својот дел од обврските. Вели дека напролет планираат првиот дел од комплексот да биде готов и пуштен во употреба односно првите две кули да бидат вселени, да почне со работа трговскиот центар и пешачката улица со ресторани и кафитерии.
САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Алајдин нели смета дека со пуштањето на двете 20-катници, трговскиот центар и улицата со кафулињата треба да биде пуштена и подземната улица бидејќи уште толку ќе се зголеми сообраќајниот метеж во центарот на градот, а улицата која требаше тој метеж да го реши нема да се користи. Не се знае ниту кога ќе биде пуштена во употреба оти за изградба на приклучоци кои не се едноставни проекти се потребни неколку години, а работите не се ни почнати.
„Ние за изградба на комплексот плативме висока цена за комуналии, секој месец на Општина Центар плаќаме пенали бидејќи се доцнеше со стартот на проект. Нашиот дел од обврските целосно го исполнуваме, улицата се гради според високи стандарди и таа ќе биде готова за една година. Град Скопје треба да ги изгради трите кружни текови и се надеваме и веруваме дека тоа ќе биде направено“, вели директорот Куртхан Апајдин.
Од компанијат велат дека во првите две кули кои се веќе дигнати купени се речиси сите станови.
Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година и прво инвеститорот треба да ја изгради улицата а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.
Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи.
Сообраќајницата треба да биде долга 800 метри, 6 метри под земја и со 6 коловозни ленти. Комплексот на ’Дајмонд Скопје‘ ќе има станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни.
30 јуни 2023
ДВЕ ЗГРАДИ НА „ЛИМАК“ СЕ ВСЕЛУВААТ, НАЕСЕН ГОТОВ И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР, А ГРАД СКОПЈЕ НЕМА АБЕР ОД ИЗГРАДБА НА ПРИКЛУЧОЦИТЕ ЗА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА

Првите две згради на „Лимак“ во центарот на Скопје се готови, становите се продадени и во нив веќе се вселуваат сопствениците. Наесен ќе биде готов и трговскиот центар кој што е во склоп на комплексот, а наредната година ќе биде завршена подземната улица и останатите две згради. Иако целиот комплекс „Дајмонд Скопје“ е веќе при крај, Град Скопје нема абер да почне со изградба на приклучоците за улиците и кружните текови кои треба да овозможат влез и излез од подземната сообраќајница, која се гради за да да се растеретат гужвите кои ќе настанат со вселување на станарите во новите згради и отворањето на трговскиот центар.
Од турската компанија „Лимак“ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека 90 отсто од бетонските работи на подземната улица се готови и таа ќе биде завршена во предвидениот рок.
„Попрецизно, 705 метри од вкупната должина од 746 метри се целосно ископани, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. Останатите 41 метар се ископани и во следните фази од изградбата на целокупниот комплекс ќе продолжат бетонските работи за овој дел. Подземната сообраќајница се гради паралелно со останатите компоненти што го сочинуваат комплексот. Таа минува под нив и за да можат тие да бидат изградени најпрво треба да се пробие сообраќајницата. За нејзината изградба се врши 14 метри длабок ископ, по што се градат потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава, и се поставува фундамент. Ќе биде долга 746 метри и широка 37 метри, ќе има по две сообраќајни и помошни ленти во двата правци и две трамвајски линии во средината“, велат од „Лимак“.
Од Град Скопје и кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, исто како како цел досегашен мандат така и сега не добивме одговор на нашите прашања до каде се постапките за изградба на кружните текови за подземната сообраќајница.
Градот треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај поранешна „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Досега, Арсовска ниту еднаш не споделила информација во јавноста околу овој проект и какви се нејзините планови. Не се почнати никакви постапки оти ниту еден тендери за овој проект не е распишан.
Арсовска за овој проект, кој е многу важен за Скопје со оглед дека зградите се веќе готови, а тоа значи нови жители, нови автомобили и уште поголеми гужви во овој дел од Скопје, говорела само одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК на една од ретките прес-конференции кои ги имала. Лани, на нашето прашање рече дека и овој проект бил оставен со нерасчистени имотно-правни односи и затоа сега таа не може само во неколку месеци да ги реши сите постапки. Арсовска е на функција една година и 8 месеци.
Во комплексот „Дајмонд“ се предвидени четири кули со 20 ката. Две од нив, кои се наоѓаат кај зградата на „Тутунска банка“, се веќе готови и становите се продадени, а другите две кои се градат кај Урбан паркот ќе бидат готови догодина. Комплексот ќе има и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни.
Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски, и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година и прво инвеститорот треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.
Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. Во кампањата за локалните избори 2021 Шилегов ги премовираше проектите за кружните текови и тогаш рече дека по завршување на изборите ќе почнат постапките за нивна изградба.
22.10.2023
Се отвори „Diamond Mall“ во Скопје
На 20.10.2023 свечено се отвори новиот трговски центар „ Diamond Mall“ во Скопје. Истиот е дел од големиот комплекс „Лимак“ со мешана намена.
Според кажаното од страна на сопствениците, станува збор за вкупна инвестиција од 350 милиони евра, во која трговскиот центар центар влегува во категорија на „Лајф-центри“. Во првата целина на Diamond Mall влегува простор за продавници со површина од 48.000 m2 или 150 локали, втората целина припаѓа на „Зоната на соништата“ од 7.000 m2, додека третата зона е Гурманската авенија.
Трговскиот центар е отворен во сите правци, обезбедувајќи притоа паркинг простор за посетителите од 2900 места.





[ https://marh.mk/se-otvori-diamond-mall-vo-skopje/ ]
12.12.2023
Соопштение од „Лимак“: Голем интерес за домување во „Diamond of Skopje”
Живеењето по теркот на светските метрополи што го нуди „Diamond of Skopje” предизвика голем интерес на пазарот на недвижности, поставувајќи нови повисоки стандарди. Причина за тоа е новиот концепт на домување, со висока додадена вредност, што го нуди мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”, кој го гради „Лимак Скопје“ на атрактивна локација во центарот на градот. Становите во две од четирите висококатници, односно блок А и Б, се целосно продадени и делумно вселени. Продадени се и над 50 % од становите во блок Ц, а продажбата на апартманите во последната кула или блок Д, за која веќе има голем интерес, се очекува да биде целосно завршена до крајот на идната година. Најголемиот дел од купувачите на становите се од земјата или македонци кои живеат и работат во странство, но има и странски државјани од Словенија, Швајцарија, Холандија, Турција и САД. Странците повеќе преферираат станови на повисоките катови, додека домашните купувачи повеќе се одлучуваат за становите лоцирани на пониските катови.
Покрај одличниот квалитет на градбата на становите во „Diamond of Skopje”, големиот интерес се должи и на атрактивните содржини што се уникатни во градот, па и пошироко. Сопствениците на станови имаат можност за користење повеќе содржини кои се достапни во рамки на Д-плус концептот. Тоа се наменски добро опремени простории за видео игри, караоке, приватно кино, локации за забави, за вежбање пилатес и слично. За одржување на заедничките простории формирана е посебна компанија, која е непрофитна, а нејзина задача е да се грижи за сите колективни сегменти на домувањето во комплексот, како техничко одржување, 24-часовно обезбедување, одржување хигиена и зеленило, отстранување отпад и слично, за што сопствениците на становите издвојуваат месечен надомест.
Д – плус концептот не е единствен адут на станбениот дел во „Diamond of Skopje”. Имено, при изградбата на станбените кули се применети највисоките стандарди во градежништвото. Тие имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија. Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови обезбедена е висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија. Сите станови се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Комплексот има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.
Интересот за купување на станови го зајакна и отворањето на „Diamond Мall“, бидејќи новиот трговски центар со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ нуди дополнителни содржини кои му даваат нова димензија на урбаното живеење во комплексот. Покрај делот за шопинг со 150 продавници и еден од најголемите супермаркети, во „Diamond Mall“ се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани различни ресторани и кафулиња и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголемиот едукативно-забавен центар за деца и млади.
„Diamond of Skopje“ е сочинет од повеќе целини кои меѓусебно се надополнуваат. Четирите станбени блока располагаат со вкупно 772 стана, а покрај трговскиот центар „Diamond Mall“, дел од комплексот е и хотел со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“. „Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.
[ https://pari.com.mk/soopstenie-od-limak-golem-interes-za/ ]
Денешни
Кула C и D
И овој дел од комплексов е веќе при крај,чинам дека веќе становите се вселиви сеуште се работи на некои поситни делови поврзани со партерот и пристапот




































