Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Cevahir Sky City
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Cevahir Sky City

12 Написи
1 Корисници
9 Реакции
8 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1053]

16 Јули, 2012

Почнува изградбата на висококатниците во Аеродром

Во општина Аеродром денеска започнува изградбата на кулите и трговскиот центар на „Џевахир холдинг“, инвестиција вредна 100 милиони евра. Ќе се гради станбен комплекс од четири висококатници со 42 ката во кој ќе живеат 5.000 луѓе и објект што ќе претставува деловен и трговски центар.

  • Ова е инвестиција на која подолг период работевме, подолг период имавме контакти, но по завршената презентација од наша страна на условите за водење бизнис, ниските даноци, можностите за купување градежно земјиште по многу ниска цена, намалените бирократски процедури од страна на Владата за добивање градежни дозволи, како и севкупниот наш ангажман и посветеност, сопственикот на компанијата донесе конечна одлука да инвестира, рече премиерот Никола Груевски.

Според него, се очекува новиот проект да има големо влијание во градежниот сектор, со оглед што во рамките на новите објекти ќе има многу станови. Според предвиденото, четирите висококатници ќе бидат и највисоките згради во земјава.

[ https://faktor.mk/pochnuva-izgradbata-na-visokokatnitsi/najbliskite-sorabotnici-so-chestitki-do-mickoski-vashata-vizija-inspirira-i-obedinuva ]



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  




[ https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1417543058476047&type=3 ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16 Јуни, 2013

Есер Џевахир: Кулите во Аеродром ќе бидат готови идната година!

Двете од вкупно четири кули во Аеродром се во завршна фаза на изградба, а сите ќе бидат вселиви кон крајот на идната година, соопшти генералниот директор на турскиот холдинг Џевахир, Есер Џевахир, во интервју за МРТ. Проектот е вреден половина милијарда евра, а компанијата ќе ја работи и елитната населба Сончев град. Изградбата на кулите од по планот, вели Џевахир кој појаснува дека сега се работи 30-тиот кат на една од зградите, а другата зграда следи со разлика од 2 ката, односно 28-29 кат. Во овие зградите, според плановите ќе почне да се живее на крајот на 2014. „На другите два блока ќе бидат завршени структурната конструкција и инфраструктурата, но ќе ги доработуваме внатрешните детали. Штом ќе завршиме со изградбата, со карабината на првите две, веднаш ќе ги почнеме другите две згради. Изградбата се спроведува со метод на тунел-изградба, најбезбеден за земјотресни зони и најбрз за висококатници. Затоа оди толку брзо. Со проектот ќе изградиме 1376 станови. Во секоја кула ќе има по 344 стана, почнувајќи од еднособни до трособни.“ Во рамки на проектот е планирана изградба на трговски центар од 24-25 илјади квадратни метри и бруто површината за издавање од 17 илјади квадратни метри. Во трговскиот центар ќе ги има најпознатите меѓународни брендови, а како што открива Џевахир, во моментов се преговара со брендови кои до сега ги немало во Македонија. Џевахир вели дека има заинтересираникупувачи, и тоа главно за горните катови, од 30-тиот па нагоре. Цената не ја открива, но посочува дека се работи за луксузни апартмани, пренесува Лидер.

[ https://faktor.mk/eser-dzevahir-kulite-vo-aerodrom-kje-bidat-gotovi-idnata-godina/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Накратко текот на градбата на кулите











[ https://www.facebook.com/cevahirskycity/photos ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од изградбата на катната гаража






[ https://www.facebook.com/cevahirskycity/photos_albums ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од изградбата на молот















[ https://www.facebook.com/cevahirskycity/photos_albums ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  


[ https://www.facebook.com/cevahirskycity/photos ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16 февруари, 2024

Џевахир Мол Скопје во Аеродром се отвора на 29 март



На 29 март се отвора новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје во општина Аеродром, давајќи нова поразлична понуда за жителите од овој дел од градот. Новиот шопинг и бизнис центар Џевахир Мол Скопје и импресивниот најголем мурал во градот креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, ќе биде секојдневна атракција за посетителите, во исто време нудејќи активности и брендови кои ќе ги задоволат секојдневните потреби на потрошувачите во молот.

Скопје е еден од ретките градови во Европа кој ја има една од најголемите мурални фасади на една површина во Источна Европа. Џевахир Мол Скопје е повеќе од трговски центар, ставајќи фокус на културата и уметноста, покрај традиционалните молови кои нудат шопинг, храна и пијалоци. Уметноста која ја претставува овој мурал на трговскиот центар Џевахир е израз на мешаната заедница на луѓе од различни култури коишто живеат во државата и во оваа локална заедница“, вели Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир Холдинг.

Хипермаркетот Кит-Го, турскиот бренд за детски модни парчиња „Панчо“ кој за првпат влегува на пазарот во Македонија, Синсеј, ДеФакто и ДМ, Џевахир променадата како шеталиште со ресторани и кафе барови за секојдневни дружби и релаксација и Playground игротека за најмладите посетители се дел од содржините кои ќе ги понуди Џевахир Мол Скопје.

Со отворање на трговскиот центар, Џевахир целосно го завршува инвестицискиот потег Скај сити во овој дел на општина Аеродром, како комплекс со мешана употреба или комбинација од станбени комплекси за домување, трговски и бизнис центар во една интегрирана средина. Висококатниците Скај Сити се највисоките кули во градот и едни од највисоките кули на Балканот.

[ https://denar.mk/300889/biznis/djevahir-mol-skopje-aerodrom-se-otvara-na-dvaesetidevetti-mart ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

06.04.2024

Се отвори Cevahir Mall во Скопје, на чија фасада е нацртан најголемиот мурал во Македонија







Деновиве во Скопје се отвори Трговскиот центар Џевахир како дел од комплексот кој ги опфаќа и четирите облакодери, едни од највисоките кули во регионот.

Неговото отворање беше поместувано повеќе пати низ годиниве, но и по официјалното пуштање во употреба може да констатираме дека сеуште 80% од локалите се невселени.

Проектиран надолжно се развива средишно комуникацискиот коридор по хоризонтала и вертикала, отворајќи галерии над кои се развиваат стаклени кровни прозори од кои се овозможува поглед кон височините на 42 катните кули.

Она кое е белег на овој Трговски Центар е неговата фасада, на која е насликан најголемиот мурал во Македонија. Автор на дизајнот е Лара Маринковиќ.

Инспирацијата за истиот е во апстрактинот приказ на сегменти поврзани со македонската култура. Муралот опфаќа 4100 m2, за него се употребени околу 1900 литри боја додека неговата реализација е работа на 5 член тим.

[ https://marh.mk/se-otvori-cevahir-mall-vo-skopje-najgolem-mural-vo-makedonija/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

[ https://forton.mk/2024/11/22/cevahir-business-center/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

03.04.2025

ВИДЕО | Гневни станари во зграда на „Џевахир Скај Сити“ бараат итно поправање на расипаните лифтови

[tube] https://www.youtube.com/watch?v=sZYuGbBcxvc [/tube]

Од фирмата за сервисирање тврдат дека обвинувањата на станарите се невистинити, дека од четири патнички работат два лифта, а дека се чекаат делови за да се поправат и другите два

Станарите на станбениот блок Ц во „Џевахир Скај Сити“ веќе подолго време се соочуваат со еден од најголемите проблеми со кој можат да се соочат жители на облакодер од 40 ката – не работат лифтовите. Тие тврдат дека својот револт за овој дефект постојано го потенцирале кај управителот кој раководи со сите услуги и потреби на зградата, меѓу другото е надлежен и за исправно работење на лифтовите, но станарите велат дека оттаму немало слух за решавање на проблемот.

Поради недостигот на комуникација меѓу засегнатите жители и управителот, станарите овој пат решиле да го прескокнат управителот „Хауз Мајстор Плус“ и упатиле заедничко писмо кон повеќе државни институции, до кабинетот на министерот за внатрешни работи, до Министерството за економија и многу други, каде тие го искажуваат своето незадоволство од работата на управителот на зградата и бараат нивна интервенција за решавање на нивниот проблем.

-Изминативе неколку месеци се соочуваме со сериозни проблеми во комуникацијата и извршувањето на обврските од страна на компанијата „Хауз Мајстор Плус“, кои кулминираат изминативе два месеци и заради нивно неодговорно, а се сомневаме и криминално постапување, секојдневно сме изложени на животозагрозувачки ситуации. Во последните неколку месеци се појавија низа дефекти едноподруго, а тоа продолжува да се случува во континуитет и за нив е повеќе пати известен управителот, кој е повикуван на состаноци каде му го искажувавме својот револт за овие проблеми, но тоа не вроди плод и ситуацијата остана иста – се вели во писмото на станарите.

Станар од зградата вели дека од шест лифта кои ги има во блокот Ц, само еден е целосно исправен, а сите останати се или делумно или тотално нефункционални.

– Единствено фирмата „Хауз мајстор“ е управител со зградата, ние како станари исто така ги носиме одлуките со 51 отстотно мнозинство од вкупниот број станови, кој изнесува околу 350. Управителот ја раскинал петгодишната гаранција за сервисирање на лифтовите со компанијата „Хјундаи“ без да нѐ праша нас како луѓе кои живеат во оваа зграда – вели станар за „Слободен печат“, кој тврди дека еден од лифтовите не е во функција повеќе од една година, а останатите се со расипани врати за затворање или други дефекти, додека пак само еден лифт е целосно исправен и во функција.

Во блокот Ц има околу 350 станови каде живеат над 1200 станари, а зградата има шест лифта, од кои, согласно куќниот ред, четири треба да се користат како патнички за пренос на лица кои со себе не носат голем товар, потоа еден товарен лифт наменет за пренос на габаритен и тежок товар и еден издвоен лифт кој е сервисен и служи за исфрлање на комунален отпад.

Според станарите, повеќе од една година еден од патничките лифтови е надвор од целосна употреба со образложение од управителот дека се чека дел од производителот од Турција. Во меѓувреме, многу често, останатите три патнички и еден товарен лифт покажуваа дефекти кои доста бавно биле сервисирани. Тензијата е најголема наутро, кога, како што вели еден од жителите, е „тепачка“ кој да се качи прв, земајќи предвид дека стотици луѓе истовремено одат на работа.

Управителот на комплексот, пак, за „Слободен печат“ вели дека со Блокот Ц раководи од 2023 година, а кога ја преземал зградата ситуацијата во која се наоѓале лифтовите била многу лоша бидејќи тие не биле сервисирани повеќе од 3 месеци од предвидениот рок.

-Ние како фирма дојдовме во 2023 година како нови управители и оттогаш ги исполнуваме сите наши обврски, учествуваме на состаноци со надзорниот одбор на станарите од Блок Ц, кој патем беше наша идеја бидејќи ние кога започнавме со раководење на зградата, станарите немаа оформено никакво тело за полесна комуникација со нас како управители. Свесни сме за проблемот со лифтовите, ги имаме добиено сите пријави и поплаки од жителите и сме во постојана комуникација со договорената фирма за сервисирање „Мега лифтови“, но едноставно, како што ни објаснија оттаму, се работи за лош момент бидејќи два лифта се расипаа одеднаш и имаат ист дефект – велат од фирмата управител и додаваат дека што поскоро ќе биде решен проблемот со неподвижните лифтови.

Од фирмата за сервисирање „Мега лифтови“, пак тврдат дека според сите нивни проверки, четири од вкупно шест лифтови се исправни и сигурни за пренос на патници и товар.

-Не е точно дека само еден лифт работи. Тоа се невистинити обвинувања од страна на станарите, ние како фирма за сервисирање извршуваме преглед на лифтовите еднаш месечно, а дополнително реагираме и на сите пријави кои ги добиваме од страна на станарите и управителот. Сите мали проблеми ги санираме, но двата патнички лифтови кои моментално не работат имаат посериозен дефект со инвертерот. Тој дел го чекаме да стигне директно од фабриката од Турција – велат од компанијата за сервисирање.

Оттаму додадоа дека уредно доставиле допис до станарите и управителот пред околу еден месец дека е нарачан нов дел за еден од двата дефектни лифта, а според нарачката, за да пристигне делот биле предвидени 20-тина денови, но делот сѐ уште не е пристигнат во Македонија.

-Според последните добиени информации, делот ќе пристигне утре. Штом пристигне, сервисирањето на неподвижниот лифт ќе биде направено за неколку часа и тој повторно ќе биде ставен во функција. Доколку делот е точен и одговара како што очекуваме, веднаш ќе нарачаме уште еден за вториот лифт што има идентичен дефект – информира сервисерот.

Проблемот на станарите е сериозен, тие немаат друга опција за движење освен со лифт, со исклучок на станарите од пониските катови кои можат да ги користат скалите, но за оние што живеат повисоко, особено од петнаесеттиот до четириесетиот кат, одењето нагоре пеш е речиси невозможно. Станарите се гневни, проблемот се развлекува со месеци, но доколку одговорната фирма за сервисирање постапи според најавеното, најдоцна за еден месец сите лифтови во Блок Ц ќе бидат исправни и сигурни за користење.

[ https://www.slobodenpecat.mk/video-gnevni-stanari-vo-zgrada-na-dzhevahir-skaj-siti-baraat-itno-popravanje-na-rasipanite-liftovi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Мои фотки од септември-октомври 2025













   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: