Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Монтажни паркинзи-К...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Монтажни паркинзи-Клинички Центар Скопје

2 Написи
1 Корисници
1 Реакции
5 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#844]

НЕМА ДА ПОСКАПИ ПАРКИРАЊЕТО НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ ОТКАКО ЌЕ СЕ ИЗГРАДАТ КАТНИТЕ ГАРАЖИ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ

Нема да поскапи паркингот на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ откако ќе се изградат катните гаражи, кажа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот и министерот за здравство Азир Алиу денеска го потпишаа договорот, откако на 10 февруари на Влада помина одлуката за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во просторот на комплексот.

Алиу рече дека договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга со најмалку 500 места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година.

„Наредната недела в четврток правиме ребаланс на буџетот и една од точките ќе бидат токму овие монтажни паркинзи. Во првата фаза ќе бидат изградени два во Клиничкиот центар, со околу најмалку 500 паркинг места за почеток. Доколку состојбите покажат дека има потреба од дополнителни паркинг места, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Тоа ќе биде генерално решавање на хаосот што владее со години во Клинички центар. Ќе потенцирам, пациентите ќе ги користат овие паркинзи по истите цени и по повластени услови. Но, ќе го решиме генерално хаосот што со години владее овде“, кажа Ѓорѓиевски.

Двата монтажни паркинга ќе се градат кај Клиниката за гинекологија (од левата страна на влезот) и на големиот простор кај малата црква, односно кај хелиодромот. Алиу претходно најави дека катна гаража ќе се гради и на местото на поранешната ковид-болница до Инфективната клиника, но Ѓорѓиевски денеска кажа дека просторот засега ќе се уреди и ќе остане како опција за монтажна гаража во иднина. Доколку се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни станари, ќе се дозволи и таква опција.

Ѓорѓиевски рече дека по ребалансот на буџетот веднаш ќе биде распишана тендерска постапка, која ќе значи проектирање и изведба. Операторот што ќе го добие тој проект ќе треба да го проектира и да го заврши во временски рок што ќе го утврдат во соработка со Министерството за здравство.

„​Но, за разлика од досега, ќе имаме нов систем за евиденција, но и нов систем за наплата, преку кој точно би се вршела детекција на слободни места, полесен би бил пристапот и би се намалиле дополнителните нервози кај граѓаните кои доаѓаат овде“, додаде тој.

Проектирањето и имплементацијата на ваков систем ќе бидат обврска на избраниот оператор.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-da-poskapi-parkiraneto-na-skopskite-kliniki-otkako-ke-se-izgradat-katnite-garazhi-reche-gorgievski/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Неделава ќе се знае кога ќе биде објавен тендерот за монтажните гаражи во Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, неделава ќе има завршен состанок со министерот за здравство, Азир Алиу, на кој заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Ѓорѓиевски вели дека по завршувањето на тендерската постапка, веднаш ќе се почне со изградба на гаражите. Појасни дека динамиката на реализација зависи од капацитетите и од претходно завршените обврски на Градот.

– Предвидовме средства, направивме ребаланс, но имавме уште неколку постапки што требаше да ги заокружиме – исплатите за Момин Поток каде што е целосно решена трасата, за булеварот „Борис Трајковски“ влеговме во процес за, конечно, да заврши голготата на над 100.000 граѓани кон Драчево и почнува поставувањето на атмосферската канализација. Тука е и мостот на улицата „Љубљанска“, потоа мостот „Генерал Михајло Апостолски“, лунапаркот. Сега се на ред и монтажните гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – рече Ѓорѓиевски.

Министерството за здравство и Град Скопје го потпишаа договорот за изградба на паркинзи во рамките на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на 7 март годинава. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет.

Во првата фаза е предвидена изградба на две современи монтажни гаражи, со најмалку 500 паркинг-места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред сѐ, наменети за пациентите и за вработените во клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички.

[ https://www.vecer.press/nova-kanalizacziska-mrezha-na-uliczata-31-vo-volkovo/ ]



   
ОдговорЦитат
Сподели: