Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Катна гаража “26 ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Катна гаража “26 Јули”(првично Македонска фаланга)

3 Написи
1 Корисници
3 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1024]

16.12.2023

Автори: Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ, Дамјан Момировски, Никола Стрезовски
Фасадно обликување: Милан Мијалковиќ, PPAG Architects
Изведба: Гранит АД Скопје
Проектирање, производство и изведба на фасада: Торакс
Година на изведба : 2013
Локација: ул. Св. Кирил и Методиј бр.5, Скопје

Катната гаража „26ти јули“ во Скопје, претставува објект со вонредно фасадно обликување, кое беше резултат на надмудрувањето на авторот со апсурдните барања на проектот „Скопје 2014“ – таа да има карактеристики на некој од еклектичните стилови.

Инспирацијата авторот ја добива од перспективен поглед на улица со објекти од побараните стилови. Од фото кадарот, се исцртани контурите, создавајќи патерн кој потоа се повторува.

Резултатот успеа да ги воодушеви и тврдоглавите власти, додека авторот неколебливо создаде одличен современ авторски израз инспириран од поглед кон минатото.



[ https://marh.mk/katna-garazha-26-juli-skopje-fotogalerija/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

13 октомври , 2019

Преименувани катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“

Градот Скопје изминатите денови постави табли со нови имиња на објектите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Првиот се вика катна гаража „26 јули“, а вториот катна гаража „Беко“.

Двете катни гаражи беа преименувани со одука на Советот на Град Скопје како пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот, се вели во соопштението од Град Скопје.

Преименувањето на објектите следи како обврска од „Преспанскиот договор“ кој Република Македонија го потпиша со својот јужен сосед, а кој во себе вклучува и промена на имиња на објекти на неколку државни институции.

[ https://iportal.mk/makedonija/preimenuvani-katnite-garazhi-makedonska-falanga-todor-aleksandrov/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

МАТУРАНТКИТЕ ЌЕ КРШАТ ШТИКЛИ, ГРАЃАНИТЕ М’КНАТ ТОРБИ ПО СКАЛИ Со месеци не работат лифтовите во катната гаража „26 Јули“

Со месеци не работат четирите лифта во катната гаража „26 Јули“ спроти „Макпетрол“ во Скопје. Во оваа катна гаража секој викенд паркираат граѓани кои пазарат на блиското Зелено пазарче и со тешки колички и торби се качуваат по скали до нивните возила. Паркираат и вработени во околните фирми, кои имаат месечни или годишни билети. За место во оваа катна гаража се чека со месеци, а месечна претплата за физички и за правни лица е 2.000 денари. Годишна претплата за физички и правни лица е 20.000 денари, според ценовникот обајвен на веб страницата на Градски паркинг.

Плусинфо пред околу еден месец побара одговор од Градски паркинг за состојбата со лифтовите, но до денес не го доби.

– Ова е навистина срамота. Се паркирав и видов дека не работат двата лифта, си реков, добро сигурно работат другите два. Но, не. Кога се вратив од пазар натоварена со полна количка и со торби во раце, морав да се качувам до вториот кат по рампата. Паркингот го платив на автомат, зашто и во кабината веќе не седи никој. Паркингот е полн со коли секој ден, а тие немаат пари за поправка на еден лифт? Срамота! – сведочи една повозрасна скопјанка.

Граѓаните што редовно ја користат оваа гаража се жалат и на нехигиената.

– Скалите се ужасно валкани и смрдат на урина. Полна карта наплаќаат, а нивните обврски кон корисниците, кон граѓаните не ги почитуваат. Ни метла, ни средство не поминало од изградбата на објектот до денес. Сите тоалети се затворени, нужда врши кој каде ќе стаса – вели друг граѓанин.

Наскоро, во мај, почнуваат матурските прослави во ресторанот „Рагуза“ кој се наоѓа на најгорниот 6. кат од гаражата.

– Се прашувам дали до тогаш ќе проработат лифтовите или матурантите ќе се качуваат во нови чевли и во високи потпетици до 6 кат. Ова е невиден резил за Градски паркинг и за Град Скопје – додава мајка на матурант.

Катната гаража располага со 445 паркинг места, од кои 17 паркинг места се наменети за лица со попреченост.

[ https://plusinfo.mk/maturantkite-e-krshat-shtikli-gra-anite-m-knat-torbi-po-skali-so-meseci-ne-rabotat-liftovite-vo-katnata-garazha-26-uli/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: