Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Студентски домови
 
Известувања
Исчистете ги сите

Студентски домови

8 Написи
2 Корисници
7 Реакции
470 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#981]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите проекти поврзани со студентските домови,нивна изградба,реконструкција и слично.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Изминатиов период се одвива процес на реконструкција на студентските домови Стив Наумов и Кузман Јосифовски Питу


Мај 2025-Стив Наумов






Мај 2025-К.Ј.Питу






....




[ https://www.facebook.com/profile.php?id=61561566237158 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

НЕМА ВЕЌЕ БРКАЊЕ ГЛОДАРИ И ИНСЕКТИ, НЕМА ПРОМАЈА, РЕЧЕ ЈАНЕВСКА ЗА РЕКОНСТРУИРАНИТЕ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ КОИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 1 ОКТОМВРИ

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување, но и за енергетска ефикасност. Сигурна сум дека студентите ќе уживаат во престојот. Нема да има бркање глодари и инсекти, нема да има промаја, лепени прозорци и неисправни тоалети и бојлери. Дополнително за сето тоа да се одржува и трае, го менуваме и моделот на финансирање. Се разбира, чувањето на објектите и одржувањето на опремата зависи и од самите студенти“, рече Јаневска по увидот во градежните активности за темелна реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда.

Министерката додаде дека се обезбедени и средства за отпочнување на реконструктивни активности во другите 7 државни студентски домови, заблагодарувајќи се на Европската унија, Германската развојна банка и Фондот за инвестиции на Западен Балкан. Речен дека станува збор за вкупен буџет од околу 50 милиони евра, од кои, над 10 милиони се неповратни грантови. Станува збор за студентските домови во Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Пелагонија и кујната во „Гоце Делчев“. Работите ќе се одвиваат истовремено во зависност од големината на домот, реконструкциите и енергетската ефикасност, а ќе траат година и половина до две години.

„За две години ќе имаме комплетно нови студентски домови со европски стандарди“, рече таа.

Министерката додаде дека нема студентски домови за богати и сиромашни и дека сите студентски домови ќе бидат со ист квалитет за сите студенти во земјата.

За тоа каде ќе престојуваат студентите додека трае реконтрукцијата, Јаневска рече дека Министерството не го пропуштило тој елемент и дека во различни градови различно се решава проблемот.

„Во дел студентите ќе бидат во закупен приватен студентски дом. Во друг град ќе бидат во обезбеден простор – интересорска соработка со две министерства, во трет град ќе бидат користени дел од ученичките домови. Ниеден студент нема да остане на улица, сите ќе си го добијат она што им следи тоа што е нивно право“, кажа таа.

Александар Каровски, директор на Државниот студентски дом во Скопје, под чија капа се студентските домови „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, рече дека во објектите сѐ ќе биде ново: централно греење, ладење, тоалети, мебел.

Во однос на одржувањето на реконструираните домови вели дека очекува почитување на куќниот ред од страна на студентите, како и досега.

„Ние имаме реновиран студентски дом ‘Гоце Делчев’ пред десетина години, условите сè уште се одлични, затоа што се грижиме студентите и сите генерации да ги имаат истите услови. Затоа во тој дел како менаџери јас сум одговорен да ги одржиме условите за повеќе генерации. Инаку немаме посериозни проблеми, студентите барем кај нас во ‘Гоце Делчев’ се придржуваат кон куќниот ред и немаме некои сериозни проблеми“, рече Каровски.

За реконструкција и изградба на студентските домови ќе бидат потрошени околу 50 милиони евра, од кои 10 милиони евра се грант. Парите се обезбедени со заем од Германската развојна банка, а грантот е преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија. Во план е темелно реновирање на деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и во Охрид. Реконструкцијата ќе се одвива во фази. Во првата фаза се реновираат домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје за што е склучен договор со компанијата „Штрабаг АГ“, која ги изведува градежните активности.

[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/nema-veke-brkane-glodari-i-insekti-nema-promaja-reche-janevska-za-rekonstruiranite-studentski-domovi-koi-ke-se-otvorat-na-1-oktomvri/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври






[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1401452972028961&set=pcb.1401453205362271 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 

Во „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ се обновуваат инсталации, греење, фасади и студентски соби. Дел од собите ќе имаат сопствени тоалети, а домовите ќе добијат и нови читални, менза и електронски пристап.

Резултатот? До 40% помалку потрошена енергија и подобри услови за живот и учење.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1482693043901662&set=a.635912398579735



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

До 2031 ќе имаме нови, современи и енергетски ефикасни студентски домови

Со европски средства студенските домови и ресурсни центри во земјава се обновуваат од темел. Преку проектот кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западен Балкан и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во моментов се врши темелна обнова на девет државни студентски домови, шест ресурсни центри за ученици со попреченост и еден ученички дом за средношколци во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Велес.

Повеќето од овие згради се изградени во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, а студентскиот дом во Битола потекнува уште од 18 век .

Принципот на реконструкцијата е холистички и не се сведува само на воведување енергетска ефикасност. Другите мерки, како обнова на санитарните инсталации и електричната опрема, мерките за безбедност или подобрувањето на заедничките простории за учење — ќе донесат нова, современа средина за живот и учење за повеќе од 5.000 студенти и ученици. Дополнително, таму каде што е соодветно ќе се применат и решенија за обновлива енергија. Еден од клучните елементи ќе биде и поттикнувањето промени во однесувањето на студентите, учениците и вработените кон поголема енергетска свесност.

„Најевтината и најчистата енергија е онаа, која никогаш не ја трошиме. Со повеќе од 21 милион евра грантови од Европската Унија преку REEP и WBIF, оваа инвестиција ги намалува емисиите и истовремено ја менува секојдневната реалност на илјадници студенти и ученици. Ова е Зелената агенда во својата најопиплива форма и дел од патот на Северна Македонија кон Европската Унија.“, вели Стефано Елеро, Шеф на Сектор за соработка, Делегација на Европската Унија во Северна Македонија.

Проектот се спроведува во три фази.

Фаза 1 опфаќа два дома: „Стив Наумов“ во Скопје, каде што наскоро се очекува завршување и предавање на објектот во употреба; „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, кој треба да биде завршен најдоцна до крајот на годината.

Фаза 2 ги опфаќа преостанатите седум домови, со тендери во завршна фаза, а наскоро се очекува да започнат реконструктивните активности и во „Никола Карев“ во Охрид.

Фаза 3 ги опфаќа ресурсните центри и ученичкиот дом, а проектирањето започна во април оваа година. Проектот се очекува да биде завршен во 2031 година.

Четири домови — во Охрид, Прилеп, Штип и домот „Томе Стефановски Сениќ“ во Скопје — ќе бидат обновени според уште повисок стандард, близу до нивото на згради со речиси нулта потрошувачка на енергија (NZEB), со стручна проектантска поддршка од германскиот Фраунхофер институт.

„Она што новинарите го видоа не е визуелизација, туку завршена зграда. Ова е темелна рехабилитација — сè се обновува, од конструкцијата до системите, кои трошат енергија — и токму затоа намалувањето на потребата за енергија е околу 56 отсто по дом, а не десет или петнаесет. Четири згради одат чекор понатаму, близу до NZEB стандардот, со проектантска поддршка од Фраунхофер институтот.“, вели Роберт Шарламанов од KfW Скопје.

По обновата, вкупната потреба за енергија по дом се намалува за просечно 56 проценти, а емисиите на CO₂ за 49 проценти. На ниво на целиот проект тоа значи заштеди од 7.700 MWh годишно и 3.400 тони CO₂ годишно, при што обновливите извори учествуваат со околу 12 проценти во потрошувачката на енергија.

„За KfW ова е долгорочна обврска — до 2031 година, низ три фази, финансирана преку комбинација на заеми, грантови и поддршка од Европската Унија. Токму грантот овозможува сериозна и темелна, а не козметичка обнова: без неа, работите би биле поплитки, а заштедите далеку помали. Она што се добива е инфраструктура што ќе троши помалку енергија многу години што доаѓаат.“, вели Оливер Јунгер, портфолио менаџер, Развојна банка KfW, Франкфурт.

Вкупниот расположлив буџет изнесува 85,56 милиони евра: заеми од KfW во износ од 60 милиони евра; грантови од Европската Унија во износ од 21 милион евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF); и 3,85 милиони евра од Министерството за образование и наука.

Реализација на проектот ќе трае до декември 2031 година. Се очекуваат и дополнителни финансиски средства, со што проектот во перспектива би надминал 100 милиони евра.

https://fokus.mk/do-2031ke-imame-novifg-sovremeni-i-energetski-efikasni-studentski-domovi/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Денеска присуствував на пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, современ објект во кој 1.150 студенти ќе ја градат својата иднина во услови достојни за европските стандарди.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1696376488510937&set=pcb.1696378738510712



   
Реагираше Skopje
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Студентите плаќаат речиси двојно повеќе за „Стив Наумов“, а веќе протекува вода и нема греење

Само три недели по отворањето на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“, студентите пријавуваат протекување вода, влага во ѕидовите и проблеми со греењето. Домот беше претставен како објект со современи европски стандарди, а за сместување во него беше најавена месечна партиципација од 6.600 денари, речиси двојно повисока од цената во студентските домови од втора категорија.

Според информациите објавени во јули, месечната партиципација за „Стив Наумов“ изнесува 6.600 денари, додека за домовите од втора категорија е 3.410 денари. Разликата од 3.190 денари, односно речиси 94 проценти, беше образложена со подобрените услови што студентите треба да ги добијат по реконструкцијата.

 

Но, според сведоштвата објавени од студентската иницијатива „Студентски отпор“, во дел од просториите веќе се појавиле проблеми со водоснабдувањето, греењето и влагата. Студентите пријавуваат и оштетени ролетни, како и недостатоци што, според нив, биле забележани веднаш по вселувањето.

Европски стандарди на отворањето, проблеми по вселувањето

Реконструираниот „Стив Наумов“ беше пуштен во употреба на крајот на септември, како дел од државната програма за подобрување на условите во студентските домови. При претставувањето на проектот беа најавени обновени соби, нови инсталации, подобрена енергетска ефикасност и современи услови за престој.

Реконструкцијата на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ е дел од инвестиција од околу 20 милиони евра, финансирана преку поширока програма за обновување на студентското сместување.

Сепак, поплаките што се појавија само неколку недели по отворањето отвораат прашања за квалитетот на изведените работи и за тоа дали сите системи во објектот функционираат како што било предвидено.

Засега нема независна стручна проценка за обемот на пријавените дефекти, ниту потврда дека проблемите се присутни во целиот дом.

Речиси 29.000 денари разлика за девет месеци

Разликата во цената на сместувањето е значајна за студентскиот буџет.

За девет месеци престој, партиципацијата од 6.600 денари би изнесувала 59.400 денари, додека по цена од 3.410 денари вкупниот трошок би бил 30.690 денари. Тоа е разлика од 28.710 денари за една академска година со девет месеци сместување.

Пресметката се однесува на објавените месечни износи и не ги зема предвид евентуалните субвенции или индивидуални олеснувања.

Повисоката цена подразбира и повисоки очекувања. Исправното греење, функционалното водоснабдување и просториите без влага се основни услови за студентско живеење, а не дополнителни погодности што би требало да ја оправдаат разликата во партиципацијата.

Кој ќе ги отстрани недостатоците?

Поплаките на студентите не значат дека целата реконструкција е неквалитетна, но отвораат прашања за контролата на изведените работи, гаранциите и роковите за отстранување на дефектите.

Особено е важно да се утврди дали проблемите се евидентирани при приемот на објектот, дали се опфатени со гаранцијата на изведувачот и кога студентите можат да очекуваат нивно решавање.

Инвестицијата во студентските домови треба да донесе трајно подобрување на условите за живеење. Меѓутоа, за студентите што веќе се вселени, резултатот од реконструкцијата се мери со секојдневното функционирање на објектот. Дали се собите топли, инсталацииет исправни и дали условите одговараат на најавените стандарди.

https://racin.mk/makedonija/studentite-plakaat-rechisi-dvojno-poveke-za-stiv-naumov-a-veke-protekuva-voda-i-nema-greene/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: