11.07.2022
ПО 50 ГОДИНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ГРАДИНКА, ПРВА ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ

Општина Центар денеска почна со градежни работи за изградба на градинка во населбата Пролет. Оваа градинка ќе биде првата која ќе се изгради во оваа скопска центарска населба и прва воопшто што почнува да се гради во Општината по повеќе од 50 години. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра.
„Изминатиов период посветено работевме за да го оствариме ова ветување пред граѓаните, прва градинка во населба Пролет. Со изградбата на оваа градинка, овозможуваме децата кои се на листите на чекање за прием во детските градинки во другите населби да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, им помагаме и на младите родители згрижувајќи ги нивните дечиња, но и создаваме услови за нови вработувања“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Маркичката за градинката е нацртана во времето за ексградоначалникот Саша Богдановиќ при измена на Деталниот урбанистички план за овој дел од Центар. Со претходниот план, донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, на местото беше вцртан објект со деловна намена.
Новата градинка ќе се простира на вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца, ќе има 9 занимални. Како што кажа Герасимовски, во градинката ќе има надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Исто така, ќе биде изграден и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето покрај едното скалишно јадро. Особено важно е што градинката ќе располага и со просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо зготвена и здрава храна.
Во моментов, во Општина Центар на листа за чекање за упис во градинка се 200 деца.
////////////////////////////////////////////////////////////////
Изградба на Детска Градинка “ПРОЛЕТ” – Општина Центар – изградена во 2022-2023 година.



















[ https://arsinvest.mk/portfolio/detska-gradinka-prolet/ ]
08/05/2025
Отворена градинка „Пролет“ во Општина Центар






Во населба Пролет во Општина Центар денеска беше отворен објект „Пролет“ на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ во кој во модерни услови се згрижени 173 деца. Објектот кој се градеше неполни три години се простира на 3200 квадратни метри.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето истакна дека „Пролет“ е најубава градинка во целиот регион, како што рече „најмодерна, најурбана и најевропска“.
За помалку од три години е изградена, целосно опремена и со сите потребни дозволи од Министерството за труд и социјална политика. „Пролет“ не е само објект, „Пролет“ е визија и вложување во иднината. Целосно опремен простор од 3200 метри квадратни за 173 дечиња, модерно, безбедно, топло. Се е направено одговорно, со внимание, според сите прописи. Целосно исплатена, без кредити. Изградена е за 900 евра по квадрат, под просечната цена. Горд сум на себе, на тимот и на сите што вложија труд, време и срце, истакна Герасимовски на отворањето на градинката.
Соопшти и за други инвестиции во општината – доградба во ОУ„Коле Неделковски”, инсталирање на системот Смарт-сити и поставени околу 5000 паметни светилки низ целата општина.
Како што рече, „во полн ек“ е и реконструкцијата на салата „Работнички” и рокот ќе биде испочитуван.
На отворањето присуствуваше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој за медиумите изјави дека е задоволство да се отвори објект кој ги задоволува вистинските потреби на граѓаните.
Децата ќе растат и ќе ги почнат првите чекори во образовниот процес во еден модерен објект по најсовремени светски стандарди. Ова покажува начин на работа кој се води од вистинска грижа за потребите на граѓаните … Со архитектонскиот дизајн праќаме и порака дека кога вистински се грижиме за Скопје, градот може и добро да изгледа – една дијаметрална спротивност од оној грд проект „Скопје 2014“ кој нема никаква функционалност, изјави Филипче.
[ https://gradska.mk/otvorena-gradinka-prolet-vo-opshtina-czentar/ ]