Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите помали објекти од културата за кои не се отворени посебни нишки.
РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ПРЕНАМЕНА НА СТОКОВНАКУЌА ВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН И КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
СО МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА НА ГРАД РАДОВИШ
18.12.2025





[ https://radovis.gov.mk/wp-content/uploads/2024/04/Prezentacija-RADA-za-WEB.pdf ]
ПРЕД УРИВАЊЕ Е ОХРИДСКОТО УЧИЛИШТЕ „СВEТИ САВА“ ОД 19. ВЕК ПРОГЛАСЕНО ЗА ЗНАЧАЈНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ОД „ОХРИД СОС“ БАРААТ ИТНА САНАЦИЈА

Некогашното училиште „Свети Сава“ во стариот дел на Охрид, изградено на крајот од 19. век, е во исклучително лоша состојба со рушење со распадната фасада и уништен кров, иако е прогласено за значајно културно наследство на Македонија.
Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бараат од ГП „Гранит“, во чија сопственост веќе подолго време е објектот, да преземат активности за да се спаси и сочува овој вреден објект кој е оставен на забот на времето.
„Делува малку иронично, најстарото и најголемо македонско претпријатие за изградба, кое располага и со стручен кадар и со технологија, кое изградило толку многу во републиката, регионот и странство, да не реагира соодветно за еден ваков објект во старото градско јадро на Охрид. Ги потсетивме дека она што им е отстапено од страна на Општина Охрид има своја историја и значење и дека титулата споменик на културата или културно добро од особена важност не е само формално доделена од институциите, туку таа претставува и обврска. Овој објект е дел и од културното наследство на Охридскиот Регион кое е на Листата светско наследство на УНЕСКО“, се вели во соопштението на Иницијативата.
Од „Охрид СОС“ побарале информации за нивните намери, дали имаат изготвено план за итна реконструкција и реставрација на објектот, со приоритет да се зачува изворниот изглед и специфики на објектот.
„Објектот забрзано деградира и постои опасност од обрушување доколку не се преземат итни мерки. Веќе се срушени делови од подот, а меѓукатната конструкција е уништена. Пропаѓа и фасадата, а веќе подолго време делови од објектот се покриени со бујна вегетација. Побаравме да ја покажат на дело нивната општествена одговорност и да го спасат и сочуваат овој уникатен и за Охрид значаен објект и за следните генерации. Градежното претпријатие има и законска обврска и одговорност, како имател на културно наследство во рамките на заштитеното подрачје, за одржувањето, чувањето, почитувањето и правилното користење на културното наследство во рамките на заштитеното подрачје“, се вели во дел од реакцијата од „Охрид СОС“.
Според нив, симптоматично е што со години и надлежните, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство, воопшто не реагирале за овој објект до новиот сопственик, имајќи ја предвид неговата историска важност.
Во членот 9 од Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење е наведено дека „Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид е одговорна за преземање заштитно-конзерваторски мерки во заштитеното подрачје во согласност со Законот за заштита на културното наследство“.
„Веќе е крајно време да го повикаат на одговорност имателот на културното наследство со оглед дека не го почитува законот и да иницираат итна заштита на објектот пред да биде доцна“, велат од Иницијативата.
Училиштето е е изградено во периодот од 1898 до 1899 година во неокласичен стил со барокни елементи во ренесансен манир. Зградата има приземје, кат и делумен подрум. Изведена е во масивна конструкција, најдолниот дел е од камен со изразени фуги, а приземјето и катот се од тули со дрвена меѓукатна конструкција. Покривната конструкција е дрвена, а покривот е четириводен, покриен со стари ќерамиди и дасчена оплата. Фасадата има строги геометриски облици со богата декорација. Прозорците имаат профилирани венци и триаголни тимпанони и фризови.
Последната санација на зградата е направена во 1980 година.
Денес свечено го отворивме реконструираниот Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто, во Општина Гази Баба, заедно со претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, г.Бобан Стефковски.
Инвестиција: 87.514.771 денари
Целосна реконструкција, адаптација и енергетска ефикасност
Модерен и функционален објект на три нивоа
Капацитет од околу 180 посетители
Современи услови за културни настани и активности



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=955277687013242&set=pcb.955278780346466 ]
Со особена гордост го одбележуваме успешното завршување на проектот – реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто. За само една година, овој 40 години запуштен објект доби целосно нов лик и значење, претворајќи се во современ центар на културата и заедницата на општина Гази Бaба.
Овој проект има посебна вредност за нашата компанија, бидејќи за првпат настапивме како главен изведувач, реализирајќи ги сите фази од градежни работи до финална функционалност.
Со високо ниво на посветеност, прецизна координација и професионален пристап, изградивме модерен, енергетски ефикасен објект по европски стандарди на три нивоа, подготвен да ги поддржи талентот, уметноста и културниот развој.
Овој успех претставува значаен чекор во растот на нашата компанија и јасна потврда за нашата способност да реализираме комплексни и комплетни проекти.
Во продолжение, погледнете ја трансформацијата „пред и потоа“.










[ https://www.facebook.com/iteksystems ]
ПОПУШТИ ТАВАНОТ ОД ГОЛЕМАТА САЛА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛА, ОТКАЖАНИ СЕ СИТЕ НАСТАНИ

Попушти плафонот од таванот од Големата сала во Центарот за култура во Битола. Оштетувањата беа забележани навреме и отстранети без да паднат врз столчињата за публика и да предизвикаат просериозни проблеми.
Сашо Илковски, кој е директор на Центарот осум месеци, вели дека плафонките биле зашрафени со шајчиња од 40 милиметри за внатрешната дрвена конструкција.
„Се пристапи кон отстранување на десетина иверици од внатрешноста. Од вчера веќе почнавме да истражуваме кои компании ќе можат да го санираат. Денес или утре ќе почне санацијата“, рече Илковски.
Од колегите дознал дека и во изминатите години во два наврата имало ваков проблем на други места од плафонот и биле санирани.
Сега од безбедносни причини ќе биде зашрафен и останатиот дел од плафонот. На покривот од објектот нема прокапувања.
Во меѓувреме, одложени се сите настани во Центарот за култура.
Илковски вели дека од неговото доаѓање на функцијата директор заедно со директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски, ја поправиле хидрантската мрежа која не работела 7-8 години.
„Во Центaрот за култура проработе и металната завеса, ја исчистивме поранешната кафеана за свадби која сега е предвидена како простор за Фестивалот на монодрама што започнува од 23 април. Таа ќе биде нова сцена за креативни содржини. По забелешка на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување се пристапи кон изработка на елаборати за нисконапонската и громобранската мрежа“ рече Илковски.
Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
Во источниот дел на државата, во околината на Пробиштип, се развива иницијатива која има потенцијал да го стави регионот на светската мапа на природно наследство. Станува збор за идејата за формирање на геопарк „Лесново“ проект кој ги обединува природните, геолошките и културните богатства на овој простор. Овој регион е познат по своето вулканско потекло. Впечатливите карпести формации, пештери и остатоци од древни вулкански активности сведочат за богатата геолошка историја, што го прави исклучително атрактивен за научници, туристи и љубители на природата. Во рамки на иницијативата, се работи на валоризација и заштита на локалитетите, со цел подрачјето да стане дел од мрежата на геопаркови под покровителство на УНЕСКО.
Се надевам дека ќе наидеме на поддршка од општините од Источниот плански регион, Бирото за рамномерен регионален развој, локалната самоуправа, па и Владата, бидејќи ова е едно специфично вулканско подрачје кое ќе претставува место каде што ќе можат сите заинтересирани посетители за овој тип на туризам, да видат како изгледа еден кратер и кои се убавините на овој лесновски регион, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.
Доколку оваа цел се реализира, тоа би бил првиот геопарк од ваков вид во земјава. Манастирот во Лесново, природните пештери и уникатните пејзажи нудат можност за развој на туризмот и локалната економија.
Тука се вулканските „бомби“, пештерите во самиот лесновски кратер во близина на манастирот. Има многу содржини од геолошки аспект кои сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да ги видат, а ние како регион ќе се гордееме со тоа, додаде Тоневски
Очекувањата се дека со понатамошна поддршка и инвестиции, овој дел од земјата ќе прерасне во значајна туристичка и едукативна дестинација, која ќе го афирмира природното наследство на Македонија и надвор од нејзините граници.
[ https://sitel.com.mk/inicijativa-za-geopark-lesnovo-pod-pokrovitelstvo-na-unesko ]
ЦЕЛА ГОДИНА НЕ РАБОТИ КИНОТО МИЛЕНИУМ, ГРАД СКОПЈЕ ПРОЦЕНУВА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

Киното Милениум во Скопје не работи цела година, а од Град Скопје велат дека се очекува во наредните неколку месеци киното да биде повторно ставено во функција.
Киното во скопскиот Градски трговски центар (ГТЦ) е затворено и во мрак од лани на 2 април, кога на на својата фејсбук страна објави дека поради технички причини нема да прикажува проекции во следниот период. Во Скопје кинопроекции има само во кината Синеплекс и Киноверзум, како и во Кинотеката на Македонија.
Директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ) Арбен Бени Шаќири не одговори на нашите прашања испратени на 23 февруари кога ќе биде отворено киното, па одговор побаравме од Град Скопје.
„Град Скопје презема конкретни активности за повторно ставање во функција на градското кино Милениум. Во моментов се врши проценка на постојната состојба со цел да се утврдат приоритетите за понатамошна реконструкција. Очигледно е дека негрижата од изминатите години довела до потреба од неопходни градежни интервенции, како санација на кровот, реконструкција на внатрешноста и набавка на нова аудиовизуелна киноопрема. Се очекува во наредните неколку месеци киното да биде повторно ставено во функција, по што скопјани повторно ќе можат да го користат“, ни рекоа од Град Скопје.
Шаќири лани во јуни ни рече дека за проблемот се известени сите релевантни инстанци, од Управен одбор до Надзорен одбор како и Управата на ГТЦ.
„Јас, како раководно лице не сакам да дозволам никој да настрада во киното за каков било настан и да се работи, и настојувам да се интервенира на поправка на кровот како би можеле да продолжиме со нормално функционирање на киното! Искрено се надевам дека проблемот ќе биде надминат час поскоро“, изјави Шаќири лани за САКАМДАКАЖАМ.МК.
СТОПАНСКАТА КОМОРА МАТТО ЌЕ КУПИ ПРОЕКТОР ЗА СКОПСКОТО КИНО МИЛЕНИУМ И ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СЕПТЕМВРИ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) ќе обезбеди проектор за киното Милениум во Скопје и се надевам дека до септември ќе биде ставена во функција, кажа денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Киното во скопскиот Градски трговски центар (ГТЦ) е затворено и во мрак од 2 април 2025, кога на својата фејсбук страна објави дека поради технички причини нема да прикажува проекции во следниот период. Во Скопје кинопроекции има само во кината Синеплекс и Киноверзум, како и во Кинотеката на Македонија.
Дигиталниот ДЦП проектор беше купен во 2012, а престана да работи уште во 2023.
„Морам да истакнам дека општествено одговорни компании сериозно ни помагаат изминатиов период. Преку МАТТО исто ни се обезбедува проектор за градското кино. Јас бев во минатото четири години градоначалник на Oпштина Кисела Вода во којашто две кина оставив зад себе. Таму отворивме кино и во урбаниот дел во Кисела Вода, но и во Драчево, и логично е за еден голем град како нашиот град, каде што младите треба да ги насочиме повеќе кон културата, да им овозможиме пристап, евтини карти, евтини услуги, но да имаат свое градско кино. Се надевам дека до септември ќе биде ставено во функција. И тоа мислам дека е добар рок ако земеме предвид дека со години наназад не функционираше. Знаете дека таму и дрва имаше никнато зад сцената и имаше девијантни појави со години наназад, но еве полека ги решаваме“, рече Ѓорѓиевски на настан за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.
Од Град Скопје минатата недела ни рекоа дека се преземаат конкретни активности за повторно ставање во функција и дека во моментов се врши проценка на постојната состојба со цел да се утврдат приоритетите за понатамошна реконструкција.
Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието.
https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/?locale=mk_MK


МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА ЌЕ СЕ ЗАШТИТАТ СО ПОКРИВИ, ИЗДВОЕНИ 11.000 ЕВРА ЗА 2026

Околу 700.000 денари (над 11.000 евра) обезбеди Министерството за култура и туризам во 2026 година за заштита на мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја кај Битола. Средствата ќе бидат наменети за препокривање со кровна конструкција на мозаиците заради поголема заштита од атмосферските влијанија.
„Радува фактот што во последните неколку години посетеноста на Херкалеја се движи од 22.000 до 25.000 посетители годишно. И ние сме со тенденција оваа бројка се повеќе да расте. Затоа во иднина ќе продолжиме со инвестиции особено во заштита и презентација на мозаиците“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Битола на 22 јуни.