Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Тинекс маркети
 
Известувања
Исчистете ги сите

Тинекс маркети

12 Написи
2 Корисници
10 Реакции
462 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#841]

Се во врска со Тинекс Маркетите,нивно реновирање,проширување низ други градови и слично може да биде постирано во нишката.



   
Цитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Sto se slucuva so Tinex marketi? Vo posledno vreme Tinex gi zatvori svoite marketi vo Veles, Stip, Struga, Kumanovo ( vo kumanovo go rebrendiraa vo konto ) i Kocani. ( ostanaa samo vo 5-6 grada ) I kaj nas vo Kavadarci vo poslednite nekolku meseci Tinex market e mnogu slab so roba, od najsnabden market stana najotepan.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Odamna se ocekuvase ova scenario so Tinex

https://www.facebook.com/share/18iKtBvUEh/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Spored podatocite od centralen registar, Tinex vo izminatata godina rabotel so zaguba od 3,5 milioni evra

https://www.companywall.com.mk/kompanija/%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%81-%D0%BC%D1%82-%D0%B4%D0%BE%D0%BE%D0%B5%D0%BB-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/MMAn230Y



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Posle nekolku zatvoranja na Tinex marketi vo povekje gradovi, konecno da otvorat i nov market. Se najavuva Super Tinex vo Mega shopping vo Gevgelija. Aj pa moze i ke se upravat hah



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Retro Kavadarci
Tinex market pred tocno 20 godini
Prviot golem ( 500m2 ) i moderen market vo Kavadarci




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

( facebook-zoran bozinovski )

Delovniot objekt na Tineks vo Kavadarci go kupi kompanijata Kozufcanka, koja e vo sopstvenost na gradonacalnikot na Kavadarci, Mitko Jancev.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

 

ТИНЕКС Е ПРОДАДЕН НА ИНТЕРЕКС МАРКЕТИ ОД КОСОВО!

 

Сопственикот на ТИНЕКС МАРКЕТИ, Владимир Тодоровиќ, има непријатна задача, во текот на утрешниот ден да им соопшти на вработените дека ШАИП МИКУЛОВЦИ од Вучитрн (Косово), заедно со неговото семејство сопственик на неколку големи компании и на ИНТЕРЕКС мега маркети е нов сопственик на неговата компанија...

 

Неговата ќерка КРИСТИНА, без негово знаење и без знаење на сопругот, последните неколку денови престојувала во хотелот/казино ЛУКСОР на граничниот премин Блаце, од македонска страна и преговарала со ШАИП МИКУЛОВЦИ да ги купи ТИНЕКС МАРКЕТИТЕ во Македонија, за 90 милиони евра. Во тој ,,пакет,, договориле МИКУЛОВЦИ да ги отплати и нејзините коцкарски долгови во казиното, броени во милиони евра.

 

Татко и ВЛАДИМИР и сопругот биле известени од неа дека престојува во ЛУКСОР казиното/хотел дознале каков договор постигнала, дури откако се било завршено. Цела претходна недела се случувала драма во семејството ТОДОРОВИЌ откако татко и и сопругот дознале за нејзините намери, па ја молеле да се вклучат тие во преговорите, ама не знаеле каде е КРИСТИНА! Им се криела, а за тоа време со ШАИП МИКУЛОВЦИ преговарала и договорила продажба на ТИНЕКС МАРКЕТИ...

 

На крај, ставен пред свршен чин, ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ морал да се согласи оваа зделка да се случи, а успеал да спаси да му остане во сопственот трговско деловниот комплекс ЗЕБРА каде има свои канцеларии и каде една фалсификатна ложа на масони има свое седиште, а успеал да се избори и да му остане ТЦ ЛИСА во Аеродром...

 

Од мое лично име им честитам на ТОДОРОВИЌИ за успешната зделка, на вработените им посакувам да си ги задржат работните места и да добиваат редовна плата...

( prevzemeno od zoran bozinovski - facebook )

 



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Kako sto gledam, ovoj noviot sopstvenik na Tinex, gi ima najdobrosnabdenite i najmodernite  marketi vo Kosovo

 

https://youtu.be/4i-2ZEZv7UA?si=3GRJlX3gsp-C9r1E



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 
 
 
 

Македонскиот синџир супермаркети влегува во фаза на сериозно деловно преструктурирање. Според неофицијални информации од извори во FMCG секторот за „InStore“, оперативниот бизнис со продажбата се префрла на новопретпријатие во кое партнер ќе биде косовската групација Interex, додека матичниот „Тинекс“ ќе ги задржи објектите и ќе наплаќа закупнина.

Еден од најпознатите и најдолговечните домашни синџири на супермаркети, „Тинекс“, се подготвува за крупна прераспределба на својот бизнис модел. Според извори од индустријата за специјализираниот магазин „InStore“, компанијата планира да ја одвои сопственоста над недвижниот имот од самата трговска дејност.

Според овие информации, продажната мрежа и малопродажните операции во иднина ќе се водат преку новоформиран правнен субјект — „Тинекс маркети“. Во оваа нова фирма, матичната компанија „Тинекс“ ќе задржи удел од 40 проценти, додека останатиот мнозински дел ќе биде во сопственост на косовската малопродажна групација Interex (Proex Sh.p.k.), која веќе управува со разгранета мрежа на маркет-формати во регионот.

Според утврдениот модел, матичната компанија „Тинекс“ ќе ги задржи сите недвижности и објекти во кои со децении оперираат нејзините супермаркети. Новата фирма „Тинекс маркети“ ќе стопанисува со оперативното работење и продажбата на рафтовите, за што ќе ѝ плаќа редовна кирија на матичната компанија за користењето на локалите и просторот.

Финансискиот притисок го диктира темпото: Што покажуваат бројките на „InStore“?

Овој стратегиски потег за раздвојување на имотот од оперативниот бизнис доаѓа по период на значајни финансиски предизвици за „Тинекс“, што јасно го потврдуваат и најновите податоци од Мапата на FMCG индустријата (InStore анализа за малопродажбата за 2025 година, врз основа на податоци од biznismreza.mk).

Во 2025 година, „Тинекс“ остварил вкупен приход од 5.310.581.443 денари (околу 86,3 милиони евра), што претставува пад од -16,47% во споредба со 2024 година кога приходите изнесувале 6.357.384.128 денари.

Приходите остварени исклучиво од продажба на производи се намалиле за -16,52% (од 5,95 милијарди денари во 2024 година на 4,97 милијарди денари во 2025 година).

Најзагрижувачкиот показател во анализираниот извештај е финансискиот резултат. По позитивниот профит од 54 милиони денари во 2024 година, „Тинекс“ во 2025 година завршил со нето-загуба од дури -217.056.531 денари (околу -3,5 милиони евра), односно пад од -501,4%.

Маржата на профит (ROS) за 2025 година изнесува негативни -4,09%, принос на сопствен капитал (ROE) е -17%, а приносот на вкупен капитал (ROA) е -5%.

Со 995 вработени и 32 продажни објекти, компанијата бележи негативна добивка по вработен од -218.147 денари и просечна загуба по продавница од над 6,7 милиони денари.

Кој е Interex од Косово?

Косовскиот партнер Interex (кој оперира под правниот субјект Proex Sh.p.k.) е еден од водечките синџири на супермаркети на косовскиот пазар. Со децении изградена мрежа од десетици хипермаркети и супермаркети ширум Косово, Interex важи за моќен FMCG играч во регионот со силна логистика, конкурентни набавни синџири и значителен капитал за експанзија.

  • Влезот на Interex преку 60-процентниот удел во новата фирма „Тинекс маркети“ се очекува да донесе свеж капитал, подобрување на комерцијалните услови со добавувачите, оптимизација на оперативните трошоци и подобро позиционирање на цените на
  •  
  • рафтовите.

(Instore.mk )



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Комисија за заштита на конкуренција: Проекс Интернационал од Косово ги купува маркетите на „Тинекс“, српски „Јасмин“ ги презема продавниците „Космо“

Пред четири дена до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекнe контрола врз „Тинекс Маркет“. Од КЗК ја известуваат јавноста дека е договорено и колку да изнесува трансакцијата, односно купувањето на извесниот удел. Истовремено КЗК извести дека српскиот синџир за веледрогерија, односно продажба на козметички производи, Јасмин, има намера да преземе најмалку четири продажни места под името Космо, исто така во сопственост на „Тинекс“

Под оваа косовска групација е синџирот на маркети „Интерекс“ како бренд кој што во иднина треба партнерски да управува со маркетите на „Тинекс“, како што претходно објави „Фактор“. За оваа цел матичната компанија „Тинекс-МТ“ основаше посебна фирма-ќерка „Тинекс Маркет“ кај која ги префрли своите продажни места.

„Врз основа на Писмо за намери и рамка за Трансакцијата од 02.07.2026 година склучено помеѓу Друштвото за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експортимпорт Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр. 16-1/мансарда 1, Скопје како Продавач и Проекс Интернационал како Купувач, се согласиле за главните комерцијални услови и структурата на предвидената Трансакција поврзана со стекнување од страна на Купувачот на малопродажниот бизнис на супермаркети што моментално го управува ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во Република Северна Македонија, меѓу другото, под називите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“ („Бизнис“). 

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје по потпишувањето на Писмото за намери и рамка на Трансакцијата, на 14.07.2026 година го регистрирал ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје кој е наменет да служи како средство за стекнување и работење на Бизнисот. На ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје ќе му се стави на располагање Бизнисот или релевантните делови од Бизнисот во согласност со главните услови договорени во Писмото и како што ќе бидат дополнително регулирани во Преддоговорот за купопродажба на удел и дефинитивната документација за Трансакцијата. Главна дејност на Проекс Интернационал Л.Л.Ц.е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутунски производи. Проекс Интернационал Л.Л.Ц. и Групата на која припаѓа Проекс Интернационал Л.Л.Ц. немаат поврзани субјекти регистрирани во Република Северна Македонија, ниту оствариле било каков приход на пазарот во Република Северна Македонија во 2025 година“, објави КЗК.

Српскиот веледрогериски синџир за козметика Јасмин истовремено има намера да преземе најмалку четири продажни места под името Космо, исто така во сопственост на „Тинекс“. Листата на брендови што ги нудат Космо делумно се совпаѓа со асортиманот на Јасмин.

„Тинекс-МТ“ преку своите подружници Космо Тинекс Дрогсторс, работи под трговската марка Космо. Се занимава со малопродажба на парфимерии и козметички производи, производи за лична и домашна хигиена. Мaкедонската компанија Јасмин Парфимерија всушност прво ќе преземе дел од Тинекс-МТ, односно оној под кој се наоѓаат парфимериите Космо.

„ЈАCМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје ќе стекне единствена контрола врз функционално определен дел од претпријатието на ТИНЕКС-МТ, односно ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје ќе го преземе работењето на четири деловни единици – КОСМО Тинекс Дрогерии, кои како подружници работат под трговскиот знак „Cosmo" (“Целен бизнис”), заедно со залихите на готови производи, опремата и мебелот што се наоѓаат во нив, а преземените продавници ќе продолжат да работат под нов, различен бренд. Учесниците во концентрацијата предвидуваат, најпрво да се спроведе преземањето на работењето на четирите деловни единици – продавници од страна на ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје, а потоа целокупниот удел во ЈАСМИН ПАРФИМЕРИЈА ДООЕЛ Скопје од Матосс Гроуп ДОО Скопје да се пренесе на ЈАСМИН ДОО Белград“, информира Комисијата за заштита на конкуренцијата
 


   
ОдговорЦитат
Сподели: